Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Откриена кабала“ 15

             


                        Неживо, Растително, Животинско, Човечко

Здраво пак и добредојдовте во Откриена кабала. Јас сум Тони Козинек.

Во оваа лекција, ќе ги разгледаме четирите нивоа кои постојат во природата: неживото, растителното, животинското и човечкото. Овие ни се познати кога ќе го погледнеме животот на земјата низ нашите пет сетила. Но бидејќи стварноста е формирана во вид на корен и гранки, т.е. бидејќи постои причинско ниво на сила која е скриена од тие сетила, она што можеме да го видиме и почувствуваме е само резултат на таа сила. Значи, тие четири нивоа на постоење што ги гледаме тука се гранки на четирите нивоа на таа скриена Виша Сила. Ги гледаме, но дали навистина нешто разбираме во врска со нив?

Да ги разгледаме. (Тони црта)

Во физичкиот свет, овие четири дела на стварноста се распределени во поглед на нивниот квантитет, во вид на пирамида. На дното од оваа пирамида е најголемото количество; тоа е неподвижното ниво. Она што всушност го мериме овде, според кабалистите, не е само куп материја, туку одредена одлика на нивото на коренот која се појавува на нивото на гранките на начин кој можеме некако да го сфатиме, а одликата која ја гледаме е волјата за примање. Тоа е единственото нешто кое постои во физичкиот свет, и сè што гледаме тука е израз на тоа. Затоа на неподвижното ниво ја имаме сета тврда материја во универзумот – сите камења, сите планети итн. – и најголемиот број на нешта е во неподвижното бидејќи неподвижното има само малечко количество од желбата за примање.

Само ова ниво тука (Тони покажува на цртежот) едвај да има некаква желба за примање. Затоа има многу мала волја и способност за менување. И потребни се огромни сили за да се натера да се помрдне некако. (Тони црта)

Над тоа е растителното ниво – сета растителна органска материја. Тоа ниво на волјата за примање е толку поголемо од неподвижното ниво, димензионално поголемо, што едно единствено растение, еден цвет, содржи повеќе желба за примање од целото неживо ниво. А бидејќи ја има таа поголема димензија на желбата за примање, ја има и способноста за растење. Може да решава што е добро, а што лошо за него, и расте на доста ограничен начин – накај сонцето и земајќи одредени елементи од земјата итн. Едноставен облик на живот. (Тони црта)

Над тоа го имаме животинското ниво. На животинското ниво; едно животно – да речеме мува – има повеќе желба за примање од сето неживо и растително ниво заедно. Поради тоа развива своја индивидуалност; го бара своето добро и за свое добро бира што е за него добро а што не, на поединечна основа. (Тони црта)

Над тоа го имаме човечкото ниво. Ова ниво опфаќа повеќе желба за примање од сите нивоа под него; сите се опфатени во него. На ова ниво, имаме нешто што се вика „ум" и „срце." Овие елементи ни овозможуваат да доживуваме не како животно кое само ја гледа сегашноста, туку да ги употребиме умот и срцето да надоместиме за оние нешта што не се присутни пред нас. Тоа ја зголемува нашата желба за примање до фантастично ниво. Така ова ниво всушност ги вклучува сите нивоа под него и влијае на сите нивоа под него. Внатрешниот живот на човечкото ниво е всушност она што ги создава условите за сè друго во универзумот, бидејќи сето тоа е всушност дел од човечкото. Кога човечката волја за примање ќе се развие до својот максимум, достигнува ниво што го нарекуваме „говорен" или што би можеле да го наречете „кабалист." Во тој момент се појавува сосема поинаков поредок, а истите четири нивоа се доживуваат, или барем е можно да се доживеат во духовното царство. (Тони црта)

Овде ги гледаме претставени на малку поинаков начин бидејќи немаме работа само со квантитетот на еден квалитет, туку со споредба на квантитетот наспроти квалитетот. Тука неживото, животинското, растителното и говорното имаат поинакви имиња, ќе ги видите во списите. Неживото се вика „палати"; растителното се вика „одежда", животинското „ангели"; а говорното „души." И сите тие се составени од сразмерот на две одлики – желбата за примање и желбата за давање.

Со други зборови, штом некој го достигне ова духовно ниво, поминува низ процес со кој желбата за давање станува се поголема и поголема како што човек се качува по тие нивоа. Потоа, се разбира, над сите нив е нивото на чистото давање, а тоа се вика, „Создателот." Тоа се многу таинствени термини и сигурен сум дека сте ги виделе во списите.

Да ја извадиме таинственоста од нив; да го видиме текстот од Баал ХаСулам кој зборува точно за тоа што значи тоа. Во Шамати текстот бр. 115, од книгата „Шамати," тој вака го опишува тоа: Неживото е нешто што нема свој авторитет. Напротив, тоа е под авторитетот на својот Газда и мора да ја задоволи секоја желба на Газдата. Запомнете, тука зборуваме за вишиот внатрешен живот, и треба да сфатиме дека неживото духовно ниво нема слобода или моќ врз себе, исто како што физичкото неподвижно ниво нема слобода, бидејќи слободата и духовниот живот почнуваат со самоконтрола. Човек кој не може да си ги контролира желбите се смета за духовно нежив.

Човек кој се стреми кон Создателот на крај ќе дојде во состојба во која јасно гледа дека нема моќ врз својата природа, но тоа го тера да го замоли Создателот за сила која со ќе го контролира својот егоизам, а неговиот егоизам е всушност она што ја сочинува неговата природа. Тој ја замолува Вишата Сила да му даде сила, но не само за да прави што сака во светов, како што прават моќните луѓе. Тие се мошне фокусирани врз една главна желба, и сите нивни постапки ја следат таа желба. Поради тоа, таквата личност станува уште поголем егоист. Сите негови мали желби само служат едно себично тежнение кое надвладува сè, но духовниот пат е поинаков.

Таму човек доаѓа во ситуација, во која сака сите желби да му ги предаде на волјата на Создателот, и со тоа фактички ја изразува својата слободна волја и во исто време го контролира својот егоизам. Она што тој го сака е одликите на Создателот да владеат врз него, но Создателот веќе владее со него, и онака веќе управува со него, но сепак човекот се стреми да ја достигне таа состојба по своја слободна волја. Тој самиот сака да знае, сака да сфати, и сака да ужива во владеењето на Создателот врз него. И сака сите свои мисли и желби да ги приспособи кон тоа, како што коњ се прилагодува на командите на јавачот.

Така, во неживата состојба, на духовното ниво, човек уште не може да се согласи со сите постапки што Создателот ќе ги изведе со него, но има достигнато ниво каде веќе ја чувствува потребата во себе да ги исполни сите желби на Господарот. Баал ХаСулам продолжува: „Оттука, кога Создателот ја создава создание за Своја слава, како што е напишано, „секој кој е ословуван со Моето име и кого сум го создал за Моја слава," тоа значи дека го создал созданието за Свои потреби.“

Природата на Газдата е вметната во суштествата, што значи сите суштества не можат да работат за друг, освен за себе самите. Бидејќи Создателот ги создал сите суштества за свое задоволство, Неговата природа е вметната во нив. Тоа значи дека секое создадено суштество исто така прави сè за свое задоволство. Сè што е создадено е всушност наменето само за една цел, а таа цел е сите тие малечки желби да и се потчинат на крајната и најзадоволувачката. Затоа го гледаме тој размер на растечка желба на сите нивоа во созданието. Човекот почнува да го чувствува и сфаќа тоа, и сега знае дека својствата на Господарот се сосема поинакви од неговите, и дека не може ништо да стори во врска со тоа. Тоа е неживото ниво; ништо не може да стори околу тоа.

Баал ХаСулам продолжува: „Растителното е она што веќе има свој авторитет до некоја мера. Може да направи нешто што е спротивно на мислењето на Газдата, што значи веќе може да прави работи кои не се за себе, туку за да даде. Тоа е веќе спротивното од она што постои во волјата на Газдата, кое го вметнал во подолните суштества за да работат само со желбата да примат за себе.

Па сепак, како што гледаме во телесната флора, иако се подвижни и се шират во ширина и должина, сите растенија имаат единствено својство. Со други зборови, нема ниедно растение кое може да се спротиви на методот на сите растенија, туку мораат да се придржуваат до правилата на флората и се неспособни да сторат нешто против паметот на своите врсници. Така, немаат свој живот, туку се дел од животот на сите флори, т.е. сите растенија имаат еден облик на живот за сите растенија. Сите се како единствено суштество, а растенијата се органи на тоа животно.

Така сите растенија постојат на истиот начин, како да се дел од истата билка – почнуваат да растат, се сушат и умираат во истото време од годината, сè е претпрограмирано и ништо не зависи од тоа што тие ќе направат. Се развиваат и растат без оглед на својата волја. Баал ХаСулам вели:

Слично, во духовноста има луѓе кои веќе ја добиле силата да ја надвладеат својата желба за примање до одреден степен но се врзани за околината. Не можат да направат нешто спротивно од околината во која живеат, но прават спротивно од она што го бара нивната волја за примање. Тоа значи дека веќе работат со волјата за давање. Исто е и во духовното.

Тие што имаат премалку сила сосема да ја надвладеат својата желба за примање се поробени од своето општество. Не можат да го сфатат неговото влијание или да работат надвор од него, но се трудат внатре да се спротиват на својата желба за примање, што значи дека веќе работат со својата желба за давање, и тие луѓе се слободни внатре, но се сосема зависни од своето општество, исто како што е растителното ниво. Растителното содржи одредена пројава на независна желба; може да се спротиви на волјата на господарот. Тука тој под „волјата на господарот" мисли диктатот на желбата за примање, доминацијата на егото.

Таквиот човек може до извесна мера да работи против тоа што му вели егото бидејќи има добиено алат на тоа ниво, екран, внатрешна сила и сега може да работи со желбите. Начинот на кој таквиот работи со желбите е тоа дека се противи на желбата на господарот – која е неговата сопствена природа – а тоа е природата која му ја дал Создателот: неговиот егоизам. Во тој момент тој веќе гледа дека неговата природа произлегува директно од Создателот, но сега не се согласува со сопствената внатрешна одлика и сака да влијае врз неа со спротивен став.

Значи, на растителното ниво, човек може веќе да даде место само туку така да ги прави работите. А тоа е против волјата на господарот. Таа волја за примање ни е дадена во моментот кога сме создадени.

Значи, од една страна, Создателот ја ставил желбата во нас и сака да нè исполни, а од друга страна, сака да го стекнеме Неговото својство на давање. Значи, двете желби всушност му припаѓаат на Создателот. Иако сме потопени во егоистична желба, во исто време, сме вклучени во изворната желба на Создателот. И обратно, кога конечно ќе ја стекнеме алтруистичката желба, пак ќе останеме во волјата на Создателот.

Тоа е затоа што не постои ништо друго освен волјата на Создателот, Неговата моќ над нас. Тоа е значењето на „нема никој друг освен Него." Но човек може да избере на која моќ, на која сила ќе и се покори и кој аспект од желбата на Создателот ќе влијае врз него. Може да избере една од двете. Зошто тогаш не ги чувствуваме двете подеднакво?

Во повисоката стварност, кога ќе влеземе во духовниот свет и ќе почнеме да се издигаме, се издигаме по средната линија, па така овие два избора – дали да бидеме под власта на егоизмот, или под власта на алтруизмот – во тој момент ги перцепираме како еднакви. Таа состојба се нарекува „Клипат Нога," состојба помеѓу давање и примање; понекогаш му припаѓаме на едното, понекогаш на другото. И таков е всушност човекот.

Она што треба да го стори е да се стави во неутрална позиција, меѓу својствата на давање и примање. Кога ќе дојде до таа состојба на неутралност, станува слободен да донесува сопствени одлуки; тоа е она што го викаме „слобода." Баал ХаСулам продолжува:

Животинско: Гледаме дека секое животно има своја карактеристика; тие не се врзани за околината туку секое од нив си има свој осет и карактеристика. Секако можат да делуваат против волјата на Газдата, што значи дека можат да даваат и не се врзани за околината, туку за својот живот. Нивната виталност не зависи од животот на нивните пријатели. Секое животинско суштество е специјално на свој начин; не е поробено од околината и има свои одлики и чувства.

Во физичкиот свет, гледаме дека секое животно може да се движи слободно и независно од другите, но сепак се покорува на законите кои се заеднички за нивниот вид. Така гледаме мноштво видови како дишат и хибернираат во истите фиксни периоди, па така и во духовното, секој што е на животинското ниво има свои осети и својства; не е веќе роб на општеството; има поголем степен на слобода да се спротиви на волјата на господарот, волјата за примање, од растителното ниво. Може да создаде своја околина. Сеуште донекаде му треба неговото природно, егоистично општество, но веќе не е сосема зависен од него.

Па сепак, тие не можат да почувствуваат нешто повеќе од своето битие. Со други зборови, немаат осет за другиот и природно не можат да се грижат за другиот. Животинското ниво има висок степен на независност, но му недостига една многу важна работа – може да се осети само себеси. Тоа е она што значи „само во сегашноста." Не ги чувствува другите, а највисоките состојби се меѓусебно поврзани.

Сега тој го опишува говорното ниво: Тоа има доблести:

1 – Делува против волјата на Газдата.

2 – Не е оковано за своите современици како растенијата, значи е независно од општеството.

3 – Го чувствува и другиот и затоа може да се грижи за другите и да ги дополни чувствувајќи и жалејќи заедно со заедницата. Може и да се радува во утехата на заедницата и да прима од минатото и од иднината. Меѓутоа, животните ја чувствуваат само сегашноста и своето битие. Со други зборови:

1) Тој може сосема да се спротиви на волјата на господарот – може да дава место да прима.

2) За разлика од растенијата, не зависи од други луѓе. Со други зборови, не зависи од својата околина за да се исполни.

3) Ги чувствува другите, па може да се грижи за нив и да ги задоволи нивните потреби. Тоа е давањето.

Ја има способноста да го прави тукуречи она што го прави Создателот. Неговиот однос со општеството е однос на возрасен. Може да создаде заедница, и во таа заедница, може да делува сосема спротивно од господарот и да создаде заедница – опкружение, кое е сосема алтруистично. Како што почнува да ги поништува своите егоистични својства, гледа дека е се повеќе поврзан со општеството по свој избор. Открива дека има повистинска одлика меѓу него и целината.

Тоа е нивото на апсолутна љубов – кога човекот станува еднаков на Создателот. Може да го сподели страдањето со заедницата, што значи дека ги добива нивните желби, нивните празни садови. Ги споделува и нивните радости, што значи дека сега може да ги исполни нивните потреби со радост во себе и целото опкружение тоа да го почувствува. Со тоа, човекот се издигнува до коренот на својата душа и ги опфаќа сите други души. Налик на колективната душа, Адам, ги поправа сите нив.

Другите уште не ја чувствуваат таа поправка, но човекот на тоа ниво го поправа тој дел од себе што е во сите нив. А со тоа што ги приврзува кон себе како поправен дел од себе, ќе може да ја постигне својата индивидуална, конечна поправка.

Сега може да прима и од минатото и од иднината, додека животинското ниво на духовноста може да се почувствува само себеси во сегашноста.

Придружетени се пак.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica