Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Терач на магариња“ Дел1

20.12.2009

Добар ден драги мои пријатели, ученици, другари! Ние со вас продолжуваме со следната лекција од книгата Зохар, вовед во книгата Зохар. Поточно вовед кон книгата Зохар. Овој вовед го напишал Раби Шимон пред 2000 години заедно со своите ученици, седејќи во пештера на планината Мерон, на севериот дел од Израел. Повеќето од вас таму веќе биле, а ако не, тогаш дојдете заедно тие места да ги посетиме. Тоа е посебно место што поседува посебна состојба-духовна.

Седеле таму 10 мудреци и благодарение на своето меѓусебно соединување, обединување, успеале целосно да се ослободат, секој себе си од својот личен егоизам. Го основале тоа неопходно соединување од 10 сефирот и во него ја откриле Вишата Светлина (сјај) кој се нарекува Зохар. Затоа така ја нарекле својата Книга – Зохар, Блесок Т.е.така го нарекле својот духовен пат, своето постепено меѓусебно обединување и постепенното откривање на Вишата Светлина во тоа обединување.

Се надеваме дека и ние ќе успееме тоа истото да го достигнеме. Ние исто треба меѓусебно да се потрудиме да се обединиме, не ни е потребно да ја достигнеме исто толкавата сила што ја постигнаа тие, туку барем малку да успееме во тоа. И тогаш ние ќе можеме во нашето обединување да ја откриеме Вишата Светлина – Зохар. И затоа кога ние со вас ги читаме овие страници, слушаме нешто поврзано со нивното откривање, нивниот пат, со нивното напредување, тогаш ние со вас треба да пробаме да ги најдеме во себе тие особини, тие сили, тие можности.

Не е важно од каде започнуваме со читањето, дали луѓето присуствувале на претходните лекции или не, тоа нема никакво значење. Тоа е прво. Како второ нема значење колку го познаваме јазикот. Постојат и такви кои не го ни добиваат преводот на својот мајчин јазик, тоа исто не е важно. За напредувањето дури не е ни важно да се знае за што се зборува во текстот. Затоа што текстот дури кога и ќе го прилагодуваме во себе кон нешто, ќе слушаме некој збор и ќе разбираме дека тој збор значи птица, некој друг збор ќе значи животно, а трет – ќе означува некое дејство, сето тоа нема никакво значење. Зошто ние не знаеме што е тоа: птица, животно или дејство..тоа се само празни звуци.

Затоа што Зохар ни кажува за сосема друго, различно од тоа што го подразбираме под тие зборови ние, затоа постои дури и некоја предност кај тие што не познаваат јазикот. Затоа што тие се обидуваат, како мало дете кога не го знае јазикот и се обидува да почувствува што се случува. И во почетокот чувствува, го разбира тој објект или дејство, лик или звук, а потоа научува како тоа се нарекува.

Исто така треба и ние во нашето духовно достигнување – во почеток да го откриеме тоа чувство, а потоа ќе дознаеме како тоа се нарекува од самото доживување. По тоа е интересно духовното достигнување. Кога човекот почнува да го достигнува, истовремено со тоа почнува да слуша како се нарекува тој збор. Ако сега пред нас би се открил Вишиот Свет, вие ќе почнете да ми раскажувате за него на хебрејски. Многу едноставно, наеднаш, не знаејки зошто.

Имав една интересна случка, кога сè уште се занимавав со мојот голем учител рабаш Барух Ашлаг. Некој човек од Русија, кој бил затворен многу години во логор, ми испрати прекрасни стихови на хебрејски. И тие беа напишани на многу висок стил, тоа беше некаде во 1980-81 година, што практично не можев да ги разберам. Ги читав, но содржеа такви зборови кои не се во секојдневна употреба. Ги покажав стиховите на својот учител, тој малку прочита и рече: „Тоа е човек кој го чувствува навистина духовниот свет и го опишува многу јасно и конкретно". Ме праша кој е човекот, од каде е....јас му одговорив дека е обичен човек што е затворен во логор, некаде во Русија во Сибир и дека ми пратил такво писмо преку своите роднини.

Учителот ми рече, дека тој човек го видел Вишиот Свет, го почувствувал благодарение на своите страдања, напори, стремежи, несреќа. Дека се наоѓа далеку од можноста да има контакт со тебе......и тој го открил тој свет и пишува за тоа. Иако не го познава ниту јудеизмот ниту хебрејскиот, напишал такви прекрасни стихови. И јас му позавидев, некаде таму далеку, без учител до него, во ужасни услови во кои се наоѓа, открива такви слоеви на Вишиот Свет, кои јас уште не ги откривам. Пишува за нив такви зборови кои јас дури не ги ни разбирам. Ви кажувам вистински факт што мене ми се случи.

Посакувам нам да ни се случи тоа што му се случило нему. Ајде да пробаме да одиме напред, не е важно што читаме на руски јазик, како и тоа на кој јазик ви преведуваат, да пробаме да напредуваме низ ова со чувствата, а тие ќе ни покажат како се нарекуваат зборовите. Како кога учиме од мајката.Таа ни покажува нешто и истовремено зборува, прво го чувствуваме тоа, а потоа ни доаѓа звукот. Така е и во духовниот свет.

Мајката, Бина, особината на Создателот, на давање и љубов,ни покажува, и се слушаат имињата. На таков начин била напишана книгата Зохар, со постепено навлегување во Вишиот Свет, со негово чувствување, добивање на звуците, имињата, нивната смисла. Така тие го опишуваат своето постепено влегување во тој виш свет. Да пробаме и ние да одиме по нив. Треба да почувствуваме дека сме сите заедно, дека во тоа наше обединување ние го откриваме тој виш свет.

Точка 67. „Им рече на тие врати и зборови што се наоѓаат еден на друг во обновената Тора" т.е. на тоа достигнување што се најде пред него, „Со кого сте? Вие сте мои партнери!" Тоа е Бина, особина на Бина.

Ние со вас објаснувавме дека постојат особина на вишото, можеме да го наречеме Бина, Создател, и особина на нижото, можеме да го наречеме создание, суштество. Значи Бина ни објаснува нам (Бина е особина на Создателот, Елоким – Создател) „Со кого сте, вие сте мои партнери? Како јас ја создавам Земјата?". Таа особина Бина се нарекува небо, особина на давање, и особина Малхут- тоа е земја. Како јас ги создавам небото и земјата со своите зборови. Збор тоа е откритие, буквите се инструменти, килим – желбите кои се правилно формулирани и наредени и образуваат последователност на дејството. Таа последователност на дејството ја привлекува врз себе Вишата Светлина. На таков начин се гради некакво дело. Како јас со своите зборови, речено: „Со зборовите на Создателот создадени се небесата", т.е. со откривањето на Вишиот Свет – Создател, Бина, се создадени небесата. Тоа веќе се однесува на нас, Бина- небо, нижиот дел, така и вие создавате нови небо и земја. Со својот труд во Тора, кога се обидувате да ја добиете сличноста со вишото.

Точка 68. Но ако тврдиме дека обновувањето на Тора од страна на човекот, кој не знае дури ни што зборува, создава небесен свод, екран, т.е. кога човекот се обидува да се крене над својот егоизам. Тука се наоѓа нашето Его, а тука се наоѓа Масах. Без разлика на тоа што тој нема работа со тајната на Тора, како ние со вас сѐ уште. Затоа што тој ја обновува Тора не знаејки доволно за тоа, не е важно... Како мало дете кога се обидува нешто да сфати, нешто за отгатне, гуга, реагира некако. Неговите напори се несвесни, како нашите, се искачуваат и на него му излегува обратен, т.е.спротивен човек, машкиот дел на нечистата сила. И лажливиот јазик од Нуква на нечистата сила.

Ние сме изградени од биполарен, машки и женски дел, и во хромозомите, во сè излегува нечистиот машки дел, нечистиот женски дел и останува тоа, што може да се искачи горе. А обратниот човек прескокнува 500 парси, т. e се симнува долу на такво растојание, кое се нарекува 500 парси. Парса е мерка за растојание. И да добие со тоа обновување на Тора. И го зема и прави со тоа лажен небесен свод кој се нарекува Тоу – бездна. Т.е.тоа е тоа за што се кажува во Тора; дека создал Создателот небо, земја и духот божји лебдел над бездната и т.н.Се прави разделување на небесните сводови и човекот со своите стремежи почнува да го одделува од себе си нечистиот дел, кој не може да го крене погоре, да го прилагоди на Бина.Тука треба да постои, ќе го нацртаме симболот на сличноста, знакот на аналогност во математиката. Тоа е симбол на врската меѓу вишото и нижото, како катанец.

Значи ако ние можеме да направиме сличност меѓу себе и вишото, барем малку.. Како малото дете; разбира нешто од тоа што го поседува возрасниот човек. Значи во толкава мера тој станува сличен на возрасниот, воспоставува некој контакт со него. Во таа мера се создава нов небесен свод, нова земја одоздола, кои стануваат слични на вишото. И во тоа веќе човекот се нарекува партнер на Создателот. Затоа целиот текст така и се нарекува – „Со кого сте партнери?"

И тој обратен човек прелетува преку празниот небесен свод т.е спротивно, овој машки и женски дел на нечистата сила, кои се одделуваат од нас.Тие не се сосема непотребни за нас желба, особина, намера, во дадената фаза. Со нашите сили ние не сме во состојба тоа да го ,,свариме,,. Не сме во состојба со тоа да напредуваме. Изгледа дека на ова ниво јас не можам да работам со овие желби и намери. Машко – тоа е намера, женско - тоа е желба. Така се поделени машкиот и женскиот дел и во природата. Овие желби и намери кои што сега ги откинуваме од нас и ги спуштаме долу, откога ќе ги анализираме, тие се потребни за следното ниво.

Да речеме малото дете на одредена возраст може да јаде каши, подоцна може да јаде мелена храна, потоа повеќе тврда, па повеќе разнообразна и т.н. Но во секоја фаза треба да му ја одбираме и дозираме и по количина, квалитет, конзистенција и т.н. Истото и ние, само што сами треба да си одбираме, селектираме. Во секоја фаза ни се дава еден исечок, дел од нашите желби и намери. Не сите од бесконечноста, затоа што не ќе можеме со нив ништо да направиме, туку во одредена мера. Ние треба сами да одделиме ова ни одговара, тоа не, ова е за подоцна, а со ова ќе можам да работам и т.н. На тој начин човекот се селектира себе си и напредува.

Обратниот пак човек прво се спушта, како што кажавме, на 500 парси надолу, на 5 нивоа на авијут, на 5 ниво на желбите: Кетер, Хохма, Бина, З''А и Малхут. Потоа прелетува уште 6000 парси наеднаш. Знаеме од каде бројката 6000, тоа се 6 основни сфироти на З''А кој се наоѓа наспроти еден, единствен сфирот на Малхут. Односно целосно се случува разделување на тие, во дадениот момент нечисти сили.

И обратниот човек ги прелетува наеднаш, за едно решение од екранот. И кога тој празен небесен свод престанува да се движи, веднаш излегува нечистата жена. Го држи тој празен небесен свод и учествува во него, т.е. почнува да работи со екранот што се развива заради примање. Односно нечистата желба, која ја нарекуваме женска, почнува да работи поради што? Т.н.езер ки негдо (хебр) – помош против тебе. Односно кога човекот како да достигнал за себе нешто добро и корисно, во исто време почнува негово влечење кон назад, нешто почнува да го влече наназад. Таа негова нечиста, женска желба и благодарение на тоа тој почнува да се искачува.

Затоа така се вели, помош против тебе. „Излегува таа од него и ги убива неговите многу стотини илјади намери. Затоа што во тоа време кога таа се наоѓа на тој небесен свод, дадена и е власт и сила да лета", Т.е не само да се наоѓа во желбата, над неа, не едноставно во Нефеш, во малата светлина, туку во светлината Руах, и да го поминува целиот свет во еден миг. Т.е. после нашето исправување настанува во нас негативна, моќна сила, што не влече назад. Сила која нè принудува божемно да се спуштиме долу, но ноа не е така. Реално тоа е само помош. Ние се брцнуваме во тој егоизам кој не го доработивме и со негова помош се искачуваме понатаму.

Точка 70. За тоа е кажано: „Не му помагајте на гревот бадијала" – гревот е машкиот дел. Затоа што машкиот дел работи врз намерата или заради себе или поради давање, поради другите, „Како огламник на запрегата е тежок гревот". Каков грев?

Тоа е нечистата Нуква, нечистата жена. Таа го тегне нечистиот машки дел со уздите кон празнината. Желбата и намерата си помагаат една на друга. Но во суштина таа желба која сака да ја промени намерата на спротивно, кон себе, и така човекот тежнее кон тие желби. Од почеток мисли дека со помош на тие тешки егоистични желби може да се исправи и да се искачи нагоре, а потоа многу постепено тие желби го влечат надолу, и тој ја менува својата намера и таа намера сега оди не на зближување и давање, туку за да се исполни таа желба. На таков начин тој женски дел го заробува.

Како последица на тоа се случува гревот, затоа што машкиот дел тежнее на страната на својата Нуква, која расте и го започнува својот лет- да ги убива луѓето. И на таков начин умртвила многу. Кои се причините за тоа?

Тоа се тие што ја изучуваат Тора и не ги достигнаа давањето и Светлината. „Да најде сила да се смилува над нив Создателот" т.е. тие што се обидуваат да ја изучуваат и да навлезат нагоре но се уште се наоѓаат во такви фази, кога може да ги промени и да ги врати назад. Именно тие, не тие што ништо не прават, туку тие што се занимаваат со своето исправување, тие што напредуваат, се обидуваат некако да се исправат. Токму кај нив тоа се случува. Што може да се направи?

Практично Баал ХаСулам ни дава едноставни упатства што ги пишува во сите негови статии. Само заедништвото, заедничката работа во група со своите пријатели. Машката група меѓусебно обединета која добива помош од надвор, од женската група која се обидува да ги обедини, соедини, насочи и поддржи. Ако тој систем правилно функционира тогаш на човекот не му се дава можност со тие внатрешни желби на неговите пријатели, да падне во својот нечист женски дел. И женскиот дел на нашата машка група во целиот свет треба тоа да го разбира, да ги поддржува мажите, да ги организира, поправа да ги оформува како жена, мајка, тој женски дел правилно ги оформува своите деца и сопругот да го насочи кон помош за развитокот на семејството, за добивање на средства за овоземно постоење, а исто така и за духовното постоење.

Точка 71. „Рекол Раби Шимон на пријателите – многу ве замолувам да не ги кажувате на глас мудростите на Тора што и да дознаете и што и да слушнете од Големото дрво на вистината". Т.е тогаш кога се открива на човекот неговиот пат и Светлината во неговите исправени келим , во тие што се наоѓаат над екранот, новите небо и земја, тогаш треба да се биде во многу посебна состојба на заштита од намерите и желбите на нечистите. Тука чистите небо и земја во човекот се создаваат( машка и женска половина) а тука нечистите. Чистите небо и земја се мажот и жената, а нечистите - машкиот дел. Практично е истиот тој маж, а женскиот се нарекува љубовница. Тоа понатаму ќе го изучуваме. Постојат многу градации.

Прашања: Кармен од Шпанија и Марија од Петрозаводск, Русија - ,,Кои желби се нечисти, како да ги разликуваме и потребно ли е тоа да се прави?"

- Нај едноставно е кога човекот се дели себе си на една примитивна шема која ни помага правилно да се ориентираме. Ова ги претставува сите мои желби. Има меѓу нив некои кои што можат да се однесуваат на Создателот, на духовното,на вишото – точката во срцето. Некаде и некогаш јас се наоѓам во неа и тогаш не ми е страв од ништо и се наоѓам под нејзино влијание. Има такви желби кои ме влечат надолу, кои се насочени спротивно на движењето и напредокот кон Создателот, кон духовното. Тие се анти-духовни. Има кај мене и животински желби, на сите нас многу добро познати. Тоа се во главно : храна, секс, семејство. А има и општествени желби и желби на опкружувањето т.е. групата. Желбите кои се против точката во срцето, треба на некаков начин да се ослободам од нив и да ги потиснам. Животинските желби само треба добро да ги селектирам. И поради тоа што тие се животински, јас треба да им дадам тоа што би му давал на некое животно што би го чувал, например. Да го хранам,давам вода, мијам, да му обезбедам нормално живеење. Исто така треба да се однесувам кон ,,своето животно". Тие животински желби не треба да бидат ниту минимални, ниту максимални, преголеми...само тоа што ни се определува според природата.

Општествените желби се исто неопходни. Јас не можам да се одделам од општеството, не можам ништо да направам. Врз сите овие желби јас не работам на нив поодделно. Тоа се желбите на нашиот свет. Пред да стигнам во кабала кај мене постоеја само тие желби, ниски. А кога стигнав до кабала, кај мене се појавија други желби : тоа се опкружување- група и точката во срцето. Ако јас се обидувам со сите сили да се соединам со опкружувањето, тоа е најправилен метод, пат, најлесен, односно единствен, кога јас јасно можам да ги селектирам овие сите желби. А тие се во мене измешани, не се анализирани, подредени и средени.

Најважна моја анализа – е мојот однос со групата. Јас воопшто тоа не го сакам , подготвен сум да извршувам секакви општествени работи, распространување, учење, но работата со група за мене е најнепријатна. Тука е тоа најспротиставеното на мојата природа. Ако јас сепак му посветувам внимание тоа ми помага да проанализирам, разделам. Правилно да ги подредам сите мои останати желби- животински, апсолутно непригодни за духовниот пат. Или опшествено неопходните (завист, гордост, власт, славољубие, желба за знаења, кариеризам и т.н). Секогаш постојат многу проблеми кои се обновуваат и го збунуваат човекот, а нивната анализа секогаш е тука, во опкружението, групата. Со вишата сила јас не можам ништо да појаснам, со книгите исто така.

Со книгите и со својот стремеж за напредување ја предизвикувам врз себе опкружувачката светлина. А точно да се појаснат тие мои желби можат само во групата. Уште еднаш да повториме. Рекол Раби Шимон на пријателите ,,многу ве замолувам да не ги кажувате на глас мудростите на Тора“ т.е. не ја откривајте светлината одозгора ако за тоа не сте подготвени, за да не дознаат и слушнат од Големото дрво на вистината тие кои би помогнале на нечистата Нуква да убива огромен број луѓе напразно., отворија, сите изрекле-милосрден, спаси, милосрдно спаси!" Т.е. човекот практично не знае привлекувајки ја Вишата Светлина дали делува лошо или добро. Зошто јас се наоѓам сè уште во неправилните желби и решенија, тогаш привлекувам виша светлина неправилно учејки и работејки во групата, и таа светлина во мене само ги зголемува егоистичните желби и човекот добива наместо лек- отров. Затоа што речено е за Тора дека може да биде и лек и отров. Сè зависи како ќе ја употребат, односно како ќе се подготват за неа.

Точка 72. ,,Дојди и гледај! Со Тора Создателот го создал целиот свет" Со помош на таа метода, со шемата по која Тој подоцна управува со светот. По таа шема каде што Светлината и желбите се наоѓаат еден наспроти друг и во врска еден со друг. Како ние изучуваме во науката кабала дека на почетокот Светлината создава во себе точка, 1-ва желба, па од таму почнува да ја создава нејзината прва фаза, втора, трета и четврта. Почетната е нулта. Ова распространување на Светлината за да ја создаде Малхут целокупната желба, бесконечна, огромна. Ние ова слегување го нарекуваме четирите скалила на правата Светлина, затоа што самата Светлина, тоа првото, во неа само се зачнува првата желба. А тие 4 стадиуми се тоа што таа го прави со желбата. Значи целиот тој систем се нарекува Тора ( од зборот ор = Светлина), односно делување на Светлината.

,Дојди и гледај! Со Тора Создателот го создал целиот свет". Свет – го нарекува Малхут, светот на бесконечноста, тој се нарекува прв свет, свет на бесконечноста т.е. Светлината го создала тој свет, таа состојба," И тој гледал во него, не еден, два, три или четири пати и само тогаш го создал светот" . Значи 5-от пат. Тоа треба да ги научи луѓето како да не грешат. Односно ние треба соодветно постепенно да се развиваме одоздола нагоре по истите фази, по кои Светлината нè градеше нас. Но не одозгора надолу.

Да земаме пример од Него и постепено да му стануваме слични. Против овие 4 пати (гледал, броел, подготвувал и истражувал) Создателот тоа што го создал. Уште пред да го создаде. Затоа се вели: „во почетокот Создателот создаде" а потоа се вели „небо против сите 4 зборови" затоа што гледал Создателот во Тора пред да почне да ја претвора во дело својата замисла. Т.е. првата желба се нарекува замисла а потоа согласно на замислата се направило делото и како резултат на тоа се создаде Малхут- огромна желба и во неа апсолутно сè што е неопходно за да се достигне повратно замислата на Создателот.

И на крај после сите наши перипетии следи слегувањето до овој свет и постоењето во него 6000 години, потоа започнува искачувањето кон таа точка, светот на бесконечноста. Ние со вас се наоѓаме на почетокот на тоа искачување, тоа е нашата појдовна точка.

Ние веќе се одделивме од овој свет, ја поседуваме големата желба која треба да почнеме да ја развиваме понатаму. И затоа ние со вас се нарекуваме веќе партнери на Создателот, како што се нарекува и оваа статија " Со кого сте партнери?". Ние сме веќе партнери со Него затоа што го сакаме тоа. Тој изгради за нас небесни сводови (ослабнувања, скривањето свое) а ние соодветно на тие ги градиме своите небесни сводови. Примајки го врз себе скриеното, го сокриваме својот егоизам и врз него градиме екран и на таков начин создаваме нови небесни сводови, нови небо и земја, наместо тие што ги создаде Тој.  Создателот постојано сокрива, го понижува, го огрубува суштеството, го прави уште повеќе ништожно. Ние пак обратно, користејки го тоа што Тој го подготвил за нас, се качуваме одоздола нагоре, создаваме нови и нови небо и земја. Т.е. од таа земја (земја е Ерец - Рацон – желба) ние од таа желба создаваме нова желба која оди за давање одоздола нагоре. На тој начин тие желби- небесни сводови кои што Тој ни ги подготвил ние ги претвораме во спротивни. Ние сме со Него партнери.Разбираме дека иако сè што Тој создаде е во почетната фаза, првото скалило ни изгледа одвратно, ужасно, егоистично,искршено, изобличено. Како што Создателот вели: „jaс го создадов почетното зло, лошиот почеток, и ти ја дадов Тора (Светлина) за неговото исправувње". Еве ти ја Тора, целата моја замисла, користи ја да го исправиш злото кое ти го создадо. Така постепенно, искачувајки се по 125 скалила ние ја достигнуваме својата цел. Со ова ја завршивме статијата „Со кого сте партнери".

Прашања: Сиси (Јапонија) – Зошто јас толку го мразам Создателот? Го обвинувам за сите мои несреќи и за мојата зависност од Него ? Можеби токму поради таа моја зависност од Него?

Тоа е многу добро, само за тоа треба да си кажуваме самите себеси. Човекот треба така да прави, јавно тоа да го чувствува. Создателот, се разбира Тој е виновен за сите мои мои страдања, кој друг? Ако јас ја разбирам неговата уникатност, немам кон кој друг да се обраќам . Се што е лошо е дадено од него, до сега ништо добро во животот немам. Тогаш поради што да Го сакам, да тежнеам кон Него? Од друга страна пак, јас постепено почнувам да осознавам дека оваа моја природа ми е дадена не бадијала, истовремено со тоа ми е дадено некое разбирање за можноста на исправување, некои надворешни услови као што се група, учител. Ете на тој начин дури на таква далечина, во Јапонија на човекот му доаѓа разбирање на тоа што е тој, кој е тој, за што е создаден и т.н. Јас го знам животот во Јапонија, сум бил таму. Секаде животот е ист, каде и да се наоѓа човекот. Секогаш и кај сите во однос на духовното постојат едни те исти проблеми, пречки.

Нема разлики во душата кој и да е човекот. Наоѓајки се тука во Израел јас од една страна гледам на Јапонија, од друга страна на Чиле,Бразил, Мексико, Канада, Русија, Европа....нема никаква разлика. Тоа е многу интересно како душите асполутно со ништо не се разликуваат една од друга. Така да омразата кон Создателот е многу правилна особина, тоа е осознавање на фактот дека од Него ми доаѓа лошото. А сега само треба да се осознае поради што е тоа направено. И постепено наместо да Го проколнуваме ние ќе Му благодариме. Ќе се однесуваме кон Него со љубов, најдлабока почит.Ако разбереме дека неопходно беше Тој така да не создаде нас за да не доведе до совршенството. Во таа мера во која човекот ќе почне да се искачува над својата природа да осознава, разбира зошто е тоа така создадено.Тој започнува да контактира со Создателот, не со спротивниот свој дел.

Но за да не движи нанапред, Создателот нема друг инструмент освен да нè подбуцнува, да нè стимулира. Како со стапче со остар врв со кое ги подбуцнуваат магарињата да одат напред. Нам ни треба таков стимул да не подбуцнува и нашето магаре да се движи напред. Ние сега сме на почетокот на статијата што се нарекува „Терач на магариња". Многу е интересно.

Раби Елазар, синот на раби Шимон, одел да го посети својот пријател, учител, Раби Јоси. И Раби Аба, негов пријател одел заедно со него т.е. двајцата пријатели Елазар и Аба, ученици на Раби Шимон, авторот на Книгата Зохар.Тие заедно со него ја пишуваа оваа книга, заедно со него го откриваа духовниот свет. Тие оделе заедно да го посетат раби Јоси, еден свој ученик. Во Зохар никогаш не се кажува дека ние со нозе одиме, газиме по оваа грешна земја. Во Зохар се кажува дека ние постојано одиме, се искачуваме по духовните скалила. Инаку нема никаква смисла да се спомнува дека некои двајца мажи оделе кај третиот за било каква работа...тоа е јасно. Значи оделе тие двајца заедно, и со нив одел еден човек кој ги терал нивните магариња. Магаре на хебрејски се нарекува хамор,а тоа е од зборот хомер- материја, а таа е нашата желба за примање.

Значи да одат напред тие морале да се здобијат со уште една надворешна сила која се нарекува " терач на магариња" која би ја поттикнувала нивната материја, нивната желба да одат напред. Самите не би напредувале. Да дојдат до раби Јоси, кој веројатно се наоѓал на повисоко скалило од нив, не беше така едноставно. За да се искачат на неговото скалило тие требало својот материјал, хамор, хомер, магаре, да го натераат да се искачи на тоа скалило. Силата која им помага да го туркаат магарето се нарекува „терач на магариња". А магарето се разбира дека не сака мрдне. Нашиот материјал апсолутно не сака да се движи напред.

Што да се прави? Рекол Раби Аба :"да ја отвориме вратата на Тора затоа што сега е времето да го исправиме нашиот пат". Т.е. ако ние заедно се обучуваме- ќе го предизвикаме напредувањето. Да ја привлечеме светлината која ќе ни помогне да се искачиме до нивото на Раби Јоси. Тогаш нашиот пат ќе не доведе до него. "ја отвори Раби Елазар" т.е. го отвори патот на вишата светлина.Почнале да се обучуваат, и изрече, речено е :„почитувајте ги моите саботи". Да видиме, рекол тој, за 6 дена Создателот го создал светот и секој ден ги откриваше своите дела и му давал сила на тој ден. Кога ги откри своите дела и им доделил сили на 4-от ден на создавањето , затоа што првите 3 дена беа апсолутно скриени и не се откриваа. Дошол 4-от ден, ги разоткрил делата и силите на сите денови. Така кажува книгата Зохар. Односно Создателот создал сè за 6 дена (така и се нарекуваат на иврит по бројките : Хесед, Гвура, Тиферет; Нецах, Ход, Јесуд )

А откога сè создал, тоа се нарекува ден 7-ми или сабота. Сабота од шабат од зборот лишбот- да не се работи повеќе ништо, забранети се сите работи, затоа што работите може да се завршуваат во тек на 6 дена, тие денови се нарекуваат , а саботата е Малхут. Таа не може сама да се исправи, во неа не може ништо да се прави. Затоа да се извршуваат некои дејства, пресметки,анализирања, исправувања може смо на претходните скалила. Малхут како да ги собира, сумира сите претходни денови. Не го имаме предвид тоа што ни е познато во нашиот свет за саботата, ова е само одраз на духовните особини во земските обичаи и не повеќе од тоа. А во што е посебноста на 4-от ден ние треба да го разјасниме. Затоа што се вели, дека првите 3 дена беа апсолутно скриени(хесед, гвура, тиферет), настанал 4-от ден и се се откри. Ние не гледаме ништо посебно во 4-от ден., но ќе видиме. 

Точка.76. „Има оган, вода и воздух" хагат (хесет, гвура, тиферет- оган, вода, воздух) Трите први денови на создавањето, иако се највисоко и се основа за се понатаму создавано, но нивните дела не се откриваат додека Малхут( земја) не ги открие. И тогаш се открива целосно работата на сите три основи оган, вода и воздух. Затоа само на 4-от ден се открива силата на сите три претходни. Но Малхут е последна не е 4-та. Во што е тогаш работата? Да речеме засега не знаеме. Ние учиме дека хесед, гвура тиферет се виши особини, слегуваат од Создателот и тие се наоѓаат во душата, духовниот парцуфим до табур, до градите, хазе, како да се последица од управувањето одозгора.

Тоа се особини кои доаѓаат од горе во душата откога ќе ги помине овие три основни особини произлезени од горе, и навлезе внатре во суштеството и почнуваат да се реализираат во него, на 4-от ден почнуваат да се покажуваат. Има ли прашања? Има, само не се однесуваат толку на материјалот, повеќе се лични. Не е важно, треба да одговориме на нив.

Стигнавме до Точка.77 од статијата " Терач на магариња", која е многу интересна. Ние со вас сакаме да се искачиме од едно скалило на другото како Раби Елазар и Раби Аба сакаа да се искачат кај Раби Јоси. Што ни недостига за тоа? Ни недостига да ги откриеме магарето и терачот, кој постои како сила во светот и се нарекува " терач" и да се натера да го " тера" моето магаре. И тогаш јас без проблеми ќе се искачам нагоре.

Зохар ни раскажува како да се движиме од едно скалило на друго, на пример денес секој од нас се наоѓа на некое скалило, во некоја состојба. Да се искачам на друго скалило сам поединечно јас не можам. За тоа треба да го откријам своето магаре и терачот кој ќе го потера напред. Јас покрај нив ќе одам пешки, лесно. Моето магаре ќе го тера туѓ човек, туѓа сила. Поинаку не можеме да се искачиме нагоре. Кои сме ние? Подоцна ќе видиме како во нашиот свет ние сами се развиваме како малите деца растат,стануваат повозрасни т.н. и тука постои сила наречена "терач на магариња" и во нашиот свет која не движи нас. Тоа што се случува во духовните светови, иако за нас невидливо, се случува и во нашиот свет. Така да оваа статија е многу практична.

Прашање: Андреј (Донецк, Украина) – Како да живеам ако многу ме боли и ми е криво кога ги гледам блиските кои не можат ниту да размислуваат во оваа насока? Жално е да ги гледам како слепо го гледаат светот, како тоа да се исправи, може ли некако да им се помогне?

Ќе ти кажам, во Русија ми останаа многу роднини и другари. Јас се иселив од таму пред повеќе од 35 години, претходно живеев и во Прибалтика. Имам многу познаници и другари во Израел, сите роднини ми се во Канада, браќа, сестри, родители. Јас сум тука во Израел. Ниту еден од нив не посакал и не сака да ја изучува кабала и јас ниту на еден од нив не му замерувам. Кон нив ги исполнувам сите т.н. овоземни фунции, одам на свадби, родендени. Но не можам да ги обвинувам, затоа што кај тебе, да речеме се пројавија магарето и терачот и сега се наоѓаш на тоа скалило од кое ме слушаш мене. А кај нив се уште не се пронајдени и не смееш од нив ништо да бараш. Создателот му дава на човекот желба и тој се движи напред, ако не му дава - не се движи. Дури е многу подобро ако духовно се развијат подоцна, затоа што ќе достигнат многу поголеми височини од нас со тебе. Како во нашиот свет, секоја генерација што се раѓа се наоѓа на повисок степен од претходната.

Затоа не треба кон своите блиски да се однесуваш со презир, и треба да мислиш само на себе и твоите другари од групата, зошто не сте се уште доволно обединети за да го откриете Создателот. Кога вие би го откриле за себе, ќе станевте извор на толку силна светлина, духовна енергија, да сите твои блиски сами ќе се привлечат дури и со малите точки во срцата.

Мали прашања постојат кај сите. Ќе осетевте дека ви се приклучуваат се повеќе нови луѓе. А сега сте недоволен центар за привлекување. Затоа не ги гледај другите, туку потруди се од себе и своите другари да создадеш многу сериозен центар за привлекување на луѓето. И тие ќе се привлечат. Кога кај вас ќе се појави правилна, мека, добра сила на привлекување, тие што треба сами ќе дојдат. И не треба да се обвинува човекот, тој е последица на делувањето на вишите сили. И само после тоа кога кај него ќе се појави точка во срцето, него ќе го донесат во група, ќе го вклучат во обучувањето, само после тоа кај него се појавува слобода на вољата да се зацврсти себе си во групата и учењето. И никако не смееме да ги тераме другите со сила да се занимаваат со духовниот развој, секој треба сам да одлучи. Поинаку ти ја убиваш можноста на човекот да стане сличен со Создателот.

Гледаш како ние ја распространуваме? Не знам ништо за тебе освен тоа што си го кажал и дури и да дојдеш овде јас нема да гледам дали си редовен на часовите и т.н. затоа што не сакам да навлегувам во слободата на вољата на другиот човекот. Тој треба сам за себе да го одбира патот. Јас му го давам само методот, сето останато е ваша лично одбрана желба и пат.

Затоа однесувај се кон своите блиски исто како што си се однесувал и порано, не покажувај дека си повисоко од нив, разговарај со нив за тоа што ним им се допаѓа, труди се да бидеш како нив. Тоа е многу сериозна внатрешна работа и ќе ти помогне да напредуваш.

Прашање: Каде да се најде терачот? Дали се наоѓа внатре или надвор?

Терачот ќе дојде. Важно е да го пронајдеме магарето и за уши да го извадиме од себе. Да разбереме дека него треба да го подкачиме нагоре.Тоа магаре носи и товар, и тоа тежок. Да оди сам и така и така, ама чувствува дека влече товар против себе, дека не е за негова корист, дури и му штети ( нашиот материјал, нашиот егоизам смета дека духовното му штети)Тој треба да даде, а не да прими...кое магаре ќе се согласи на тоа? Следниот пат со вас ќе продолжиме да го бараме во себе тоа магаре и одозгора да го привлекуваме терачот. До гледање!

Лекција бр.8 - „Терач на магариња“ Дел 2

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica