Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалата за “Доброто“ и “Злото“

                    

Опис

Рав ДР. Михаел Лајтман објаснува дека луѓето не се " добри " по природа, туку дека имаат моќност да се издигнат над својата природа.

Препис

Кабалата за Доброто и Злото: Што е " добра личност " ?

Кабалата ја открива структурата на целиот универзум на една личност и таа личност открива дека нашиот свет е опкружен со една огромна добротворна сила наречена Создател. И дека тоа е огромната добротворна сила која што управува со неживата, растителна и жива природа многу строго, терајќи ја таа природа да ги следи нејзините закони со апсолутна прецизност.

А човечкото суштество во меѓувреме ја процесира слободата на избор како да се однесува во однос на себе и на околината,природата и општеството. Излегува дека луѓето ја злоупотребуваат слободата која што природата им ја дава. Тие не возвраќаат со истиот вид на љубов, пополнувајќи ја таа празнина со атрибут на љубов. Во принцип, човечкото суштество е единствено нешто во природата што има потреба од исправка. Нема ниту лоши ниту добри сили.

Постои само една сила која не води до исправката покажувајќи ни го патот, предизвикувајќи ги сите тие страдања во нас. Ова страдање во нас е последица во атрибути, помеѓу мене и Создателот - не постои друг избор. Ако јас ги направам моите атрибути како на Создателот, ако јас се приближам себеси поблиску до нив, јас тогаш ќе влезам во состојби кои се наречени духовни светови - Чувства на Создателот. До таа мерка до која што сум влегол во овие состојби, јас ќе ја чувствувам добрината и задоволството. Затоа не постојат други сили освен добрите, и сите лоши сили се всушност наши, и тие се она што ние мораме да го исправиме - нашето сопствено срце.

Модератор: Тогаш како човечките суштества се одвоиле од Создателот? Тоа е така направено од Горе од Создателот - Лично, за да може една личност да се воздигне.

Модератор: Ова е важно. Сакам да го кажете ова повторно. Создателот е тој што ја предизвика поделбата помеѓу човековата душа и...

Рав;Генерално, се' што било направено во овој свет до овој момент, кога ние- целото човештво- ја започнуваме нашата исправка. Се' што се случило во минатото, дури и пред една секунда, е направено од Создателот и никој друг. Не постои друга сила освен Неговата. Почнувајќи од сега, сето зло што се појавува внатре во луѓето, без оглед дали е оттуѓување, депресија, глобална или економска криза; во истиот момент кога се појавува, тоа е знак дека Создателот ја буди во луѓето потребата од само - исправка.И оваа исправка исклучиво зависи од нас. Но, во ретроспектива, целото спуштање одозгора надолу - создавањето на лошото - е создадено од Создателот.

Модератор: Колку што мене ми е познато, една од уникатните работи на Еврејската традиција е таа дека учи дека човечките суштества се во основа способни за добро без некој надворешен спасител, дека човечките суштества ја имаат способноста да бидат добри сами по себе. Дали мислите дека тоа е вистина?

Рав: Не. Тоа не е така.Може да видиме дека тоа не е точно. Биолозите не можат да го најдат тоа и покрај сите свои напори. Иако постојат алтруистички гени и алтруистичко однесување кај животните и луѓето. Сето тоа е наречено Хесед, што значи дека сите добри дела потекнуваат од еден вид себичност.Една личност нема капацитет да прави добро сама по себе, туку мора да прими енергија од Горе. И затоа овој метод е наречен метод на примање ( Кабала ), бидејќи му дава на човекот точка на контакт со Вишите Сили. Тогаш човек може да прими енергија и да се воздигне. Исто како парче метал што може да биде подигнато од површината каде што лежи кога е повлечено од магнет, на точно ист начин, Вишите Сили треба да ја подигнат личноста. Ние немаме сила да го направиме тоа сами.

Модератор: Простете, но јас имам вистински проблем со сето ова, бидејќи ми се чини дека луѓето кои што доаѓаат тука и учат со вас имаат некаков порив кој доаѓа од внатре. Дури и вие ми рековте дека имаше нешто што ве натера да дојдете во Израел бидејќи сакавте да ја разберете смислата на животот. Јас немав впечаток дека тоа дошло од некаде од надвор од вас. Туку дека нешто во вашето срце и душа - внатре во вас, ви го даде овој порив, кој сам по себе е фундаметалната добрина за која што Кабалата зборува.

Рав: Да тоа е точно. Секој од нас има срце - складиште на сите наши желби, егоистички желби, како што е кажано, " злото човечко срце е родено ". Но внатре во тоа срце, постои точка, точка на Создателот од Горе - мала искра.Таа искра не бутка напред, нагоре накај вечноста, духовноста,и совршеноста. Но тоа е само притисок. Таа не може да ни даде сила да се воздигнеме. Таа само не насочува и малку не турка, а се' друго зависи од нас, што значи дали ќе бидеме способни да ја достигнеме таа Виша Сила или не.

Модератор: Вие имате запознаено прекрасни луѓе, нели?

Рав: Да.

Модератор: Што ги прави нив прекрасни?

Рав: Ако тие биле способни да ја повратат нивната поврзоност со Вишите Сили кои ги поправаат тогаш тие навистина стануваат посебни, но не во било кој друг случај. Луѓето во нашиот свет немаат никакви средства за спасение, никакви магии и магични трикови кои можат да им помогнат. Ако човек може да ја насочи правилно таа точка во срцето, тогаш тој прима сили од Горе кои создаваат од таа точка во срцето таканаречена Парцуф, или Десетте Се, фирота или Душа.Тогаш, таа Душа, тој дел што е создаден почнува да се воздигнува со личноста во духовниот свет. Тоа може да случи само ако човек прими сила од Горе - Светлина, Вишата Светлина. Ако човек не ја прими таа светлина, тој тогаш останува во овој свет;во егоистични желби и очајни потраги предводени од оваа точка.

Модератор: Дали ова примање е свесно? Дали ние сме свесни за примањето на оваа Виша Светлина, или може некој да биде прекрасно човечко суштество,но никогаш да не знае ништо за Вишата Светлина и Кабалата?

Рав: Не. Личноста која ја проучува Кабалата развива шесто сетило. Ние имаме пет сетила; вид, слух, вкус, мирис, и допир, и имаме прикриено шесто сетило. Кога човек ќе го развие, тој почнува да чувствува над неговите ограничувања и тоа е наречено Виши Свет над него, надминувајќи ги неговите ограничувања. Кога еднаш личноста ќе го почувствува универзумот надвор од себе, ќе ја почувствува Вишата Сила - Создателот, душите.Се она што нашите пет сетила не го чувствуваат, тогаш човекот се поврзува со тој свет и живее истовремено во две димензии кои постојат, и тоа е апсолутно реално.

Модератор: Разбирам, тоа е она на кое Кабалата се обидува да го наведе човечкото суштество да биде чувсвително. Но јас прашувам малку поинакво прашање. Дали може некој да биде прекрасна личност а никогаш да не ја проучувала Кабалата?

Рав: Никогаш. Човек никогаш не може да се смени и да стане посебна личност.

Модератор: Човек не може да биде прекрасна личност, доколку не ја проучува Кабалата?

Рав: Не знам што значи некој да може да биде добра личност. А дали е тоа едноставно затоа што таков се родил? Тоа нема ништо заедничко со Апсолутните квалитети. Тоа е само начинот на кој што таа личност е родена со таков вид на гени, или причината е дека тој бил воспитан да биде добар и љубезен со другите. Но сето тоа има граници кои се согледуваат кога егоизмот внатре во личноста почнува да расте претварајќи ја таа личност во лоша, арогантна, и алчна индивидуа. Ние сме под егоистичка власт овде во нашиот свет и не можеме да бидебе добри или љубезни. Овој вид на добрина е резултат на еден вид калкулација.

Модератор: Дали основната цел е за секогаш да се откажеме од егото?

Рав: Не, нашата цел е да се комбинираат добрите и лошите природи но внатре во нас на таков начин на кој ќе можеме да им помагаме на друг и двајцата ќе бидеме подигнати взаемно духовно долж таканаречената Средна Линија - вистинскиот баланс. Затоа сите наши добри или лоши диспозиции карактеристики, тенденции, генетски квалитети - се што имаме внатре во нас и сите искуства кои сме ги акумулирале во текот на нашите животи не обединуваат и не подигаат.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica