Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Терач на магариња“ Дел 5

23.05.2010

Добар ден на сите наши слушатели и гледачи, ние денес го започнуваме нашиот час како и обично, од книгата Зохар. Ние ја продолжуваме статијата „Tерач на магариња". Ние со вас се наоѓаме во книгата Зохар. Оваа овде книга, на страница 414, т.89, ние треба да ја продолжиме статијата која се нарекува „Терач на магариња", терач на мулиња. Зошто така се нарекува статијата, ние со вас веќе зборувавме, но јас ќе ви напоменам.Затоа што нашиот материјал се нарекува „магаре", затоа што тој воопшто нема глава, тој работи само според решимот, информациски податоци, гените, кои во него положени, и тој целосно е од нив управуван. Значи, како да се управува со овој наш материјал, нашето тело, нашите особини, за тоа, во принцип, зборува кабалата. За да не доведе нас до подготвеното од нас, духовно возвишување. За ние, во текот на овој живот, во овој свет да можеме да се искачиме на следното ниво, затоа што во овој свет ние постоиме во вид на магаре.

Магаре на хебрејски се нарекува хамор. Ние знаеме дека хебрејскиот е посебен јазик, во кој називот на зборовите е соодветен на особините на објектите, наречени со тој збор. Магарето се нарекува хамор – од зборот хомер= материјал, материја, затоа што тој ја олицетворува најживотинската материја. Вистинско животно, кое се движи само под принуда, а без тоа е апсолутно ладнокрвно, спокојно и урамнотежено. Исто така и ние, нашиот материјал егоистички – тој се наоѓа во состојба на целосно мирување, тоа е негова природна состојба.Ако тој прави некакво движење, тоа е само поради тоа да се прими одредена награда, која изразито порано се чувствува од негова страна, како попожелна состојба, во однос на таа, во која тој се наоѓа сега. Т.е. потрошената енергија на дејството за да се достигне наградувањето, таа треба да биде помала, отколку таа награда. Наградата треба да биде поголема – тогаш е таа оправдана, тогаш таа навистина се смета за награда, и поради неа вреди да се изврши дејство. А поинаку тоа нема ни да мрдне, нашето со вас магаре. Значи, целиот наш живот во овој свет се наоѓа на нивоата неживо, растително и животинско, и ние со вас припаѓаме, по мислењето на кабалата, на животинскиот свет. Во тоа нема ништо понижувачкo, таква е нашата суштина, такви сме ние создaдени, направени. И затоа, во принцип, тука се потенцира нашата подложност на управување, со целосно отсутство на слободата на вољата.

А за да не доведе до состојбата "човек", следно ниво, за тоа е дадена одредена сила, не на сите, туку на одредени луѓе. Постепено таа сигурно ќе им се открива на сите, но се открива постепено. И оваа сила работи врз нас како терач на магариња. А терачот на магариња работи многу едноставно – тој во рацете има стапче, кое се нарекува стимул.Стимул во превод од грчкиот јазик значи стапче со наострен врв. Значи, со помош на овој стимул, со помош на ова стапче, терачот на магариња ги подбуцнува мулињата, магарињата, и тие на таков начин одат напред. Поинаку тие не се движат. Значи, книгата Зохар објаснува, дека токму на ист таков начин делува врз нас силата која не движи напред, и ние во дадениот случај исто се нарекуваме магариња, а оваа сила – ангел, таканаречен, кој делува врз нас, не подбуцнува, за да се движиме напред.Тоа е силата која нас не' развива, затоа ние со вас се развиваме. Се развиваме од почеток на нивото на нашиот свет, до состојбата на животинскиот развиток, кој ние го достигнавме.Потоа ние чувствуваме дека целото наше движење кон таа состојба било изнудено.Ние чувствуваме дека сме во ќорсокак, во таква состојба, кога понатаму нема каде да се движиме.Така намерно, со подбуцнување, терачот на мулиња не' втера во ќорсокак. И сега тој и понатаму не' подбуцнува, и не' принудува да најдеме некаков излез од тој ќорсокак. И така ние со вас, како овие несреќни магариња, трчаме во тој ограден простор, во кој ние себеси се втеравме самите, под влијание, нормално, на принудувачката сила, развивачката сила на нашата природа.И сега ние со вас треба да најдеме некој излез од оваа состојба.

И тука ние откриваме, како што вели книгата Зохар, дека во замена на нашиот претходен терач на магариња, доаѓа нов терач, кој почнува да не' движи нас веќе нагоре. Во насока на реализација на нашата намена, - кон Создателот. Кон достигнувањето на нивото "Човек" – "Адам", што на хебрејски значи подобен, сличен на Создателот. Токму кон таа состојба ние со вас мораме да дојдеме. И за тоа зборува оваа статија, многу сериозна статија, базична статија, јас би рекол, во предговорот кон книгата Зохар. Целиот предговор кон книгата Зохар, овој том- целата оваа книга, иако таа се нарекува Зохар, таа е генерално го содржи во себе само предговорот кон книгата Зохар. Затоа што книгата Зохар продолжува понатаму. За да се движиме напред духовно, ние треба овој терач на мулиња да го изучиме, овој ангел.Да почнеме да го адаптираме на себе на таков начин, за да тој нас не не' подбуцнува за ние да се движиме некаде, и ние би се движеле понатаму како магариња.Но тоа е невозможно кон духовното да се движиме како магариња, затоа што духовното движење, почнувајки од нашето време и понатаму, ете, например, зошто ние со вас се чувствуваме во состојба на дискомфорт?Затоа што нас, фактички, оваа состојба не' принудува да бараме свесен, осознаен, видлив, предвидуван, одреден од нас, некој си пат напред.Но не да се развиваме така, како да не знаеме каде ние се наоѓаме и само така едноставно изнудено живееме.

Сега ние со вас чувствуваме желба да ја дознаеме смислата на секое наше дејство. И сите тие дејства – се смислата на нашиот живот. Тоа зборува за тоа, дека терачот на магариња сега си поставил друга цел- тој не' принудува нас самите себеси да се тераме. За ние самите да ја пронајдеме оваа цел, за ние самите да го најдеме овој стимул, ова стапче со остар врв. И ние самите себеси да се подбуцнуваме, само сега во насока кон целта.Кога тие подбуцнувања би ни причинувале радост, затоа што тие би не' насочувале кон посакуваното. Тое е во принцип, за што ние тука со вас зборуваме. Иако самиот материјал е многу сложен, и јас се обидував малку да го поедноставам и малку поинаку да го претставам, вие разбирате, дека во Зохар е напишано многу помалку од тоа што јас тука го допишав, но сепак овие мои допишувања се многу сложени. За да се разберат тие, неопходно е да се знае целиот систем на управување од светот Ацилут со нашиот свет, со нас. Но ние ќе се обидеме да го кажеме тоа со свои зборови, затоа што, во принцип, тоа е доволно.Затоа што вие знаете, дека ние ја учиме кабалата, не за да ја знаеме, сеедно ништо нема да знаеш, се додека не видиш, не почувствуваш врз себе, не вкусиш. Затоа е речено:"Вкусете и почувствувајте и дознајте колку е прекрасен Создателот". Т.е. целиот ситем на вселената – ти треба да го сфатиш, спознаеш, да го осетиш, да го вкусиш, ти мораш да го впиеш во себе. Само на таков непосреден начин може тој да се сфати.Но дотогаш ние ништо не разбираме. Затоа ќе ја предизвикуваме со нашите изучувања вишата светлина, за таа да ни го отвори срцето, нашата желба, на правилен начин, така да таа да може да го почувствува вишиот свет.

Тука ние со вас зборуваме за овој терач, кој тие го наговараат, раби Елазар и раби Аба, да седне на нивното магаре, т.е. на нивниот материјал, на нивната желба, и да ги води понатаму. Кон таа состојба, во која тој се наоѓа. А тој вели: "Јас се наоѓам во кула, која лебдее во воздух", тоа е посебна состојба, и таму: "Јас се наоѓам заедно со Создателот, таму живеат само двајца, во таа кула, јас и Создателот". И почнал да зборува уште нешто такво, што дури раби Елазар и раби Аба, големите мудреци на Зохар, кои го напишале Зохар. Раби Елазар е следното скалило на раби Шимон, авторот на книгата Зохар, т.е. тоа е највисокото скалило постигнато од кабалист, освен Мојсеј. А раби Аба е тој ученик на раби Шимон, кој ја напишал книгата Зохар, затоа што раби Шимон зборувал, настапувал пред своите ученици, а раби Аба седел и запишувал. Тој умеел да ги запишува зборовите на раби Шимон така, и ние го гледаме тоа во книгата Зохар.Иако тој небаре ги опишувал, но сепак тој ги опишувал во таков клуч, што тие, кои не разбираат, читаат и си претставуваат сосема неправилни, неточни слики, на духовната состојба. Зошто тоа е направено? – за да не се расипат луѓето, да не им се даде можност да се допираат до духовните сили, за кои тие сеуште не се подготвени.

Бидејки целиот проблем на човекот во нашиот свет е тоа, дека тој почнува да владее со силите за кои уште морално не е подготвен. И затоа замислете, на нашиот човек, во нашиот свет не смее ниту нож во раце да му се даде. Палицата веќе за него е смртоносно оружје. Раце и заби – и тоа е премногу, а тука можете да си претставите, со што природата намерно го наградила. Го донесе до вакви проблеми. Какви огромни сили имаме ние во рацете. Такво во кабалата не постои. Во кабалата човекот го постигнува само тоа скалило, само тоа ниво, кое може да искористи за себеси и за другите за благодет.

Значи, го наговараат тие да им раскаже тој понатаму кој е неговиот татко, т.е. какво е неговото претходно скалило, на овој терач на магариња. Т.е. раби Елазар и раби Аба олицетворуваат со себе магариња, материјал, кој треба да се измени, за да понатаму се крене до нивото на Создателот.Овој терач на магариња,- тоа е сила, која нив ги крева, овие две души. И тие го наговараат да раскаже за себе, затоа што на таков начин тие ќе го знаат овој систем, кој со нив управува, тоа ќе им помогне да се искачуваат. Значи, тие го прашуваат:" Каде е твојот татко? Кој е тој? Тој им вели:"Местото на живеење на мојот татко е во големото море". "Големото море" се нарекува Малхут на светот на Бесконечноста. "Море" се нарекува морето на светлината Хохма, светлината на Мудроста. И тој бил таму голема риба, т.е. концентрација , серум на оваа мудрост. Постојано што кружи од крај во крај по целото море. И тој беше голем, и остарел, додека не ги голтнал сите риби во тоа море. Т.е. сите останати, какви и да беа, малечки туѓи тела во тоа море на мудроста различни особини, тие сите се обединија во една голема основна особина. И потоа ги испуштил нив од себе, тие мали риби кои ги голтнал, живи, и полни со најдоброто од светот. Т.е. затоа тој ги голтнал, ги апсорбирал во себе, за да ги наполни со својата мудрост и потоа повторно да ги пушти. И тој имал сила да го проплива целото море во еден миг, т.е. сите скалила на сите светови, од крај до крај. Не постепено, скалило по скалило да ги помине.Туку тоа беше таква душа, која прескокнуваше од крај до крај. Т.е. таа ги вклучувала во себе апсолутно сите скалила, како една целина, како едно скалило. И го извадил него, го погодил како воин со стрела, и го однел на тоа место, за кое ви кажав јас, во кулата, која лебди во воздух. Т.е. Создателот го извадил него и го кренал во кулата, која лебди во воздух. Неговиот татко, т.е. целата таа огромна виша мудрост. Но потоа го вратил тој на свое место и се скрил во тоа море. Тоа е тоа што тој го раскажува. Опишувањето е такво, што може било како да се сфати.Но тоа зборува за...

Мене тоа, за многу што ми зборува, затоа што јас си го претставувам тој обем.Тоа е нивото на глава од светот Ацилут, каде што постои системот, наречен Атик, А'А, два големи, огромни блокови, во кои е положена целата мудрост на творбата, целата светлина на мудроста, светлината Хохма.Таа е затворена во една состојба, наречена една голема риба...Зошто риба? Затоа што оваа светлина Хохма се наоѓа во обвивка од светлината Хасадим. Ние со вас знаеме, дека невозможно е да се добие светлината Хохма, светлината на Мудроста, ако таа нема да се наоѓа во давање, во светлината Хасадим.Така и ние со вас во почетокот, кога се искачуваме од нашиот свет, не еднаш тоа го пишувавме, овој свет...

Ние се искачуваме во почеток во особината на Бина, или тоа се нарекува Хафец Хесед, или едноставно особина на давање, а потоа во особината Хохма, или Кетер, не е важно како ќе се нарече...Тоа е веќе да се прима поради давање. Значи, целата оваа мудрост, оваа голема риба, таа се наоѓа внатре во светлината Хасадим. Хафец Хесед, Хасадим, а ова е Хохма.На таков начин Зохар нам алегорично ни го објаснува овој систем. Погледнал раби Елазар на реченото и одговорил: " Ти си син на светиот извор, ти си синот на раби Амнон Саба, ти си синот на изворот на Тора, т.е. на светлината , и ти ги тераш по нас магарињата?" Т.е. како можеш ти, од таква висина, кој си ти и кои сме ние, да ги тераш нашите магариња. Т.е. тоа сме ние. 'Заплакале заедно тие, го бакнале и тргнале понатаму". Нормално, тргнале сите заедно, затоа што без него тие да одат, не можат. Тој треба нив да ги крене до своето ниво. "Заплакале" – тоа значи дека тие ја признаа својата нижа состојба, малата состојба, затоа што плачот значи кога нема сили, нема разбирање, кога е невозможно нешто да се направи.Очај, т.е. знак на слабоста, знак на малата состојба. "Се бакнале" – тоа значи дека тие се соединија меѓусебно, на нивото на заедничкото разбирање, кога едната рош и другата рош се соединуваат заедно преку заедничко пе. Пе – тоа е местото на зивуг, каде што се наоѓа масах.

Вие знаете дека во духовниот парцуф постојат: рош =глава, тох = место каде што тој добива, и соф = каде што тој не добива светлина. Рош се завршува со место, кое се нарекува пе = уста. Тоа е место, каде што се наоѓа масах, екран, со чија помош се одредува колку од светлината Хохма колку може да се прими, а колку не може. И затоа ние имаме зивуг, т.е. спојување помеѓу парцуфим, помеѓу душите, кое се одвива преку устата. Кога тие меѓусебно ги сложуваат своите мисли, своите намери, тогаш се смета зивуг пе-ел-пе, како бакнеж, од уста во уста. А постои спојување зивуг де јесодот, тоа како по полов пат се одвива меѓусебното соединување.Тоа се одвива кога се случува предавање на информацијата само од таа која се наоѓа во телото. Тука постои таква состојба, или место које се нарекува јесод. Значи, постои соеднување преку уста и соединување преку јесод. Преку устата, бидејки тоа е сличност само во намерата, не постои сеуште разлика помеѓу машкото и женското суштество.Додека во јесод, како што ние знаеме, преку телото кога поминува светлината, таа веќе ја изразува разликата помеѓу десниот и левиот дел, машкиот и женскиот, и таму се одвива посебно спојување во јесодот. Таму се потребни притоа посебни услови за тоа. Затоа што тоа веќе се одвива преку светлината, која се наоѓа во телото на парцуфот, во неговиот внатрешен дел, кој веќе целосно ја адаптира оваа светлина спрема себе.Затоа што некој ја адаптира таа светлина во вид на машки дел, некој во вид на женски дел.И сите тие треба да бидат, ако да, тогаш слични еден на друг.За да се спојат помеѓу себе. Но тука се зборува за зивуг, за бакнеж.

"И рекол понатаму: можеби ќе сака господинот наш да ни го каже своето име", т,е, тие веќе сакаат тој да ги доведе до нивното откривање. Со име се нарекува откривањето. Работата е во тоа, дека во нашиот свет ние им даваме имиња, и воопшто, што и да правиме во нашиот свет, ние го даваме тоа произволно. Што значи произволно? Така што ние не знаеме како сето тоа ни доаѓа во главата. Многу едноставно. Ми се роди син, и јас го нареков Ури. Ури – е од зборот Ор = светлина. Зошто јас така го нареков? Ако ме прашате – јас не знам. Ми дојде во главата. Од каде? Случајност во светот не постои. Нормално, дека вишото управување на некаков начин, преку некои патишта одозгора надолу, како и во се' што се управува со нас, создаде такво дејство, и мене во главата ми дојде мисла да го наречам на таков начин. На ист таков начин ние во нашиот свет ги нарекуваме сите дејства, сите именки, сите глаголи.Сето она што ние го нарекуваме некако, објекти, се' што се случува со нив, ние ги нарекуваме небаре случајно. Наводно, тоа се создаде како резултат на нашата еволуција, на нашето општење, позајмување на зборовите од јазик во јазик, и т.н.Сето тоа не е точно. Сето тоа наводно се одвива случајно.Сето тоа не е случајно. Тоа се прелива огромното духовно кли, кое нас меѓусебно постојано не' зближува, измешува, и како резултат на тоа, кај нас се создаваат секакви чувства. И тие чувства добиваат одозгора таква, несфатлива за нас информација, и ние затоа ги нарекуваме на таков начин. Во духовниот свет такво нешто не постои. Во духовниот свет, кога се постигнува објект, и во тој момент, која јас тоа го гледам, - јас наеднаш започнувам внимателно да се загледувам во тој објект.И почнувам да разбирам што е тоа, неговите причини и последици, генерално неговата внатрешна суштина, и во соодветност со тоа јас го чувствувам неговото име. Затоа што неговото име значи неговата особина основна.Бидејки името на објектот ги означува неговите стадиуми – 0, 1, 2, 3, 4.А секој објект се состои од 5 стадиуми, или тоа се Кетер, Хохма, Бина, З'а и Малхут, во кои се наоѓа светлината, Нецах, Роах, Нешама, Хаја, Јехида – НАРАНХАЈ.

Значи, ако јас земам екран, оваа светлина НАРАНХАЈ ми кажува за тоа каков екран има во парцуфот. Колку е поголем екранот, толку е поголема оваа светлина. И оваа светлина ја сместувам во овие Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут, кои се константни. Ова е константно кај нас, гематријата, нумеричкото значење е 26. А ова е не е константно, зависи од екранот, променливо. Т.е. ова е основа на секое суштество, таканаречено АВАЈА, а светлината зависи од екранот. И тој постојано се менува, варира. И оваа променлива светлина, која се сместува во константното АВАЈА, токму таа во збирот ми го дава името. На таков начин ние во духовното точно го знаеме иметот на овој објект, оваа појава. Додека во нашиот свет ние не знаеме од каде сето тоа го земаме, но тоа кај нас се создава, и се создава, сигурно одозгора. Затоа што воопшто ништо од никаде не се појавува. Се' е апсолутно точно одредено однапред.

Значи, тие го прашуваат него:" Кажи ни го, те молиме, твоето име"Т.е. дај ни да го достигнеме тоа скалило од каде ти произлегуваш. За ние да видиме за што ти зборуваш. И тој почнува да им раскажува. Тој вели, "Речено е:Јас сум Бенијау, син на Јаујад"Тоа е многу сложено за изговор, затоа што зборовите не се од нашиот свет, тоа се комбинации на буквите, кои говорат за тие особини и тие светови, кои се наоѓаат на неговото ниво. "Тоа е многу убаво кажување, но за да се покажат вишите тајни". Самото име Бенијау, Бен на Јаујада, ни говори за тајната на светлината на мудроста – светлината Хохма. И се нарекувам јас исто така Бен Иш Хај – син на живиот човек" Бен – тоа е син, Иш – тоа е човек, човекот има неколку имиња: Бен, Енош, Адам, Гевер, - се' на се 5 имиња по бројот на деловите во душата. Значи, тој сега зборува за делот на душата, за тој што превладува во него.Вели: "Се викам јас Бен Иш Хај, син на живиот човек".Тоа е праведник, кој ги оживува световите, т.е. тоа е направа. Човекот е направа.Не се зборува за нашето животно тело, ние веќе не зборуваме за нашите магариња. "И освен Бен Иш Хај тој се нарекува Рав Паалим, Рав – тоа е голем, а Паалим – тоа е делувачки, т.е. широко делувачки, универзално делувачки. Зборува за тоа, дека е владетел на сето што се случува.Дека сите сили, вишите особини, вишата војска, сите сили – сето произлегува од него, и исто така тој се нарекува Создател на Силата, господар на сите, сето, и "во се' е Тој". Тоа го претставува неговиот татко, т.е. од каде што тој произлегува, од тоа скалило. "Рав Паалим, тој е и Мекабциел..."значи, освен тоа што е Рав Паалим, ние со вас мораме овие зборови на некој начин некако да ги запомниме. Тие се многу интересни. Тие се сретнуваат во Зохар многу пати, затоа што тие се корења на нашата душа.

Значи, тој зборува за тоа дека, како прво:"Се викам Бен Иш Хај, Рав Паалим, Мекабциел". Значи Бен Иш Хај – син на човекот, живиот.Живиот не како во нашиот свет, нормално, Рав Паалим – тоа е многу ( Рав = голем) делувачки, или универзално делувачки, и Мекабциел.Како ние го преведуваме Мекабциел, собирачки, така е подобро. Така јас го имам преведено тука..."универзално делувачко и собирачко е ова високо дрво, најголемо од сите". Од кое скалило произлезе тоа? Тоа поново ни го укажува изворот – од Мекабциел.Затоа што тој е – највисокото скалило, скриено, кое никој го нема видено. Се' постои во него, тоа ја собира во себе целата виша светлина. И сето произлегува од него." Т.е. ако ние со вас направиме таква духовна хиерархија, тогаш третата особина – Мекабциел – ќе биде највисока, потоа Рав Паалим се наоѓа тука , под него, и Бен Иш Хај се наоѓа долу. Така е структуиран системот, ни вели тој. "Оваа највисока, света и скриена одаја, во која се собираат сите скалила".Ова Рав Пааил и Мекабциел, собирачки, т.е. во него се наоѓа збирот на сите дејствија и светлините, т.е. збирот на кли и ор, се наоѓаат заедно, се' што постои во вселената, се наоѓа тука во овој систем Рав Паалим и Мекабциел и се' е скриено во неа. Внатре во таа одаја се наоѓаат сите светови. "Сите свети ( т.е. давачки) сили се хранат од неа, се оживуваат од неа и зависат од неа". Сето ова се наоѓа во Ацилут, тоа е светот Ацилут. И овој Рав Паалим Мекабциел. "Тој убил двајца – Ариел и Моав." Ги убил. Ариел и Моав, т.е. две големи сили, кои биле со намера.. Т.е. ние со вас имаме секогаш желба, желбата е создадена од Создателот.Таа е разбиена на многу мали делчиња, но да се уништи е невозможно – таа е материјал на суштеството. Како по законот на неисцрпноста на енергијата, материјата, не е важно на што...тоа е константа во природата. А над желбата постои намера, за што ние ја користиме нашата желба.

Намерата може да биде различна, намерата може да биде давање- да се дава, или да се прима. Желбата може да биде само една – да прима. А ако е намерата да се дава, тогаш таа ја менува смислата на дејството на спротивно, ако јас можам да примам поради давање. Значи постојат во суштеството само 3 состојби: или состојба, кога јас во мојата желба примам, или состојба, кога јас својата желба ја затворам и ништо не примам, или состојба кога јас примам, предизвикувајки со тоа во давателот насладување. И токму поради тоа јас примам. Т.е. тука е намерата да се дава, тука ништо не правам, т.е. пасивна, така и ќе напишам, а тука примам. Тоа е смислата на дејствата. Но и тогаш кога јас давам, исто така ништо не давам, јас само примам, за да предизвикам во давателот насладување. И така јас му го давам насладувањето. Како детето, со тоа што нешто прави за родителите, предизвикува во нив насладување.Всушност тоа цело време само прима.

Т.е. јас го користам нашиот однос на љубов, ако тој постои помеѓу мене и давателот, ете тука, кој мене ми дава.Тогаш тука треба да постои љубов, и тогаш јас можам да ја искористам оваа особина на љубов, за да давам. Значи само 3 состојби можат да постојат во суштеството. Така што, кога тој вели дека јас убив двајца, Ариел и Моав, ги убив, се мисли на "ја уништив оваа намера за примање, која беше на едната од желбите, во моќноста своја", наречена во гематријата, знаете во гематријата, во нумеричката димензија, наречена Ариел, а во другата наречена Моав. И тој вели:"Мојот татко е толку голем, што тој ги променил овие намери на егоистичките желби. Тој ја убил намерата за примање, наречена Ариел, и втората намера за примање наречена Моав, и "Два свети Храмови постоеле благодарение на Атик". Атик е највисокиот облик на светот Ацилут, ете тука. Се нарекува Атик, ние многупати со вас зборувавме, од зборот неитак = апсолутно скриено од нас, отсечено од нас. Неитак – тоа е изолиран, од зборот нетек, и примале од него.Првиот и Вториот Храм( т.е. од овој Атик) . Бидејки исчезнал Атик, подзапрен е процесот произлезен одозгора. Тоа е слично на тоа како да ги удрил и ги уништил нив.

" Што се случило понатаму? "А светиот престол, Малхут?Ние мораме да го нацртаме целиот систем на светот Ацилут. Така полека и да се ориентираме.Иако тоа ви се чини некако хаотично, но вие од целиот овој хаос, како дете, кое се вртка, нешто прави незнаејки зошто, и наеднаш светот, како мозаик, почнува да се составува. Така и кај нас во кабалата.Тоа е во реалноста најнормално навлегување во ново чувствување, нов простор. Така што не се грижете, дека сето ова е некако расфрлано.Те се зборува нешто за ова, за она. Навистина тоа се впива и се составува внатре во мозаик.Но новите состојби, се мисли на нов свет, не можат поинаку да се совладаат, да се запознаат со нив, само преку такви, како да се каже, несистематски впечатоци. А светиот престол, Малхут е симнат. Затоа е речено од пророкот Ихезкел ( тоа е пророк, кој живеет 800 години пред нашата ера,: "Тоа скалило, нарекувано Јас, Малхут, е во прогонство" Од чувствувањето на Создателот. Малхут се нарекува, како што ние со вас зборувавме, систем, во кој се соединуваат сите наши души.Сите наши души треба да се кренат кон Малхут и да се соединат во неа. Тоа се посебни души. "Светиот престол на Малхут е симнат"Т.е. сите души паднале и затоа Малхут е симната, нема во неа души, и затоа не може таа да добива одозгора светлина. Затоа таа се нарекува "во прогонство" Т.е. тоа скалило, наречено "Јас, Малхут е во прогонство...Ова "јас" е јас на секој од нас.Ако ние ја достигнеме Малхут и таму се реализираме себеси.Зошто? "На реката Квар".Таков назив постои во духовниот свет, назив на реката. Под "река" се мисли на течение на светлината Хасадим, која слегува одозгора надолу.Квар е потесна, отколку што беше, а сега исчезнала. Како што е речено, реката е уништена и пресушила.Уништена во 1-от Храм и пресушила во 2-от Храм.Т.е. постоел тука некој извор, преку Атик, А'А, АБ'И, потоа преку З'А , имало извор, кој поминувал во Малхут. И овој извор отпрвин се исклучил во 1-от Храм, т.е. исчезнала од него светлината Хохма, тоа е рушење на 1-от храм. А потоа, откога исчезнала светлината Хохма, престанала да произлегува одозгора.Тој целосно престанал да постои во 2-от Храм. Тоа е, кога престана да постои светлината Хасадим. Т.е. генерално исчезнало самото кли, таа шема престанала да постои.Таа постои, но е апсолутно мртва.Затоа се вели пресушила и е уништена, односно се уништила во 1-от Храм и пресушила во 2-от Храм. Т.е. постојат патишта, но сите тие се апсолутно празни и пресушени.

Одозгора надолу мора да дојде до нас, душите, тоа духовно изобилство за да не наполни, а ова од духовно изобилство постои само патот, по кој тоа треба да слезе. Но дури и тој пат треба во почетокот да се обнови, востанови. Т.е да се положи како основа во него: отпрвин поток на светлината Хасадим, а потоа, во неа веќе ќе може да се пушти светлината Хохма.Затоа е речено, дека ги удрил и ги уништил двајцата, Ариел и Моав. Тоа се големи имиња, и ние нив ги користиме, Ариел и Моав. Моав вие можете да го сретнете во Тора.Тоа е назив како на некои пагански племиња, а навистина Моав значи ми- Ав, од таткото, од вишиот Татко, од Создателот. Сите грешници во Тора, сите големи злосторници, тоа навистина се такви особини, кои ние сеуште не достигнавме, не се удостоивме да ги исправиме. Не се удостоивме да дојдеме до нив, затоа тие ни се чинат такви зли, обратни, далечни и т.н. Т.е. "Моав од зборот ми-Ав, што означува "од небесниот Tатко", сите се уништени за Него.Целата светлина, која им светеше надолу на душите исчезнала. И уште.

"Се спуштил тој и го удрил лавот."Малхут има два облика на духовно олицетворение, тоа се лавот и кучето. Соодветно на тоа, како ние дејствуваме, ако ние посакуваме да се искачиме во Малхут, ако ние посакуваме да се соединиме заедно, тогаш ние предизвикуваме во неа состојба, наречена лав. Ако, пак, ние сакаме само да примиме, да зафатиме нешто од неа, тогаш Малхут го добива обликот на куче, и светлината, која слегува врз неа го има истиот облик. На пренебрегнувачко животно. Тора има однос спрема кучињата како кон нешто многу непријатно, непристојно. Во споредба со лавот – лавот олицетворува величие, цар на природата. Значи, се спуштил и го удрил лавот, неговиот татко.

"Во почетокот, кога таа река ги носеше своите води надолу. И тогаш сите овие души беа во совршенство, затоа што принесувале дарови и жртви за своите гревови за спасението на душите свои".Што значи да се принесуваат жртви? Т.е. ако во мене постои желба, ова е мојата желба, јас исекувам од неа дел, и го принесувам како жртва на особината на давање. Кон особината на давање јас оваа желба ја приложувам и таа се нарекува жртвен дар. Т.е. навистина жртвувањето значи исправување на душата. Т.е. јас секојпат земам од својот животински дел од својот егоизам, некој дел.Го умртвувам во таков облик во каков што моментално постои.Ние со вас веќе зборувавме за тоа што значи да се умртви, каде ли тоа беше...еве тука. Кога кај нас постои намера да се дава или да се прима. Значи, кога кај нас постои намера да примам, јас ја умртвувам, и наместо тоа правам желба да давам. Тогаш се вели, дека јас таа желба ја принесувам како жртва. Жртва на особината за давање. Во тоа се состои целата суштина на жртвувањето.Нам ни се чини, дека тоа се некои пагански обичаи, но тоа не е така. Сите тие имале за основа апсолутно точно дефинирани духовни закони,кога ние зборуваме за Храмовите, 1-от и 2-от.

"Тогаш се спуштал одозгора ликот на лавот, тогаш го виделе него на олтарот, на Малхут, како ги гази телата на жртвите и ги јаде".Т.е.кога слегуваше светлината, која го олицетворува огнот, светлината Хохма, "а сите кучиња замолчувале."Со такво поубаво опишување во оригиналот, Зохар ни раскажува за тоа како се одвива вклучувањето.Но тоа е алегорија, нормално, зад тоа стојат многу, секакви...Ако вие го прочитате на руски јазик тоа што јас го напишав,само мало појаснување на јазикот на кабалата. А што навистина таму се случува со сфиротите, световите, парцуфим, екраните, решимот?Сите тие дејства, физички, како тие точно дефинирано се опишуваат.Но за сето тоа нема да ни стигне време. Нам тоа не ни е потребно.Потребно ни е само да стекнеме чувство за тоа, дека сега ние би сакале да ја добиеме од Зохар оваа виша светлина. Каде ли е таа, што ќе не исправи? И ние ќе почнеме да ги чувствуваме сите овие особини. Дека сето тоа постои, дека поминува на нас, се зборува за нас и нашата душа, која принесува жртва.Т.е. ги исправува дел по дел своите делови, своите пластови, чувствува како одозгора врз неа доаѓа вишата светлина.Како таа или се уподобува на кучето или на лавот, соодветно на тоа се открива и вишиот систем, вечен свет, вечна состојба.Тогаш навистина Тора , како што е во неа речено, станува еликсир на животот. Односно ние притоа излегуваме од нашето овоземно, привремено, неисполнето постоење и влегуваме во вечно постоење. Тоа е во принцип тоа што ни е потребно да го достигнеме со помош на книгата Зохар.

Ајде сега да пробаме, или има на нешто да се одговори, има многу прашања? Остана малку време, но ајде побрзо.

Виктор од Санкт Петерсбург прашува: "Како ви успева да го разбирате тоа што е напишано во книгата Зохар, споделете ја тајната"

Јас гледам, а не разбирам. Јас едноставно гледам. Да речеме, стоиме ние заедно, јас во рацете имам двоглед, а вие немате, дури можеби имате и лош вид. И вие ме прашувате:Што има таму, што онаму..Јас гледам со својот вид, ако е потребно со двоглед, ако е потребно со телескоп, ако е потребно со микроскоп.Т.е. јас имам средство, на кој начин можам да гледам. И јас ви раскажувам. Но ви раскажувам тоа што јас го гледам.Но вие не го гледате и тоа за вас претставува нешто ново, чудно, постоечко или не, јас не знам. Вие ми велите – да, не. Некако сето тоа е неразбирливо, заплеткано, несекојдневно. Така што потребно ни е да се здобиеме со тие направи, тие двогледи, телескопи, микроскопи.Но, за да се добијат потребна е вишата светлина, која ќе ни даде екран. Екранот се тие помошни направи, кои ни помагаат да го гледаме новиот свет, вишиот свет. Значи потребно ни е на некаков начин да ја предизвикаме врз себе.Не на некаков начин.Ние точно знаеме – во групата.Ние тоа со вас го поминуваме денес, нашиот трет дел од часот.Како и обично е зафатен со тоа што ние зборуваме за градбата на нашето опкружување, нашиот систем, вклучувајки се во кој може врз себе да се предизвика влијанието на вишата светлина. И ние со вас ќе се движиме. Во принцип ние и така се движиме, но можеме многу поефективно. И тогаш кај вас ќе се појават свои лични направи за гледање и вие нема да ме прашувате. Понатаму.

Прашува Александар од Тољјати: "Дали со желбите човекот се здобива, и на каков начин тие се равиваат?"

Желбите се развиваат од тие информациски податоци, кои во нас постојат и нема ништо во тие желби ново. Ние треба само да ги развиеме, поточно да го забрзаме нивниот развој, тие самите ќе се развиваат. Само многу бавно, долготрајно, и многу болно.Но, ние можеме да го забрзаме нивниот развиток да биде брз, пријатен и забавен. Но тие желби веќе во нас постојат.

Вадим од Уљјановск прашува: "Почитуван Рав! Што значи – лицето на поколението ќе биде како муцката на кучето?"

Тоа нема да биде, тоа веќе е сега. "Пнеј адор ке пнеј акелеф" – така е речено во Зохар. И ќе биде."Пнеј адор ке пнеј акелеф"= Лицето на поколението како муцката на кучето. Т.е. таква состојба ќе достигне човештвото, во својата последна фаза од егоистичкиот развиток, од која веќе со помош на кабалата ќе почне да излегува нагоре. Но јас мислам дека ние тоа веќе јасно го гледаме. Кучешкото лице на нашето поколение.Кога не постојат никакви идеали, кога сите се занимаваат со некакви кражби, а самите не разбираат зошто. Зошто се потребни тие милијарди? Што тој ќе прави со нив? Од нив може ништо да не остане некој ден, но поради тоа се убиваат луѓе.Поради тоа гледате што прават, играат непотребни игри. Но и тоа веќе заминува. Т.е. станува како куче, кога бара цело време, трча од агол во агол по улица, мириса насекаде, каде нешто да се...Така и поколението, ги изгуби сите насоки, апсолутно се'.Дури нема ни точно дефинирана насока во егоистичкиот развој. Нема дури ни сериозни лидери. Тоа и е муцката на кучето.

" Вие рековте за разбивањето на Храмот во објаснувањата. Какви сили влијаеле на тоа да се разбие овој Храм?" – прашува Валентин од Клајпеда, од Литванија.

Храмовите морале да бидат разбиени.За тоа е кажано уште пред рушењето на Храмот. Кажано е уште во пророштвото на Аврам, дека синовите твои, потомците твои ќе бидат, тие кои сега ти ги изведуваш од Вавилон. А од Вавилон отидоа со Аврам заедно илјадници луѓе .Тој бил таму еден од водечките свештеници, тој бил реформатор.Речено му е во видувањето, во пророштвото, дека твоите синови, т.е. овие, кои ти сега ги изведуваш одовде, тие ќе го доживеат прогонството, ќе го доживеат рушењето, и само после тоа ќе станат достојни на духовното возвишување. Така што сите овие подеми и сите падови, од структурата на световите – се точно прогнозирани, видливи и однапред разбирливи. Беа опишани уште од Јаков.Постои пророштво на Јаков, посебно, има за тоа се'. Т.е. кабалата во принцип доста точно ни кажува за нашата иднина, само што таа зборува и за таква состојба.Ние мораме да ги поминеме овие состојби, разбивања и прогонства, а сега ние сите нив ги поминавме, ги завршивме, и дури сега почнува слободата на вољата. Сега ние можеме да дојдеме до исправување по свој личен брз пат, или не дај Боже, ќе се поттурнуваме од вишите сили, многу непријатно.Со помош на тоа остро стапче, наречено стимул, кое е подготвено веќе одозгора за нашите магариња. Така што - да бидеме слични на лавот, а не на магарињата и кучињата. Останете со здравје!

Лекција 24 „Терач на магариња“ дел 6

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica