Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Кој го создал Ова?“

22.11.2009

Добар ден. Јас ги поздравувам сите ученици во виртуалниот час. Ние денес со вас продолжуваме со изучување на книгата “Зохар“ и се наоѓаме на 7та точка, на страната 241, од книгата Зохар, на руски јазик. Во книгата на англиски не знам каде е.Треба да ја побарате статијата.

Се нарекува „Кој го Создаде Ова", и почнува со точка 7, во книгата Зохар.

Во почетокот се кажува: Открил Раби Елазар, и кажал. Раби Елазар е голем кабалист, продолжеток на Раби Шимон, авторот на книгата Зохар. Ова е неговиот син и таму каде што Раби Шимон говори за исправувањето во течението на поколението, Раби Елазар говори за исправувањето во крајот на поколението.Тој говори за тоа што се однесува на нашето време и понатаму, времето на разоткривање на книгата Зохар, кое се одвива во нашево време.

Во периодот на последниве 10-15 години и понатаму до крајот на поправвката, кое јас се надевам дека ние заеднички ќе го видиме. Открил Раби Елазар... Разоткрил Светлина, патот на Светлината и рекол: „Подигнете ги очите и ќе Видите". Подигнете ги очите, се мисли - почнете да гледате. Барајте од Вишото, од Светлината на давање, од местото каде што вие обично гледате долу, да примате, и ќе видите: Кој Го Создал Ова. „Кој Го Создал Ова". Тоа е проблем, што јас подоцна ќе пробам да ви го објаснам. Каде да ги кренеме очите прашува книгата Зохар? На тоа место од каде зависат очите на сите т.е видението, разоткривањето на сè. Кој е Тој, кој вие ќе можете да го видите? Кој го создал ова? Кој е Тој? „Тој" е отворање на очите.

Кога ние се трудиме да се подигнеме на тоа место од каде што Светлината паѓа надолу. Таа Светлина нам ни ги отвара очите. Ние почнуваме да се гледаме во таа Светлина - себеси и Него.Тоа отворање на очите е Малхут, главата на Арих Анпин. Ние знаеме, дека постои строг систем кој се дели на Парса, тое е таква граница. Под оваа граница се наоѓаат световите: Брија, Јецера, Асија. Над оваа граница се наоѓаат световите светот Ацилут, повисоко -Адам Кадмон, и Бесконечниот Свет.

Светот Ацилут се состои од множества, како обичниот Парцуфин, како и било кој свет во тој цел систем: Атик, Арих Анпин, АбаВеИма, ЗеирАнпин и Малхут. Во светот Брија, Јецира, постојат души. Овие души се воздигнуваат кон светот Малхут. Во тој свет, каде тие можат да се подигнат во Малхут, светот Ацилут. Тие влијаат на ЗеирАнпин во светот Ацилут, потоа на АбаВеИма, во светот Ацилут. Потоа земаат сè што им е потребно од АрихАнпин во светот Ацилут.

На таков начин работи овој систем. Систем со многу скалила. Кој им ги отвара очите на душите? Малхут на Парцуфот-АрихАнпин. Во АрихАнпин, како во секој Парцуф има: Кетер, Хохма, Бина, ЗеирАнпин и Малхут. Најпоследниот негов дел е Малхут, кој ја отвара Светлината и ја спушта во АбаВеИма. Од тука слегува во ЗеирАнпин. Од тука во Малхут. Душата која се дигнала во Малхут. Таа ја добива ова Светлина која и ги отвара очите и таа почнува да гледа, што се случува во овој свет, духовен свет, повисок од Парса? Парса претставува граница меѓу местото на Создателот и созданието.

Таму каде што се наоѓаат душите е неисправно место. Повисоко од Парса, тоа е место каде што постојано свети Светлина.Тоа е Возвишена Светлина, духовна Светлина. Таков вид која душата може да ја достигне. Подигајќи се во овој свет, Малхут, Ацилут, таа предизвикува со својата желба пројавување од Возвишениот Свет. На тој начин Парцуфот АрихАнпин се спушта на неа. А тамо ќе видите дека е скриен Атик. Атик е повисоко од Парцуф.Тој е сосема скриен. Атик потекнува од зборот Неетак. Во него, во Атик е соодветниот одговор на: Кој Го Создаде Ова. т.е кој го создал сето ова што постои во Свемирот.

Кој Го Создал сето? „МИ". Така наеречен „МИ". Впрочем Кој Го Создал Ова на Хебрејски звучи како:" Ми Бара Еле". Овде се добива игра на зборови, кажано на руски. На Хебрејски нема игра на зборови. Затоа што буквите означуваат духовни дејствија. Затоа што јазикот е земен од духовните својства. Затоа "МИ" се мисли на дел кој постои во АбаВеИма и во Малхут. Потоа тој говори: "МИ" е позади Бина и е возвишена граница на небото. Сè зависи од него. Затоа во него има прашање и тоа прашање е скриено. Кога тоа е скриено се нарекува „МИ". Затоа што „МИ" е како да прашуваат „МИ"? – КОИ? Во превод „НИЕ КОИ СМЕ?". Затоа што повисоко од Него нема одговор. Туку само на возвишената граница на небото има прашање. Значи ние сме должни да го подигнеме нашето прашање, барање, како што велевме, до оваа граница. Барањето е: Јас сакам да достигнам, Јас сакам да спознам,Јас сакам да се наполнам со возвишено достигнување   возвишено чувствување. Ете ова е прашањето кое што се нарекува "Ми" или Кој.

Но, „МИ" покрај ова, тоа е Кетер и Хохма. Две сфери: Кетер и Хохма.Тие го создале "ОВА", од Кој Го Создал Ова, тие го создале Ова. "МИ" е значи Кетер- Хохма, а Еле е: Бина, Зеир Анпин и Малхут. Значи "Ми":Кетер и Хохма, ги направиле Бина, ЗеирАнпин и Малхут. Затоа што Кетер и Хохма се замислата на создавањето, а Бина, Зеир Анпин и Малхут се негови решенија, производи. Таму е местото каде што се наоѓаат сиромашните, низок слој. Кетер и Хохма, тоа е замислата, програмата на создавање. Бина, ЗеирАнпин и Малхут е веќе дејствие, души. Затоа зборовите МИ-Бара-Еле, Кој Го Создал Ова, не е прашање, туку обратно.Тоа е потврдување. Кетер и Хохма, кои се нарекуваат „МИ", го создале Еле т.е Бина, ЗеирАнпин и Малхут. Кога го подигнуваме прашањето Кој - Ми, кои сме ние?, тоа е преку Бина, Зеир Анпин и Малхут, душата се подигнува.

Ова е Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин и Малхут. Кога го подигнуваме прашањето низ душите, низ Еле во "МИ", тогаш ние дознаваме дека "Ми Бара Еле" или "МИ" го создал Еле.

Кетер и Хокма ги породиле Бина, Зеир Анпин, Малхут. И секој пат кога јас го подигам своето прашање од мојата душа, која сака да го запознае се повеќе и повеќе Создателот,  јас тогаш ја подигнувам желбата, барањето ,  низ овој систем кој се нарекува Еле, кое се обрајќа кај „МИ" и од таму добива Светлина. И така секогаш се случува. Подигајќи го барањето, добиваме одговор. Од каде? На најгорната граница на небото.Тој кажува: Ова е границата на небото.

Ајде уште еднаш да прочитаме: „Открил Раби Елазар, разоткрил; “Подигнете ги своите очи и ќе видите“. Значи насочете ја вашата желба посакувањето. Каде? Кој Го Создаде Ова? Каде да ги подигнеме очите?

На тоа место каде што зависат очите, на сите погледот, од сите. Кој е тој што ги отвара очите? Малхут - главата АрихАнпин. Еве го местото каде што завршува Хохма, АрихАнпин. Таму ќе видите дека е скриен Атик, Кетер е скриен и во него, е одговорот на прашањето Кој Го Создаде Ова. КОЈ е МИ, зад Бина. Најгорната граница на небото, сè зависи од него. Затоа што во него има прашање и тој е скриен. Затоа се нарекува "МИ": Кетер, Хохма. Затоа што МИ како да прашува КОЈ. Затоа што повисоко од него, нема прашања.

Само на најгорната граница на небото има прашања. Еве до оваа граница ние може да се дигнеме и да бараме, посакуваме. Погоре, не затоа што таму сè е јасно, туку ние таму пристап немаме. Ние сега со вас тоа да го достигнеме не можеме. Повисоко од оваа граница не можеме, само до небото.Тоа ќе може да го достигнеме кога ќе бидеме исправни во целост.

За што ни говори оваа точка во книгата Зохар? Затоа што душите го подигнуваат своето посакување, желбата, по овој систем на скалила на светови, желбата се крева низ Малхут, ЗеирАнпин, Бина, Ацилут, до најгорната граница на небото. Тамо ние повикуваме со нашите барања, желби, возбуда. Надолу, на нас се слева Возвишената Светлина од Атик низ АрихАнпин, низ целиот систем, ја дава својата Светлина во Еле. Еле ја предава својата Светлина на таа душа која била најмногу заслужна, како одговор, т.е добивање Светлина за поправка. Ова беше 7ма точка „Ми Бара Еле"

Следна точка. Оваа не е голема статија. Има уште еден долу нарекувајќи се "МА",покрај "МИ". Што има заедничко помеѓу овие две, "МИ" и "МА"? Првиот, "МИ" е скриен. Има во него прашање за да прашува човекот, за да проучува, да ги види и знае сите скалила до крај, сите скалила до Малхут. Тоа "МА". Што означува „МА"? Што ти знаеш? Што ти гледаш? Што ти проучуваш .Сè е од почеток скриено. После прашањето „МИ"- Кој Го Создал Ова, следното прашање е:„МА".Што е создадено? Логично следбено прашање.Тогаш доаѓа одговор.

Но одговор внатре во човекот. Внатре во душата, која прашува, добила возвишена порција на Светлина. Добила одговор на: Кој Создал. Од тој одговор Кој создал, кога таа Светлина влегува во мене, тогаш јас почнувам да достигнувам: Што тој создал. Тој ме создал мене. Тогаш јас, само што почнувам да откривам кој сум јас. Затоа што не можам да дознам кој сум јас, ако не дознаам за тоа во споредба со Создателот. Затоа што постојат само два елемента: Создател и створение. Виша Сила и јас.

Јас можам да дознам за себе само преку Вишата Сила. Само во спротиставеноста на нашите својства. Едно само со себе не може. Само од спротиставеноста помеѓу себе; Светлина-сенка,с олено-кисело, горко-слатко итн. Сè може да се дознае од спротиставени својства.

Достигнување е секакво проучување помеѓу две некакви појавувања. После тоа, кога душата подигнувајќи се нагоре со прашањето „Кој Ме Создаде мене"?, добива одговор-кој неа ја создал. Почнува да чуствува во себе кој ја создал, т.е Создателот. После ова кај нив се јавува друго прашање; „А што создал"? Кој сум тоа "Јас"? Почнува да се испитува и во принцип тоа е и најважно.

Затоа што Создателот може да го проучуваме, откако ќе се проучиме себе си. Во таква мерка како што се испитуваме себеси ќе разбираме што создал Тој. Зошто такви нè создал? За што нè создал? За какви цели? Со какви дејствија? Што се бара од нас? Какви дејствија треба да насочиме кон дадени цели?

Само тогаш, откако ова ќе се проучи, мене ми станува јасно кој е Создателот. Како поговорката „Мима Асеха Икарнуха" т.е „По Твоите дејствија Те познавам Тебе". Самиот тебе да те познавам, не можам. Не можеме ништо да знаеме за човекот. Но ние може само да го спознаеме од неговото пројавување.Така и Создателот. Каде е пројавувањето на Создателот во нас? Затоа проучувајќи се себе си, истовремено јас во принцип го проучувам и Создателот и го изнесувам своето мислење за него. Па затоа, по прашањето:"Кој ме Создаде мене"? следи прашањето: „Што создал? Ова. Кој? Се добива одговор:„А кој е Тој што ме создал мене"?.

Иако сè претходно било скриено, за ова мое едно прашање се појавува цел ланец сознанија. Доаѓам до одговори и за мене и за Создателот. Преку проучување на створението кој тој го направил.

Ја читам 9та точка. Оваа тајна го определува зборчето „МА". “Што ти сведочиш? Што ти е тебе рамно?“ т.е „МА". Тоа што Создателот го создал во мене. За што говорат сите мои својства? Што ти сведочиш со тоа? Што ти е рамно тебе од моите својства, а што не? Како можам јас да сум сличен на тебе, а во што спротивен на тебе? Кога се разрушил Храмот, душата во целост била слична на Создателот и во таква состојба потполно соединета со него.

Тоа соединение се разрушило, и тоа означува рушење на Храмот. Храм се нарекува Исправена, Слична на Создателот - Душа. Излегол глас и рекол: „Што да ти посочам тебе? Што да споредам со тебе? Што означува МА т.е што си создал Ти? Што од тоа што си создал, јас сега можам да набљудувам и да споредам со Тебе, слично или спротивно на Тебе?“ Ако нема ништо друго освен мене и Создателот, секое мое својство, или е слично на него, или спротивно на него. Но овде "МА" означува: Кој завет на сведоштво, кој ти е рамно на Тебе? Секој ден за тебе сведочат минатите денови.

Како што е кажано: "Ги повикувам сведоците - вас, кои сте на небо и на земја". Што значи тоа; "Ги повикувам сведоците, кои се и на небо и на земја"? Дека јас можам да ги проучувам. Јас можам да посведочам, да проучам и да дојдам до заклучок на кој начин се поставени небото и Земјата.

Својствата на Создателот и Неисправната Душа, створението. Ј ас можам да проучувам на начин само преку небото и земјата. Што можам да проучувам ? Што ти е рамно на Тебе? "Што" се мисли на створението, равно на Тебе. Како што е кажано:"Јас те украсив тебе со свети украси и те направив тебе, праведна на светот". Ова Создателот ѝ го кажува на душата. Те украсив тебе со своите украси т.е ти ги дадов своите својства, иако душата се состои од едноставни прости егоистични желби. Јас те украсов со тоа што ти се наоѓаш во својството "да даваш и Љубов".

Ова се нарекува "свети украси" се нарекуваат "својството да даваш и љубиш". "И те направив праведна на светот" т.е кога ти можеш со овие својства да владееш со светот,  т.е да владееш над сите желби. Свет се нарекува сите желби на човекот, во кој тој се чувствува постоечки, а покрај себе и некои други. Иако ние со вас учевме дека никој освен нас друг не постои и сè што ни се чини дека постои колу нас, тоа е само апликација на нашите внатрешни чувства и својства.

Како што е кажано:"Ова ли е тој град кој го нарекуваат Совршена Убавина"? Тоа е сосотојбата на душата до нејзиното разделување. "Те нарекол тебе Возобновен, мој Ерусалим". Возобновен се мисли на тоа кога душата се враќа од разрушена во исправена состојба.

Ерусалим се нарекува од Јир - Град и Салим - Шалем т.е. Совршен град Совршена душа. Има душа неисправна, која е сега во нас и душа исправна која се нарекува Возобновен Ерусалим, совршена. Што да споредам со тебе? Како ти седиш? И така горе повисок од Ерусалим. Има преобразување на исправена душа, на врвот, во Парцуфот АрихАнпин, каде што сите наши својства се споени со Создателот и се наоѓаат во совршена состојба. Овде долу имаме наши својства, кои ние ги чувствуваме овде долу, под Парса. И овде, под Парса, ние ги чувствуваме разделените души. Овде повисоко над границата на небото се наоѓаат во исправена состојба.

Овде, повисоко од границата на небото тие се нарекваат "Светиот Ерусалим" - Возвишен, Исправен. А овде долу,  тие се нарекуваат разрушен Ерусалим. "Кој во тебе не влегува како свет народ?".

Свет народ, се мисли на сите желби на душата, сите желби на човекот. Тие се нарекуваат народот во него т.е има внатре во нас, желби кои се неживи, растителни, животински и човечки. Така, неживите, растителните, животинските желби ние не треба да ги исправуваме. Треба да ги исправиме Човечките Желби, кои се нарекуваат "народ". "Свет народ" се нарекуваат тие желби кои се на ниво на човек, во нас, преку кои може да дејствуваме со својствата на давање и љубов. "Ти се колнам дека нема да влезам горе во возвишениот Ерусалим, додека не влезам во Руралниот Ерусалим, кој е долу".

Создателот говори за тоа што јас нема да се смирам т.е Вишата Сила Атик, АрихАнпин, додека долу не се добие исправување на душите, да се воздигнат нагоре,до врвот. Така да го возобноват Возвишениот Ерусалим. Вишиот Ерусалим, вишата душа, преобразувањето на исправената душа, постојано ќе дејствува на нас долу. Сè дотогаш, дури ние го исправиме . “И тоа спокојство твое што те споредувам со ова скалило Вишиот Ерусалим, вишиот Малхут, кој царува со сè.“ Малхут е границата на небото за која што ние зборувавме. Душата треба да се подигне до неа и целосно да заживее таму.

А додека си ти тука, големо е твоето незадоволство. Ако кажуваш дека нема за тебе постоење и спасение, кој ќе те излечи тебе? Кој е зборот "МИ" т.е ова "МИ" ќе те излечи тебе одново.Тоа не е прашање ,туку потврда дека "МИ" ќе те излечи тебе.Јас тука имам напишано во неколку наврати Кој со знакот. Вишата Сила е наречена "Кој" ќе те излечи тебе. Вишото скалило кое го нарекуваме "МИ" е Бина, оживувајќи сè, ќе те излечи и оживи и тебе, т.е душата.

Што дознавме од 9та точка? Дека постои преобразување на душите во МИ, Атик и АрихАнпин.Таа е исправена и постои тука во внатрешните својства. Исправена се нарекува возвишен Ерусалим. Но овие исправени својства, тие пробудуваат во нас желба да се издигнеме до нив. До тогаш, додека ние не бидеме исправени, тие исто така не се наоѓаат во совршенство. Еве овие две состојби; Горната потенцијално исправена и долната неисправена, во дејствие.

Тие треба да се совпаднат така, за да душата низ цела оваа скала се крева до границата на небото. Поминува над неа и се вклучува во "МИ". И "МИ" ќе те исправи тебе.

Точка 10. Ние сме должни само да ја читаме книгата Зохар и постепено овие реченици и зборови ќе се вгнездат во нас. Постепено ќе ни раскажат како со нив да работиме.

Книгата самата нас нè учи. Ние не треба да бидиме бубалици.Треба само да слушаме. Самиот нејзин впечаток заминува, се заборава. Но тоа ќе нè формира нас внатре, од само слушање и читање. Не се секирајте, ако кај вас некои поими не се поклопуваат, не ги разбирате. Најглавно е да се стремиш да почувствуваш. Книгата зборува за нас, за нашата душа. Како таа постепено се менува. Што на неа влијае. Во каков обем таа постои. На неа дејствуваат сили Атик, АрихАнпин, АбаВеИма, ЗеирАнпин. Јас не знам што е тоа. Не знам каде сега се наоѓам со својата душа.

Но кога јас за тоа зборувам и се трудам, некако да се најдам во тоа, јас побудувам на себе Возвишена Светлина. Мојата душа добива лек и постепено почнува да чувствува. Само да чувствува, до разбирање. Како мало дете кое се развива во нашиот свет. Тоа го чувствува овој свет, и ако не знае каде се ноѓа.Тоа чувствува, ова, она. Почнува нешто да зборува, да изразува нешто. Почнува некако да восприма што му зборуваат, и ако не разбира. Нам сето тоа ни изгледа неправилно.

Зошто порано не му дале разум и би ги отворил очите и би почнал да гледа. Што говори овој, оној. Зошто така зборуваат? Зошто така комуницираат? Кај него тоа го нема. Тоа е како чист лист хартија.Тоа само ги отворило очите и устата. Зошто на ваков начин Природата не створила? На таков начин да го воспримаме светот?

Затоа што на таков начин, тој нас под себе не оформува. Затоа и во духовното, таков е влезот во духовниот свет. Ние така треба да влеземе во него, преку слушање, преку впечатоци од книгата Зохар и нас ќе не формира. Нас, преку нашиот мозок, земни отруени, превртени. Ќе ја оформи нашата душа, која ние сега не ја чувствуваме. Ние со вас учиме, гледаме, слушаме со очи, уши, земни.

Но тоа навистина не е така. Ние всушност ја ставаме под влијание на оваа книга својата душа.

10та точка."МИ",горниот дел на светот Ацилут; Кетер, Хохма. Кој го ограничува небото од горе. Се слуша како прашање, а всушност е потврда. Кој ова "МИ",го ограничува небото од горе. Се нарекува ова Парцуф-Јешсут."МА". Што го ограничува небото од горе и доле, ова се ЗеирАнпин и Малхут. Нам ни се раскажува за внатрешни системи, поблиску до нас. Има; МИ - Јешсут. Така се нарекува тој систем. После тоа има ЗеирАнпин и Малхут. Што го ограничува небото од горе? Јешсут, тоа е горната граница на небото. Што го ограничува небото од доле?

ЗеирАнпин и Малхут т.е помеѓу нив се наоѓа границата на небото. Тоа го наследил Јаков. Затоа што тој е ЗеирАнпин, светејќи од еден крај на друг. ЗеирАнпин е Парцуф - Јаков кој се наоѓа помеѓу Јешсут и Малхут. Затоа е кажано Ми Бара Еле. Ми=Јешсут. Кој, Бара Еле. Бара= створил и Еле преставува ЗеирАнпин и Малхуд=Ова. Кој Го Створил Ова. Оваа граница небо. Низ неа Јешсут го створил ЗеирАнпин и Малхут. Ова е сè во светот Ацилут.

Ние со вас фактички цело време разговараме само за еден свет, Ацилут. Затоа што душите се креваат во него. Од под Парса, од световите Брија – Јецира - Асија, каде што постојат душите. Овде пак се повторува прашањето; Ми Бара Еле."МИ" се мисли Јешсут. "Бара" е сила на небосводот, преку која сила се створени ЗеирАнпин и Малхут.

Точка 11 е како продолжение, иако е друга статија. Раби Шимон, кој е и воедно автор на книгата Зохар рекол;"Елазар, Син си мој“. Се мисли на тоа дека тој не го повикува сина си, туку во дадениот случај Раби Шимон говори од својата душа и ги кажува следните негови скалила. Синот се јавува на следното скалило зад таткото.

Тој се обраќа како да бара помош, или воедно да работи заедно со следното скалило. Разоткривајќи ја тајната, која потполно не ја знае, населениот свет. Раби Шимон не е во состојба сам тоа да го направи. Затоа го повикува пониското скалило, нарекувајќи го негов син. Не попусто ова скалило се нарекува "Елазар". Елазар значи "Ел"-Бог и "азар"- негов помошник т.е помошник на Создателот. Или од горе долу, или од долу горе, секако. Тоа е таа помош која сега му е потребна, на Раби Шимон.


Молчел Раби Елазар. Заплакал Раби Шимон. Еве што пишува Зохар. Некакви неразбирливи работи,Така! Молчел Раби Елазар: Затоа што не бил во можност да го разоткрие тоа, што од него го барало следното скалило, ниво. Немал помош од повисоките скалила, иако тој е Елазар, Бог. Создателот е должен во принцип да му помогне. Заплакал Раби Шимон. Плачење е ниска состојба како што децата, жените плачат а не мажиште. Нема "Кох" - сила, која што можат да ја достигнат.

Затоа тука се говори дека Раби Шимон се отвара и во него се разоткрива мало скалило, а не големо. Тоа се нарекува плач. Поќутел и рекол Раби Шимон т.е направил исправување. Направил подготовка кон следното достигнување. Секако дека тука не се говори за никаков плач со солзи на лицето. Се мисли на тоа што се случува со душите. Чувството на недостаток на сила, желба, посакување, виша помош итн. Од првин тој рекол, Елазар: “Што означува тоа Еле“?

“Ако кажеш дека е тоа како ѕвездите во зодијачките знаци, знаци на судбината, тогаш тие се секогаш видливи и променливи.“ И во зборот "МА" т.е во Малхут, се создадени како што е кажано со зборот на Создателот е создадена небесата. Малхут нарекувајќи се со зборот на Создателот. Со нив ја создал небесата т.е тоа што ги разделува Јешсут и ЗОН, тоа што ја разделува вишата сфера од ниската сфера, од души.Тоа сето е создадено со зборот на создателот. Што значи "Збор"?

Од тука може да видиме што значи молчел, што значи Раби Елазар не можел да говори , што значи Раби Шимон плачел? Тука се случува некое неопходно дејствие за да почне да се разоткрива замислата т.е зборовите на Создателот, неговиот Збор. И бил зборот Малхут, во кој се разоткриваат зборовите на Создателот. Со овој збор е создадена небесата тој говори. Малхут се нарекува по зборот на Создателот. Од овој збор Малхут, со помош на овој збор на Создателот. Во него е такво дејствие кое веќе ја создава небесата т.е високата граница меѓу ЗеирАнпин и Јешсут.

Но ако Еле т.е створението, говорат за скриени тајни, тогаш не би требале да пишува "Еле". Затоа што ѕвездите и знаците се видливи за секој. Затоа што зборот "Еле"="Ова" говори за тоа што на сите им е јасно,сè е видливо.

Во принцип,од каде надолу се спуштаат силите кои не формираат нас? Или тие порано се јавуваат на небото во Јешсут и тоа се смета за знакот Зодијак. Или ова во "Еле" се случува веќе, е разоткриен на сите, се разоткрива во Малхут. Тогаш тие не се јавуват во тајните знаци на судбната. Како да се поврземе со таа сила? "МИ" која не формира нас, која нас не исправува.Тоа е оваа сила "Кој". Ова сега засега е прашање.

Точката 11 е прашање т.е Раби Шимон го прашува Раби Елазар, побарува помош од повисокото скалило затоа што Елазар значи; "Ел"=Бог, и "азар" = помош. Ова е Син. Рашби, Раби Шимон Бар Јохај,т.е неговата следна скала.

Точка 12. Тајната била разоткриена другиот ден,т.е.следното достигнување, затоа што "ден", не постои во духовниот свет. Кога бил на брегот на морето.. "Море" се мисли на морето на светлината Хохма. Светлина на достигнување, разоткривање. Светлина на сезнаење. "Кога бев јас на брегот на морето",т.е.пред мене се протегала целата светлина на сезнаењето.."Но јас бев на брегот" т.е на неговиот крај, достигнувајќи го крајот на тоа море. Само по себе, кое е безгранично."Се јавил кај мене пророкот Елијаху". Елијаху е личност, пророк. На руски во превод Елија. Ние знаеме што значи Ел=Бог. "Лија"значи Мој. Значи Елијаху значи дека е пратеник на Бога.

Кога ние почнуваме да ги разбираме имињата, ние треба да разбереме во нивното вистинско звучење. Затоа што тие тогаш нам ни раскажуваат за ср'жта, суштината на тој објект или сила. Пројавувањето на Создателот пред нас се нарекува пророкот Елијаху. Рекол Раби Шимон раскажува; “Што означува Ми Бара Еле, Кој Го Создаде Ова? Му одговорив јас нему. Тоа е небото и небесните сили. Дејствијата на Создателот. Гледајќи на нив луѓето треба да го благословуваат Него.“

Како што е кажано:"Кога јас ја гледам небесата, дело на твоите раце" ова е од Псалмите. Ако на луѓето им се откриваат дејствијата на Создателот, кога јас ја гледам небесата,  дело на твоите раце, тогаш јас тебе те благословувам. "Владико наш колку е величенствено името твое на целата земја, во сè што ти го пројавуваш во мене".Земјата се нарекува "Арец" од зборот "Рацон", кој означува желба.

Во сè што ти пројавуваш во моите желби т.е ги исправуваш нив, се наоѓаш во нив. Во тој случај твоето присуство во нив развива во мене чувство на благослов, благодарност кон тебе."МИ", откриј ми мене Елијаху! Раби!" Се мисли на Раби Шимон,кој зборува; "Скриен го земал дворецот и го разоткрил во вишиот совет".

Зохар ни раскажува за тие дејствија кои се случуваат во нашите души. Раби Шимон, тој е посебен степен на душата, го прашува својот син Раби Елазар. Не добива од него одговор. Потоа ни раскажува што го довело до ова прашање.

Дека тој некогаш бил на границата на достигнување, крајот на морето, граница на достигнување. Морето се нарекува "Море на Мудрости" Во оваа состојба кај него се јавил пророкот Елијаху. Самиот Елијаху го прашал ;"Знаеш ти Кој Го Создаде Ова"?

Ова се пројавува кај човека тогаш кога тој ја гледа Небесата, делото на рацете на Создателот. Кога му се разоткрива тоа во небесата, тоа што Создателот го создал и автоматски произлегувајќи од тоа, тој го благословува Создателот. Ми одговори мене:"Скриен го земал дворецот и го разоткрил во Вишиот Свет, и еве што тој разоткрил. Кога посакал да се разоткрие најскриеното од скриените т.е има таков Парцуф, кој е скриен во скриените. Скриен во двојно скриените, скриен меѓу скриените. Скриен од сите скриени. "Направил тој една точка, Малхут во себе". Овде се говори за Парцуфот Атик. "Ова се подигнало во негова мисла" т.е Малхут се дигнал и се соединил со Бина, и формирал во него сè создано и сите закони, ги утврдил. Каде? Во Бина.

Каде е заклучокот на целата мудрост? Малхут кога се подига во Бина, со своите желби и стремежи, ја присилува Бина да добива Хохма. И тогаш Бина добива од горе Хохма. Почнува да раѓа, произведува сè што се наоѓа под неа. Ние со вас поминавме 13 точки и со ова ќе завршивме да оставиме малку време за прашања. Повелете.

Прашање : Има многу прашања денес. Многу од нив прашуваат: Што треба да се направи за да се разбере и слуша оваа книга?

Одговор: Најпрво треба да знаете дека во книгата Зохар нема ништо да разберете, а второ да се сконцентрирате и постепено ќе почнете да се ориентирате како дете во нашиот свет кое расте. Книгата Зохар на тој начин го води човекот во возвишениот свет. Само да читате тоа што вие не го рабирате и не го знаете со отворени љубопитни очи.Тоа е сè. И да се стремиш како дете да дофатиш сè околу себе. Ништо повеќе.

Сè друго ќе си дојде само по себе. На никаков друг начин не можеш да влезиш во тој Возвишен Свет. Ниту преку главата ниту пак низ некои чувства кои ние сеуште ги немаме.Може само на овој начин, непосредно. А..Јесуд, Атик, АрихАнпин, граница на небо? Што е тоа? Не разбирам. Одлично. И не треба да разбереш. Само така понатаму и понатаму, присуствувај во тоа и ќе почнеш да се ориентираш.

Ќе почнат внатре во тебе да се пројавуваат некакви внатрешни чувства. Тогаш буквално ќе бидеш во тој свет, во кој ти сега не се наоѓаш. Се наоѓаш, ама не го чувствуваш, не е од тебе.

Лекција бр 4 . - „Видението на Раби Хија“ Дел 1

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica