Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Катанец и клуч“

25.04.2010

Добар ден, драги пријатели! Ние сме со вас на редовниот виртуелен час, јас и мојот пријател и помошник Саша Козлов. Тој ќе ги прима вашите прашања, јас веќе гледам дека кај него има некои прашања, но ние со вас во почеток ќе ја започнеме денешната статија од Книгата Зохар, таа се нарекува "Катанец и клуч". Т.40 во книгата Зохар, стр.351 по оваа Книга Зохар, 351-ва страница, статија "Катанец и клуч". Освен тоа, во почеток, да не заборавам, јас сакам уште еднаш да ви напоменам за нашиот редовен и многу важен конгрес, кој ќе се одржи од 7 до 9 мај, во предградието на Њујорк, и се поканети сите кои сакаат да дојдат, од сите делови на светот.Повелете, допатувајте, дојдете таму и ние таму со вас ќе се сретнеме. Ќе имаме на располагање цели 3 дена, со многу опширна програма.Освен тоа местото е многу пријатно, во Кастиљските планини, под Њујорк, многу добро место, пријатно, рурално, огромни ливади, планини, езера. И освен тоа, незаборавни впечатоци за самиот програм.Обично се спрема многу интересна програма, меѓу нашите пријатели има музичари, пејачи.Кратко речено, јас патувам таму со чувство дека многу интересно ќе го поминам времето. И се надевам да го поминам заедно со вас. А освен тоа, кај нас во тоа време, по целиот свет ќе се спроведуваат локални регионални конгреси, и ние ќе бидеме заедно со вас на нашата виртуелна врска.Така што во секој случај ние ќе бидеме заедно. Кој може, – е поканет!

Статија "Катанец и клуч". Статијата е многу, јас би рекол, лукава. Зошто?Работата е во тоа , што Создателот не' создаде нас во спротивна на Него желба за примање, а самиот Тој се наоѓа во желба за давање. И го направил тоа затоа , ние да остануваме во желбата за примање, да бидеме спротивни на Него, т.е. ќе продолжевме да постоиме, и со таа желба ние ништо не би можеле да направиме. Тоа цело време се наоѓа во нас, се манифестира во нас во се поголеми и поголеми димензии, и бара се поголемо и поголемо свое наполнување, реализација. И колку повеќе оваа желба се манифестира во човекот, се до бесконечна мера, еднаква на таа светлина, која го олицетворува Создателот. Значи, колку таа желба во нас е поголема, се смета човекот поголем. Според мерилото, т.е. ако оваа желба е со намера поради себе,- тогаш таа е негативна, спротивна на Создателот, но голема, тогаш е човекот голем, зол, егоистичен. Ако желбата, пак е со намера поради давање,- тогаш е човекот позитивен, сличен на Создателот, алтруистичен. Т.е. желбата останува постојана, се менува само нејзината примена – поради себе, или поради тие што не опкружуваат или поради Создателот, поради другите. Во што се состои таа промена, која ние со вас мораме да ја извршиме, т.е. да откриеме во себе полна егоистичка желба, која е целосна насочена поради себе,да се одреди незјиното зло? Т.е. ако јас се наоѓам во неа и цело време се грижам само за себе, внатре во себе, во тој случај јас сум ограничен во чувствувањата со рамки внатре во таа желба. Јас сум создаден во неа почетно, и сметам дека таа е моја, но навистина тоа е само грешка моја – јас само не сфаќам дека постои нешто друго. И не разбирам поради својата нецелосност, минливост, едноставно дека јас се наоѓам во одредена состојба, која од почеток погрешно ја сметам за своја, лична, а во реалноста постои уште друга можност да се чувстуваш себеси – надвор од себе.Кога ти не си ограничен, кога си ослободен од својот егоизам, кога ти не си обврзан никако да го наполнуваш. И тогаш ти чувствуваш вечно, совршено постоење, не ограничени со овие најмали 10 сфироти, првите, кои постојат во нашиот духовен парцуф, ова е исто духовен парцуф, које се нарекува "нашиот свет". Т.е. во принцип, каде ние се наоѓаме? Ние секогаш се наоѓаме во 10-те сфироти, никогаш не постои ништо освен тоа.

Од почеток ние знаеме, дека Создателот ја создал светлината, не' создал нас, по 4-те фази на директната светлина и оваа структура , ова корен, Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут.Оваа структура е задолжителна, и од неа нема каде да бегаме. Таа претставува матична клетка, постојана, која не може да се промени. И во нашиот свет ние се наоѓаме во овие 10, или 5, ние ги разложуваме на 10 сфироти. И сега, само овие 10 сфироти, кои во нас сега се откриваат, тие се насочени во себе, т.е. јас сакам да се насладам во себе. И во таков случај мојата желба се заклучува внатре во себе, и таа е ограничена лично само од мене, само со тоа како јас ја наполнувам, што јас во неа чувствувам. Овие 10 сфироти, откако ќе се потрошат себеси, обично тоа чувство ние го нарекуваме 70 години живот.После тоа парцуфот што се нарекува миздахех, неговата структура исчезнува, ние како да ја реализираме во егоистичка форма, и започнува следната структура. И неа ние ја реализираме во егоистичка форма, и следната структура.И така ние преоѓаме од структура кон структура, и само на ова наше ниво. Ние не се искачуваме нагоре. Ние се наполнуваме себеси, потоа исчезнуваме.Т.е.телото наше умира, се наполнува следниот пат, повторно умира и т.н. И така ние со вас постоиме на нивото на нашиот свет, ништо во тоа не се случува ново, и ние навистина не се чувствуваме себеси вечно постоечки, преминувачки од фаза во фаза. Нам ни раскажуваат за тоа, дека постојат циклуси на душите, но во реалноста тие за нас се апсолутно нечувствителни. А да се искачиме горе, на следното ниво, ние можеме тогаш, кога ќе излеземе од себеси. Т.е. кога ние ќе почнеме да работиме не примајки во себе, туку пропуштајки низ себеси. Т.е. светлината ќе поминува преку нас и кај другите. Тогаш јас ќе чувствувам насладување и во другите, надвор од мене. Работејки сам со себе, т.е. јас небаре ќе бидам извор за наполнување на другите, а во тоа време јас ќе го чувствувам овој, надвор од себе бесконечен, безграничен свет. Самиот јас ќе останам истиот како и сега, во моите мали 10 сфироти, но јас останувам таков за да го наполнувам целиот бесконечен свет, затоа на крај станувам ист како него, бесконечен, и ја пропуштам низ себе целата оваа светлина. Во таков случај ние почнуваме да се приклучуваме кон овој виш свет, од нас, кон сето што се наоѓа надвор од нас, постепено, по 125 скалила. Т.е. јас се проширувам постојано себеси, по 5 делови, наречени светови, парцуфим, сфироти, проширувајки ја постојано областа во која јас давам, во суштина - ја присоединувам кон себеси. И на таков начин јас растам. Во таков случај, ако јас постојано растам, и надвор од себе, тогаш мојата желба не се наоѓа веќе на нивото на апсорпција, и затоа од моја страна не се чувствува како умирачка, туку се чувствува од мене како надворешното – т.е.вечно постоечка. И затоа, независно од тоа,дали се наоѓам ли јас во тие 10 сфироти или не се наоѓам во нив – јас веќе го чувствувам вечното постоење.

Нашата статија "Катанец и клуч", ние ќе се обидеме да сфaтиме, на каков начин таа ја открива оваа можност на секое скалило да се добие многу повисока состојба. Како да се излезе од себе, како да се додаде на себеси особината на Создателот? Неговиот лик да се привлече малку кон себе, да се облече врз себе, уште поподобен Нему, уште поширок, уште повеќе да се излезе од себеси. На каков начин тоа се прави. Ние со вас го изучуваме тоа во системот на градбата на световите, кога светлината од светот на Бесконечноста поминал преку светот А''К, под овој свет тој влезе во систем преку ограничувања, значи од светот на Бесконечноста ( свет на Бесконечноста), потоа беше Ц''А – прво скратување.Од ова прво скратување, (тука имаме Пе, граница, каде почнува Пе на парцуфот на Галгалта, а потоа имаме Табур). После Табур се случува појавување на светот Ацилут. И во овој свет се поставува основата на состојбата на Создателот. Ние тоа со вас во нашиот свет не го чувствуваме, но тоа се случува со нас исто така. Затоа што во нашиот свет ние со вас се развиваме, т.е. кога ние се развиваме како мали деца, ние се развиваме во добивање на тоа што во нас го нема. До некоја младешка возраст, ние цело време се развиваме во состојбата на незнаење, несфаќање, со широко отворени очи, ние го воспримаме светот така како што тој постои, само ние се трудиме да го воспримаме. А како е тој? Да го апсорбираме во себе. Изучувајки, неразбирајки – како детето, не разбирајки ги кажува зборовите, учејки се од нас автоматски, се' повторува, и притоа добива се понови и понови скалила, навики. А кога веќе станува возрасен, тогаш почнува веќе да собира во себе наполнувања и знаења, и притоа тој престанува да се развива. Тој едноставно го поминува процесот на наполнување на тие внатрешни обеми, особини, клетки на меморијата, кои ги развил во детска возраст. Така и ние со вас во духовниот развиток одиме напред, апсолутно незнаејки ја следната своја состојба. И токму затоа ние се развиваме. А после развитокот секој пат добиваме наполнување. И повторно имаме развивање на следното скалило не разбирајки како и зошто, ништо за него незнаејки. Го добиваме тоа следно скалило, како детето во нашиот свет, ете така , преку опкружувањето, преку кожата, наеднаш.И потоа почнуваме да го наполнуваме, да го разбираме и т.н. И така постепено ние се искачуваме со развивањето на чувстувањето, кли, и потоа со неговото наполнување. И повторно со развивањето на клито, и наполнувањето. Или ние можеме да го изразиме тоа во вид на падови или подеми, или можеме тоа го изразиме во состојбата кога одиме со верба, а потоа со знаењето, вербата, потоа знаењето...и т.н.

Значи, ова наше искачување е засновано на механизмот, кој во светот Ацилут однапред е проектиран во паруфот, кој се нарекува А'А – долго лице, долга направа. Лице се нарекува светлината Хохма – светлината на Мудроста, кога таа се разложува на многу свои различни меѓускалила.Таму има многу секакви сложени системи, тие се изучуваат многу заплеткано, многу сложено. Години се потребни навистина за да се започне малку да се сфаќа како работи тој систем. Кога велам години, мислам на некаде 15-20, и сепак има многу неразбирливо, прашањата остануваат без одговори.Одговорите ако точно во книгата ги нема, не се напишани, ако ти не си ги постигнал, тогаш никогаш нема точно да го дознаеш одговорот.Затоа што во духовното тоа е секогаш непредвидливо, во секој случај не по нашите претходни овоземни сфаќања. Така што ние ќе го нацртаме овој парцуф А'А, и едноставно ќе го прикажеме во него најглавното. Овој парцуф А'А се состои од Кетер, Хохма, неговата Бина излегува надвор, под неговото Пе. И понатака кај него има З'А и Малхут, како и обично. Ова разделување, кога Бина излегува надвор, тоа ги обврзува сите нижи парцуфим, кои се искачуваат од нашиот свет, да се поделат себе си исто така на Кетер Хохма, Бина посебно, З'А и Малхут. И да делуваат, да се изградуваат себеси токму на таков начин. Зошто? За да , искачувајки се, и добивајки нови особини, човекот би можел да открие во него, во тие нови особини, во својот нов облик, апсолутно поинаква конструкција, која во него не се наоѓа првично. Која ќе го претставува Создателот во него,тоа што од почеток во нас го нема. Т.е. да ни даде можност не само едноставно да пораснеме големи и умни, не само да пораснеме во особината на примање или особината на давање, туку да ни даде можност да се здобиеме со нова природа. Токму тоа е тоа што ние на секое духовно скалило добиваме можност. Ајде да започнеме со читањето, попат можеби ќе најдеме со вас уште некои зборови сето ова да го потврдиме. "Катанец и клуч", т.41: "Раби Хија и раби Јосеф оделе по патот.."Оделе по патот значи се искачувале по духовното скалило, "кога се доближија до едно поле..." Поле се нарекува одредена желба која се пројавува пред човекот, тој се искачува од нашиот свет во различни површини, и дојдоа тие до една одредена површина, качувајки се до одредено скалило, "само што се доближиле до него, му рекол раби Хија на раби Јосеф: "Кога се вели БАРА ШИТ, создал шест,..." тоа е првиот збор во Тора БЕРЕШИТ – во почеток, " се мисли сигурно на БЕРЕШИТ, затоа што шесте виши денови светат, т.е. З'А, а останатите, т.е. га''р де Бина се скриени". Односно, кога тие се приближија до ова поле, тогаш тој открил, вели БАРА ШИТ, тоа е шест, создал шест особини. И не повеќе од тоа. И ете тие ги откриле овие 6 особини. А сите останати особини се скриени погоре. Зошто тоа е така направено? Зошто се тие скриени? Затоа што е скриена оваа Бина. Т.е. З'А се состои од 6 особини, Малхут е душата, на нашите двајца пријатели праведници, кои ни раскажуваат за тоа што тие го постигнаа, раби Јосеф и раби Хија се од учениците на раби Шимон, авторот на Книгата Зохар, кои заедно со нив ја пишуваа оваа книга Зохар. При што, тоа се големи кабалисти. Значи тој вели, дека намерно е создадена таква поделба во вишиот свет, каде што Кетер и Хохма се одделени, и гар де Бина, особината на Бина е одделена, и ние престојуваме само во ЗАД де Бина. Како ли можеме понатаму да дејствуваме? Тој вели: "З'А на светот Ацилут се нарекува Тора, шест виши денови, и ние можеме да го постигнеме само овој дел на З'А. т.е. мал дел, шест од 10 сфироти, најдолниот негов систем. И тоа се нагласува во зборот БЕРЕШИТ – создал шест, т.е З'А прима од Бина смао 6 сфироти КаХаБ или ХаГаТ НеХ''Ј, а га''р де Хохма останува горе, т.е. Кетер, Хохма, Бина остануваат горе, З'А – тоа се Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод, и Малхут – која прима од нив. Така е изградено. Зошто е така изградено? Така е изградено, за кога ние се искачуваме одоздола, да почнеме исто така да се ограничуваме себеси. Затоа што, кога ние се искачуваме одоздола, кај нас нашето его се пројавува во целата негова моќ, и ни ги дава нам сите 10 сфироти. А ние треба да се изградиме себеси, како што веќе зборувавме, како во случајот со детето- кога ние намерно се ставаме себеси во таква состојба, кога целиот наш егоистички дел, да речеме, видете, имам мое тело, кое се состои од глава, мозок, и желбата. Ова е нашата желба, а ова е разумот. Ова ние го нарекуваме тело, не нашето месо. Значи, во што е суштината на овој принцип? Јас треба да ја сменам мојата глава, системот на управување, во тоа се состои целиот систем, кога се откинува, одозгора не ми се дава управување врз Кетер, Хохма, Бина.Мене ми се дава само нижиот систем, јас можам на него да ја прилагодам мојата желба, да го пренесам исто тука.Јас можам тоа да го направам, да се потчинам целосно на новата глава. И тогаш, ако јас на таков принцип се развивам, т.е. целосно го поништувам својот разум, и се обидувам да се прилагодам себеси на вишиот, како детето во нашиот свет – тоа е подготвено да му се потчини на возрасниот. За да го разбере, да се искачи, да стане како него, да научи од него. Т.е. за да го совлада неговиот поглед на светот. Тогаш доаѓа разумот, скриен овде во Кетер, Хохма преку Бина, и јас ја добивам следната глава, т.е веќе број 2, наместо оваа бр.1 која претходно ја имав.

" Но речено е во тајните на БЕРЕШИТ што е скриениот светец," (тоа е парцуфот скриен светец , наречен Атик.Тука тој се наоѓа одозгора, ние за него не еднаш зборувавме, Атик од зборот не итак – исчезнувачки од нашето постигнување.Затоа се нарекува скриен светeц, "ги утврдил законите во Бина, во скриеното и тајното, т.е. во Малхут на парцуфот Атик, кој претставува парцуф од првото скратување, искачен во Бина и кој го тргнал АХаП на А'А подолу од неговата глава". Јас сега сето ова ќе го објаснам. "И истиот закон кој го утврдил во Бина, го утврдил, скрил во него и сето го сокрил под еден клуч. И тој клуч го скрил во една одаја. И иако се' е скриено во таа одаја, најглавното се наоѓа во тој клуч, затоа што тој се отклучува и заклучува". Т.е. во што се состои тој услов кон следното повисоко скалило? Тој се состои во тоа – јас на своето пониско скалило да можам себеси по истиот формат да се прилагодам. Како влегува клучот во клучалката на катанецот? Тој треба точно да ги повтори сите форми на преминот во тој отвор.Тоа е од една страна при влезот во отворот, а потоа тој треба да успее да биде во таква состојба, кога тој се завртува, т.е. кај него постојат два нивоа на работа: едно ниво на работата на клучот - кога тој се адаптира себеси на самиот отвор, кон вишиот систем.И второто ниво на клучот, кога тој работи со своето ниво,- кога тој се завртува, кога тој станува присоединет, не само допустлив во вишиот парцуф, туку почнува заедно со него да работи, да го открива овој систем. Тоа откривање на следниот систем се случува при нивното заедничко дејство. Т.е. првото дејство кога го ставаш клучот – тоа е ограничување.Ти поминуваш ограничување во вишиот працуф, а следното дејство, кога ти оклучуваш – ти со него веќе заемно дејствуваш. Истото тоа се случува и тука. Кога човекот го трга својот АХАП, и вклучува во себе само Г''Е, т.е. тој останува само во давачки келим. Затоа што ние во нашиот свет, од состојбата на апсолутното его треба да се искачиме и да се здобиеме најпрво со состојбата Г''Е – тоа е особина на Бина, кое што овде намерно е отсечено од вишите особини. Затоа, ние како демек ,да го пикнеме клучот во катанецот. Ние треба за тоа целосно да го поништиме своето его, постепено, во текот на пет скалила.Ние тоа го правиме, се здобиваме со особината на давање, се креваме до особината на Бина. Првата особина – навлеговме, како катанецот го добива клучот, така ова скалило не' добива нас. Целосно се пикнавме себеси во него, се адаптиравме. Нашиот егоизам остана овде, нашата желба е вклучена овде во Г''Е, ние на таков начин се здобивме со Галгалта во Енаим. Т.е. ние ја адаптиравме својата форма на вишата форма, само што уште не започнавме со неа да работиме.

Зохар тоа ни го објаснува многу детално, јас не можам тоа така да го објаснувам, зошто за тоа ќе ми бидат потребни неколку часа. Притоа, како што вели тој, клучот е скриен во една одаја.Одајата – тоа е Бина, т.е. на кој начин јас се здобивам со овој клуч, кога јас влегувам таму јас нели не сфаќам каков морам да бидам. Ние со вас не знаеме што значи да се здобиеш со некоја форма на духовниот свет. Односно, кога јас се кревам ваму, јас во исто време станувам како дете.Јас сакам овој вишиот да направи во мене правилна форма, т.е. истовремено моето навлегување во вишото не е подготвено од мене во овој свет.Во овој свет јас едноставно сум материјал, тука сум јас материјал, а навлегувајки внатре јас како да се здобивам со неговата форма, - тој прави од мене клуч кон себе. И кога јас целосно можам работејки над својот егоизам, да му го дадам својот материјал, за тој да ја направи од мене оваа форма, тогаш јас го добив обликот на клучот, но се уште не работам заедно со него. Т.е. јас веќе се наоѓам во него и не создавам во него некакви незадоволства, пречки од моја страна. Се наоѓам во него како да речеме ембрионот во мајката, кога тој не пречи. Напротив, целиот нејзин организам е наштелуван на тоа да го порасне, да му се даде најдоброто, сето неопходно, наместо, како обично, туѓото тело организмот почнува да го отфрла, да го исфрла од себе. Тука се случува обратната реакција. Значи тоа се случува благодарение на тоа, што јас го поништувам своето его, и на таков начин од мене вишиот прави клуч, т.е. ме обликува според себе. Јас однапред не знам на каков начин да станам ист како него. Но и кога парцуфот добива одозгора сили на спротивно делување на егоистичките желби на своите келим АХаП, може да добие поради Создателот.Тоа значи дека тој добил екран против своите желби, и може со нив исто така да работи за Создателот.Тогаш тој ја враќа својата Малхут во Н''Е..Тука Зохар зборува за тоа, дека ние со вас се состоиме, како што веќе изучувавме, од Г''Е, ова е Кетер, Хохма, Бина, и од АХаП – тоа се З'А и Малхут. Значи, поништувајки ги овие З'А и Малхут ние во почетокот добиваме Г''Е , Кетер, Хохма , Бина, на вишиот парцуф.Токму тоа се нарекува клуч, почетен, уште не е работа, само навлегување внатре.На таков начин Малхут, стоечката во Н''Е, кога ние ја креваме оваа Малхут во Н''Е, во новата нејзина состојба, - ни го открива или затвора достапот на светлината во парцуфот.На таков начин не' донесува нас кон сличноста со вишиот парцуф, каде што се зависи само од соодветноста на нашите нивоа – клучот и катанецот. А навистина катанецот се наоѓа тука. Тука ние само го правиме клучот за него. "Во таа одаја се скриени огромни богатства, едни над другите, во таа одаја има целосно затворени порти, за да се затвори достапот на светлината. Нив (овие порти) ги има 50,се поделиле тие на четирите страни и станале 49, затоа што едната порта нема страна и не е познато дали е горе или доле, и затоа остана таа затворена." Така вели Зохар во член 43. Т.е. постојат многу видови на работа во овој катанец.Тоа не е обичен катанец, кој само се завртува, а вие знаете колку постојат секакви видови на отварањето.Бидејки тука веќе станува збор не за сличноста, кога ти се наоѓаш во вишото, така што ти не му сметаш.Навлезе во клучалката, не му сметаш, тука сега започнува процесот кога ти него го отвораш. Тоа е сосема поинакво,- отвораш – тоа значи, ти се совпаѓаш со него според неговата работа, според неговите особини.Не само се наоѓаш во него како мал, како пропаѓачки, како ембрион, или дури како новороденче, туку ти веќе почнуваш да работиш со неговите особини, да ги добиваш неговите особини, да работиш заеднички со него, додавајки го кон него својот материјал, своите желби. Значи тој вели така,тука човекот ја добива веќе главата, како што ние порано говоревме, на духовниот парцуф. Тој сега веќе мора, од кога се ставил себеси на...од кога се здобил со 248 особини на вишиот парцуф.Тоа е кога тој станува незабележителен во него, прилагоден во него, т.е. ја изменил својата материја според него.Тоа се нарекува ги добил неговите 248 особини.Сега тој започнува да работи, добивајки во него уште 365 нови особини.Тоа е кога тој се завртува во неговата внатрешна празнина, притоа добивајки се' што постои во вишиот парцуф. Замислете, се завртува клучот, внатре, тој притоа како да го скенира сето што се наоѓа во внатрешниот виш парцуф, внатре во вишиот парцуф и се гради себеси според тоа. Не едноставно клучот отвора и останува истиот, - тука секое движење предизвикува добивање на особините на вишото.При што добивање на особините во духовното, - тоа не е како во нашиот свет, тоа е кога токму сега, во дадената состојба, под овој услов, кога човекот работи со своите желби за примање, тука тој се здобива со особините на давање, а тука на примање, на светлината. Тука човекот почнува да се здобива со ...Тој се учи на дејствата на Создателот и истовремено нив ги извршува. Истовремено се учи и истовремено ги извршува. Како да ви кажам, тоа е слично како во нашиот свет.Зарем ние однапред се учиме како да бидеме возрасни, како да бидеме родители, како да раѓаме деца, нешто воопшто да правиме во возрасниот живот? Ние не го поминуваме тоа, нели како учење, а потоа го извршуваме навистина во реалноста. Ние истовремено и учиме и го извршуваме тоа.

Така е изграден нашиот свет, затоа што така е изградено во духовниот свет. Односно, завртувајки го клучот во катанецот, ние во реалноста ги добиваме особините на Создателот тука, истовремено извршувајки ги во себе и на таков начин веднаш станувајки му слични.Т.е. нашето исправување, вклучувањето внатре, нашите заеднички дејства со Него, со вишиот парцуф, наше здобивање со неговите особини, постанувањето исти како тој, спојувањето со него – сето тоа се случува истовремено. Нема поделби на многу дејства – еве сега јас учам, а после ќе извршувам, копирам или ќе вежбам. Такво нешто не постои. И во нашиот свет исто, гледате ние не го живееме нашиот живот живеејки го еднаш, а после тоа можеме да се вратиме и со тие наши нови знаења, искуството, да го проживееме поинаку. Кога ние би можеле така да направиме, колку грешки ние можеби немаше да ги направиме. Или ние ќе се убедевме во тоа, дека сеедно, без оглед на ништо, ги правиме истите грешки, - тоа не ни е познато. Значи, сето тоа произлегува од духовниот свет, кога ние истовремено мораме да ги правиме сите тие дејства. Зошто? Во нашиот свет тоа не е сфатливо, затоа што логички јас би направил.Јас секогаш му велам на детето, ние им велиме на децата – не прави така, гледај како ние ти кажуваме.Ние тоа го поминавме, ние тоа го изучивме, ние советуваме така и така.Ти уште немаш глава, земи ја мојата глава и гледај како треба да правиш.Како по правило, децата не не' слушаат нас, како што и ние не сме ги слушале своите родители, зошто? Тоа произлегува од вишиот свет.Затоа што во вишиот свет ние мораме да одиме со вербата над знаењето.Ние не треба да одиме со туѓ мозок, вклучително и со сопствениот. Во вишиот свет ние тие грешки не ги правиме затоа што ние ја превземаме во ист момент од вишиот парцуф неговата глава.Работиме со неговата глава наместо нашата и се приклучуваме на неа, т.е. таа станува наша. Затоа што претходно се здобивме со особината на давање. Во нашиот свет тоа, за жал, не постои, затоа што нашиот егоизам останува.

Значи, "Во таа одаја се скриени огромни богатства ( во овој следен, 365 дејства каде што ние треба да извршиме) едни над другите. Постојат целосно затворени порти за да се затвори со нив достапот на светлината. Ги има 50 ( овие порти).Поделени се на четири страни и станаа 49 ( затоа што Малхут останува уште една, и таа останува постојано затворена". Т.е. јас можам да се користам со 49 особини, 7 да помножам со 7, особините на З'А и Малхут која се искачува кон него. З'А тоа се 6 особини и заедно со Малхут тоа се 7 особини, З'А – тоа се Хесед, Гвура , Тиферет, Нецах, Ход, Јесод, Малхут е седмата, заедно се 7 и помножени со нивните 7 лични сфироти, тоа се 49, а 50-та е кога јас се искачувам во Бина и ја поминувам. И тогаш јас навлегувам во извршување на 365 нови дејства, и се искачувам во 50-та портa, таканареченa Шаар Нун, Шaар – тоа се порти, Нун – тоа е 50. Постои такво поим, вие можеби сте го читале и во другите книги. И пишува тој во својот коментар, дека отсутството на 50-та порта зивуг на самата Малхут, т.е. Малхут сама не учествува во ова, ние знаеме, дека до Гмар Тикун ние можеме да ја искористиме само Малхут која се крена во Бина, а самата Малхут да ја користиме не можеме. Затоа Шаар Нун е целосно за нас затворена, и затоа се вели дека од овие 50 порти на Бина , 50-тата порта е постојано затворена. Затоа што вишата светлина, која ние во 50-та порта на самата Малхут целата светлина на Бесконечноста, ние ќе можеме да ја добиеме само тогаш, кога ќе достигнеме сите, апсолутно сите души, целосното исправување, кое се нарекува 6000 години. Т.е. кога ние сите ќе поминеме 6000 скалила, а што значи 6000 скалила? 6 скалила на З'А кои ќе ги помине Малхут , а 1000 – тоа се нарекува особината светлината Хохма, таа се нарекува илјада, тоа е нејзината моќност. И затоа таквата состојба се нарекува 6000 години.

"Во таа порта има еден катанец и тесно место за да се пикне во него клучот, незапишан, но препознатлив, само по записот на клучот, за што не знаат во тоа тесно место, туку само во самиот клуч. И за таа тајна е речено БЕРЕШИТ БАРА ЕЛОКИМ – ВО ПОЧЕТОК СОЗДАДЕ СОЗДАТЕЛОТ. Во почеток – тоа е клучот, и се' е скриено во него, тој отвора и затвора. И шест порти вклучува во себе тој клуч, отворачки и затворачки. Кога ги затвора тие порти, ги вклучува нив во себе ( портите сами од себе влегуваат во клучот, т.е. затоа е напишано – ВО ПОЧЕТОК, т.е. ги добива во себе...БАРА – СОЗДАДЕ".Т.е. овие особини кои ги добива во себе, тие го создаваат неговиот облик и ја достигнува особината ЕЛОКИМ, особина на Бина, особината на Создателот. Јас не знам што тука може да се додаде, излезе некако хаотично, се зборува за многу неедноставна деликатна промена во суштеството, кога тоа се искачува и ги добива особините на Создателот. Што во нашиот свет го нема, не е можно да се дадат тука никакви слични примери. Кога суштеството останува самото тоа, а истовремено ги добива особините на Создателот. Може да се зборува за некој надворешен облик кој тоа го добива, или го добива разумот на Создателот.Но сето тоа во принцип ...тука има многу интересен патент. Создателот создавајки, притоа со својата сила, суштество, создаде во него можност да создаде од себеси Создател. И оваа можност е самостојна, а да се пренесе тоа е практично невозможно.

Книгата Зохар, како и целата кабала зборува за тоа, како да се предизвика врз нас пројавување на вишата светлина, која нас ќе не' крева, и зависно од степенот на искачувањето ние ќе разбереме за што се зборува. Сега, кога ние со вас се наоѓаме воопшто подолу од сите овие скалила, да се зборува за новите разуми, за новите димензии, за апсолутно поинаква логика, која нам не ни е својствена, за тие впечатоци кои не постојат во нас денес, сигурно е многу сложено да се дадат некои слични примери на тоа, што во нашиот свет не постои. Но сепак, нешто ние со вас некако сфаќаме, нешто изучуваме, ја привлекуваме врз себе вишата светлина, а таа постепено нас не' исправува. Сигурно, не навлегувајки во овие состојби, да се сфати што таму се случува, не е можно. Затоа што сфаќањето се одвива во желбата и во разумот. И желбите кај нас ги нема тие што се на тие скалила.Тие се апсолутно поинакви, и нормално, разумот кај нас го нема таквиот, каков се пројавува на тие скалила, затоа што тој е поинаков. Тоа се други пресметки, друга математика, други чувствувања, други димензии, тоа е надвор од рамките на времето и просторот. И на тие, како да кажам, вредности, кои денес...со кои ние денес оперираме. Ајде да пробаме, можеби ќе можеме да додадеме нешто кон ова од вашите прашања.

Пристигнуваат многу прашања, и денес многу новајлии се собираат кај нас, и на интернет и во нашите центри.

А јас земав толку сложена материја... Секоја недела, на сите часови во недела, сега ќе видите на екраните колку луѓе има, и во центрите, и на интернет многу ги има, доаѓаат кај нас.

Прашува од Кременчуг, ученик кој ги посетува курсевите: "Што значи да се чувствува надвор од себе?"

Да се чувствува надвор од себе.Тоа значи...замислете си, јас давам пример од нашиот живот, бидејки инаку ништо не може да се смисли.Замислете си ги мајката и детето, кога мајката го чувствува детето повеќе, отколку што се чувствува себеси. Се' што е во него, се' што е тоа, - тоа за неа е најважното во животот. Мало детенце во нејзините раце – тоа за неа претставува се'.Таа ништо не гледа наоколу, таа гледа само во него, целата грижа е само за него, ништо друго во светот не постои. Така е создадено од природата, и затоа најважното е.Не тоа што го чувствува таа, туку тоа што го чувствува тоа. Тука ни е дадена таква слика, од која ние можеме да си замислиме – што значи "чувствува надвор од себе". Од една страна тоа е живо, туѓо тело, кое живее со свој личен живот, од друга страна тоа што се случува во него – тоа ми е поважно, отколку тоа, што се случува во мене. Ете, ако јас така почнувам да се однесувам кон светот, тогаш јас престанувам себеси да се чувствувам. Реално јас на таков начин ја предизвикувам врз себе вишата светлина, но во примерот со мајката и детето тоа го нема, затоа што тоа е на животинско ниво.Во природата така е програмирано, а ако јас на таков начин го добивам мојот однос кон светот, кога се' што се случува однадвор мене ми е поважно од тоа што се случува со мене, тогаш јас го губам чувствувањето на своето тело и почнувам да се чувствувам себеси како постојам едноставно разлиен од целиот свет. И почнувам тогаш да го чувствувам не овој свет, туку неговите виши особини, Создателот, и тоа вечно течение, кое овој свет го наполнува. Но од нас, денешните егоисти, затоа што не сме излегле од себе, тоа не се чувствува.

И тогаш човекот се чувствува себеси вечно постоечки, затоа што не зависи од тоа што е во него, дури неговото тело не го ограничува во чувствувањето на таа вечност. Ние со вас изучуваме, воспримање на реалноста.Се што ние воспримаме, воспримаме во нашата желба. Ако нашата желба е наша, егоистичка, тогаш овие 10 сфироти, за кои ние зборувавме на почетокот, тие се развиваат и потоа се заменуваат со следните. Секој пат при заменувањето на едните 10 сфироти со другите, ние чувствуваме дека умираме. Тоа е наше чувствување, бидејки тоа се случува во нашата желба, и телото претставува чувствување во нашата постоечка желба.Но ако ние излегуваме од себеси, тогаш ние се чувствуваме себеси постоечки, небаре во друго тело, друга материја, друга желба, надвор од себе. И таа желба исто цело време се менува, се прелива од една во друга.Но во неа постојат промени како што ние со вас изучуваме во науката кабала, т.е. прелевање од парцуф во парцуф, кога еден масах само се развива се повеќе и повеќе. Заедно со желбата, која станува се поголема и поголема. Затоа човекот се чувствува себеси како постојано постоечки и постојано растечки.Но да се излезе од рамките на нашиот свет, и да се почне да се чувствува себеси како надвор од себе постоечки, вечен, - тоа е прва наша, со вас задача. А веќе потоа ние ќе почнеме, соодветно со ова, да чувствуваме како понатаму да растеме. Се до пораснувањето до состојбата на клучот, и ќе ја отвориме таа 50-та врата, порта, и ќе излеземе во целосно исправување.

Мери од Лос Анџелес Ве прашува: " Јас понекогаш чувствувам некоја состојба или чувство на тежина. Што е тоа, можеби е чувствување на моите претходни реализации?"

Тежината сите ја чувствуваат, што е Мери толку галена, па чувствува тежина...Ајде да се сретнеме на конгресот и да позборуваме за ова. Тежина? Зависи од што, тоа е такво прашање...Внатрешната тежина е поради тоа што човекот се уште не нашол во себе контакт со вишиот свет. Кога го наоѓаш со него контактот, тој едноставно те воздигнува.Ти почнуваш да лебдиш како на летечки балон, или како да седиш на некоја птица. А пред наоѓањето на овој контакт – се чувствуваш себеси како да висиш над провалија.Оттаму е таквата состојба на тежина, кога навистина е тешко дури да се помрднеш. Тоа е точно. Но ние ќе позборуваме за тоа таму.

Прашање од групата од Лондон.

Кои се тоа?

Лондон груп БИБИ Јунајтед Кингдом: "Што ние треба да бараме за времето на часот од Зохар, за оваа книга врз нас позитивно да влијае?"

Ние сега изучуваме многу часови од Зохар, и наутро, секое утро, и навечер, практично секоја вечер, и еве сега, со вас.Затоа што оваа книга е најсилна по своето влијание врз нас. За што треба да молиме? Само за едно – за таа виша светлина, која го создаде нашиот егоизам, да ни помогне да се поткренеме над тој егоизам. Намерно таа го создала нашиот егоизам, за да, искачувајки се над него, ние создадеме таква разлика во напонот помеѓу самиот себе, кој се искачува и својот егоизам, и во таа разлика на напонот ние да добиеме ново кли, нова состојба, нова желба, ново чувствување. Зохар може тоа да го стори. Во нашиот свет само вишата светлина може било што да промени. Ако ние себеси нема да се менуваме, со помош на вишата светлина, тогаш ние ќе останеме секогаш во состојбите на овој наш свет, тука да постоиме, умираме, се раѓаме повторно и повторно...Само вишата светлина може нас да не поткрене, и ние ќе почнеме да излегуваме од себеси и да го чувствуваме новиот свет. Односно состојбата надвор од себе – тоа навистина е нашето сегашно постоење. И да се излезе од тоа – тоа го може само вишата светлина. Јас денес во блогот за истото ова напишав.Ако луѓето би разбирале, дека да се ослободиш од егоизмот е возможно, тие така не би се однесувале. Ние цело време се занимаваме со тоа дека се обидуваме да го ограничиме нашиот егоизам, со помош на добри манири, со помош на некои договори, ограничувања, закони, секакви затвори, секакви полиции и т.н. Реално, ние гледаме дека тоа не помога. А како да се исправи својот егоизам, да се кренеме над него,- ние не знаеме. И затоа цело време егоизмот расте, и ние се повеќе и повеќе се чувствуваме себеси како страдаме. А сега, кога егоизмот станува глобален, воопшто не знаеме каде од него да се скриеме. И тука се создава едноставно страв.Ние не сме во состојба ништо да направиме, не можеме никако себеси да се ограничиме, и се создава многу сложена и сериозна состојба. Затоа ни треба најбрзо, колку што може побрзо да го распространиме ова знаење за тоа како може егоизмот да се исправи. И тогаш кај човештвото ќе се појави можност поинаку да се однесува кон себеси.Не постојано да се ограничува, да се плаши, туку напротив, да се крене над него. И тогаш ние излегуваме од сите стравови за војни, уништувања, страдања, секакви болести, климатски проблеми...во се'. Поткревањето над егоизмот е можно само со оваа виша светлина, која слегува врз нас при изучувањето на Книгата Зохар. Затоа ние ја изучуваме, и затоа во текот на учењето треба само за тоа да се размислува. Понатаму!

Нашиот пријател Пол, од Тасманија, Австралија, многу оддалечено место од нас, и од градовите на Австралија, тој пишува: " Јас сум блиску до тоа да се разлутам на целиот свој живот и се чувствувам неспособен да бидам соединет со другите. Како да ги совладам овие порти, овие скалила, за да ми стигне трпение, покајување, и да останам во врска со другите и да бидам соединет заедно со другите?"

Општо кажано, Австралија е посебно место, таму постои таква психологија на отсеченост од светот, колку што ми е познато – имам таму ученици, и тука тие доаѓаат, на нашите конгреси.Постои такво чувство на натприродно, дури и во Латинска Америка, а да не зборуваме за Австралија. И јас тоа го чувствував кога престојував таму. Премногу е...Се' се врти на другата страна, наопаку. Тоа е така, но јас мислам дека сепак во нашиот случај тоа не е несовладлива препрека, затоа што кога ние се соединуваме заедно, ние притоа навистина можеме да бидеме во едно срце, во една мисла, и јас мислам дека овој конгрес, кој ни претстои, тој ќе може да не обедини сите нас заедно, јас повторно ве поканувам да бидете со нас во врска.Ние имаме уште следната недела час, а потоа ние ќе се сретнеме на конгресот. До гледање, до следната средба!

Лекција 22 „Мајката и позајмува на ќерката од својата облека“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica