Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е кабалистичка музика ?

Видео клипови и статии за воведување во музиката на Кабалата

Музиката и кабалата

Какава е поврзаноста помеѓу музиката и кабалата

Каква е поврзаноста меѓу нив . Сите имаат концепт на тоа што е музика , но не сите од далеку знаат што е кабала . Есенцијата на кабалата е обвиена во тајност , но секогаш постоело интерес за кабалата .

Според легендите  , тој кој што ја знае кабалата ќе успее да ги совлада нејзините тајни, ќе може да го контролира нашиот свет и духовните светови кои влијаат на нашиот свет , откривајќи ги минатото , сегашноста и иднината .

Кабалата е наука за структурата на универзумот , законите на развојот на духовните светови и нашиот свет, и законите на човечките цели . Кабалата е наука за влијанието на човечките желби врз светот.

Сите кабалистички книги се напишани на јазикот на чувствата и желбите . Овој јазик е уникатен и строго научен , користејќи графи , формули и дијаграми . Објаснува како да ги промениме нашите желби, за да можеме да влијаеме на целиот свет . Преку такви графи и скици , кабалата ги објаснува човечките чувства и човековата душа . Музиката исто така се обраќа на личноста преку јазик на чувства и емоции, и како таква е блиска на кабалата .

Што е музиката ? Тоа е емоција фатена во својот развој . Само музиката може да го испорача процесот на трансформирачки чувства низ времето . Затоа за тие што сеуште не го согледале духовниот свет , кабалистичката музика обезбедува одредена аналогија на духовната импресија која е почуствувана од кабалистот .

Колку повеќе се еволуирани чувствата на една особа , толку повеќе ќе ужива во тоа што ќе го чуе . Во музиката , емоционална личност може да си отвори цел свет за себе, поминувајќи низ разни емоционални состојби од благослов до трагедија . Колку повеќе се развиваат чувствата, толку посложено ќе го почувствува тоа што музиката  го пренесува .

На сличен начин , човек што учи кабала создава соодветни внатрешни инструменти за разбирање на духовното , низ кои може да ги сфати духовните информации . Како што музичар гледа во ноти и слуша музика низ неговите/нејзните внатрешни сензации , така кабалистот читајки кабалистички текстови го чувствува духовниот свет во себе .
Првата духовна сензација кога ќе се открие духовноста е благодарност кон Создателот. Личноста почнува да ја чувствува Вишата Сила и гледа како го избавила од постоење без излез, во бескраен и без маани свет, на апсолутна свесност и совршенство . Тоа е сензацијата која што Рав Барух Ашлаг ( Рабаш) ја пренел низ својата музика на зборовите од псалмот :

“Ти благодарам што ја спаси мојата душа од смртта,
моите очи од солзи
моите стапала од влез во пеколот

Големите кабалисти кои што ги напишале Светите книги ги опишуваат тајните на универзумот, исто така сме привилегирани да ги чуеме мелодиите создадени од големите кабалисти Јехуда Ашлаг и неговиот син Барух Ашлаг. Низ јазикот на чувствата , нивните мелодии изразуваат спиритуални сензации и информации. Рав Јехуда Ашлаг ги придобил сите тајни на универзумот и ги опишал во своите композиции  Сулам (Скалата), Коментари на Зохар, Талмуд Есер Сефирот (Проучувањето на Десетте Сефирот ) .... исто така тој ги всадил во своите мелодии. Постоечката локација на душата во духовниот свет е опишана како нејзин корен . Корените на душата се разликуваат.

Душите се спуштаат на нашиот свет и се инкарнираат во телата. Како што корените на душите се  разликуваат, така се разликуваат и  целите кои секоја душа мора да ги комплетира во нашиот свет. Затоа секое тело не е ништо повеќе освен механизам за комплетирање на планот за развој на душата. Личноста почнува да се чувствува привлечена кон духовното, тежнеење кон духовниот корен, желба да се придобие тој корен веднаш, да се биде способен за чувствување на сите светови, сеуште живееејќи на овој свет . Кабалистичката музика го открива и го развива духовниот потенцијал на личноста . Кабалистичките мелодии не можат да бидат подложени на типични  музички анализи. Од аспект на класичната музика тие може да изгледаат банални во нивната структура и музички јазик.

Но тие личности кои што се наклонети кон издигнување на нивните души во овој животен век, кои што сакаат да го достигнат Вишиот Свет и целиот универзум, чувствуваат нешто во таа музика што ги повикува во неистраженото .

Не знаеме како е структурирано нашето музичко сфакање . Зошто повеќе ги чувствуваме поголемите акорди во различни емоционални и сензибилни тонови од малите акорди ?
Зошто поголемото го чувствуваме како нешто посветло , поотворено и посреќно од помалото?

Многу музичари со совршен музички слух гледаат  бои во нотите , акордите и тоновите. Никој не знае како ова се случува и зошто во нас постојат такви асоцијации со боја, звук, вкус и сензации . Никој не ја знае структурата на нашите приемници, кои согледуваат апсолутно нематеријални информации.

Меѓутоа кабалистите разбираат како овие направи делуваат во нас , бидејќи тие ја знаат структурата на нашата душа. Како такви кабалистите можат да вметнат духовни информаци во музички звуци . Затоа кабалистичката музика е начин на спојување на внатрешниот свет на личноста со информациите од сето тоа кое е околу него .

Тоа што музиката го содржи е поврзано со личните и земски емоции и сензации на композиторите . Композиторите секогаш тежнеат кон рефлектирањето на тешкотиите на креирањето во музиката, сепак овие обиди никогаш не биле ништо повеке од претпоставка или лично чувство . Само мелодии напишани од кабалисти можат да ни овозможат влез во сензациите на вечноста, сензациите на движењето на личноста, носејќи не до разбирање на нашата есенција како дел од внатрешниот универзум на личноста .

Кабалистичката музика е напишана од големи кабалисти како изразување на нивните духовни сензации . Тоа е неразделиво, поставено на повисоко духовно ниво. Духовната сензација не може да биде заборавена. Тоа што било одиграно и почуствувано еднаш ќе остане и може да биде повторено во било кој момент. Ова чувство подоцна може да биде манипулирано, креирајќи најрафинирани нијанси на емоции. Во секоја мелодија има различно чувство аналогно на секоја духовна состојба. Како резултат на зголеменото ниво на композиторот, секоја мелодија зборува за духовното, издигнувајќи ја личноста  низ духовниот свет - до вечноста и совршенството .

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica