Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вистината за виртуелните врски

 

Бидејќи не сме врзани со никакви физички ограничувања, нас ни е дозволено да си фантазираме колку што си сакаме, да му припишеме најдобри квалитети на нашите виртуелни значајни пријатели, и да да издигнеме нашата врска со нив „до облаци", така да се каже. Ние се убедуваме себеси во тоа колку е посебна оваа врска, и дека таа е можност да се доживее убава, совршена љубов. Но, за жал, сето тоа е илузија.

Преку интернет, физичките карактеристики на личноста се скриени, а неговите внатрешни аспекти се нагласени. Човек може себеси да се претстави на било кој начин што ќе посака, но проблемот е што го губиме контактот со реалноста со тоа што сме незабележливо задлабочени во играта. Забораваме дека немаме работа со реална личност, туку со нашата сопствена фантазија. Кога ќе видиме некого во реалниот живот, во живо, тогаш можеме да кажеме дали тие ги имаат конкретните карактеристики или не, и можеме да видиме дали тие карактеристики се вистинити. Како и да е, на интернет ние гледаме само (внимателно одбрана) слика и читаме неколку реченици кои не наликуваат на лаги – и започнуваме со замислување на нешта кои се сосема нереални. Во моментот кога ќе ги сретнеме нашите виртуелни партнери во живо, оваа слатка лага на фантазијата се распрснува.

Кабалистички текстови што содржат единствен квалитет што обезбедува успешно партнерство
Сакате да ја зајакнете вашата врска? Читајте ги кабалистичките текстови заедно!

Постојат посебни кабалистички текстови кои зборуваат за партнерството и заедништвото. Кога парот ги чита нив заедно, ова многу ја зајакнува нивната духовна врска, носи мир и хармонија во нивниот дом. Кога сопругот и сопругата минуваат 15 минути дневно во читање на кабалистички текстови заедно, ова носи единствен квалитет во нивната врска што има моќ да ги разреши сите проблеми што ги имаат меѓу себе. Тоа е затоа што овие текстови содржат голема моќ.

Уште повеќе, единствената личност на која што можеш да и ги откриеш своите чувства – е твојот сопружник. Забрането е (невозможно е) да му зборуваш на било кого за своите најдлабоки чувства и за своите внатрешни искуства на духовниот пат – со исклучок на твојот сопружник. Со споделување на нивните чувства, сопружниците се надополнуваат еден со друг, и заедно тие напредуваат во духовноста.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica