Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Откриена кабала“ 16

               

                                      Поправка на светот

Здраво повторно и добредојдовте во откриена кабала. Јас сум Тони Козинек.

Што е Тикун Олам? Буквално значи: Поправка на светот. Но, што значи тоа? Дали е светот скршен? Или само нашата перцепција и нашиот приод кон животот треба да биде поправен? Многу луѓе, насекаде по светот, сега можат јасно да видат дека моментално сме во насока кон криза и не постои јасна слика за иднината. Чувствуваме дека сме во хаос и дека сите човечки активности доаѓаат до ќорсокак.

Од науките до социалните, религиозни и националните врски, сè до сржта на семејството, ние увидуваме дека едноставно не знаеме како да се справиме со настаните и силите кои сега работат на нас. Целиот наш проблем е всушност проблем на перцепцијата, бидејќи ние сме изградени да правиме сè што е во наш најдобар интерес. Но тоа не можеме да го направиме на голем размер, бидејќи не можеме да го видиме големиот размер. Доколку би можеле јасно да ги видиме правилата што се однесуваат на целината, едноставно би ги направиле. Па така ние постојано се бориме со овој проблем.

Како можеме навистина да му помогнеме на светот во оваа ситуација? Ние размислуваме за оваа идеја - Тикун Олам - поправка на светот, како социален активизам: давање, дејствија и сите акции кои ги сметаме како љубезност кон луѓето. Но, јасно можеме да видиме дека социјалните активности не носат исход на каков што се надеваме. Па можеби значењето за поправка на светот е сосема нешто друго.

Баал ХаСулам напишал статија која се нарекува: „Откровение на Божественоста“.  Во таа статија тој се занимава точно со тоа што е Тикун Олам, што ќе направи и како може навистина да влијае врз поединецот и светот како целина. Па, ајде да го погледнеме и да откриеме какви дејствија може да направиме за да му помогнеме на светот. Тој започнува: „Сакај го ближниот како себеси”.

Раби Акива вели: Тоа е важно правило во Тора. Оваа изјава бара објаснување. Бидејќи зборот закон (на хебрејски значи и целина) индицира на збирот на детали, кои кога се заедно ја оформуваат Вишата целина. Затоа, работата е во проблемот на воспримање. Постои целина и постои нашето воспримање на таа целина. Целината е скриена од нас, како ние да сме разделени и како ова воопшто да не постои. Сето ова, всушност, сме самите ние, тоа е сè што можеме да го откриеме и тука нема иновација.

Ништо ново не се додава во ниедна точка во овој развиток низ кој поминуваме. Откровението на ова е откровението на она што сме, а тоа е истото што и целината. Оваа целовита структура на реалноста можеш да ја гледаш на различни начини. Можеш да ја гледаш како да е систем на светови, а ние како изолирани од овие духовни Виши Светови во местото наречено ,,овој свет”. Ова е истата идеа, превртена. Ова е наопаку во однос на ова. Ова е тоа што треба да можеме да го чувствуваме и гледаме со цел да знаеме како да делуваме на таков начин, така да она што го нарекуваме Божественост, или реалност, започнуваат да ни се откријат на нас. Оваа целовитост е всушност мир, а оваа работа, со која Тората сака да нè запознае, тоа е всушност како да го откриеме Создателот – целовитоста, она што сме, и да го направиме на таков начин за да е цело. За да биде она што го нарекуваме „Шалом“ – Мир. За да работи на таков начин, оваа целовитост да носи поправено и добро искуство на постоење.  

Продолжува. „Од ова произлегува дека кога вели за Мицвата: „Сакај го ближниот како себеси“, тоа е важно правило во Тора. Ние мораме да разбереме дека сите други 612 митцвот во Тора, со сите нивни интерпретации, не се ниту помалку ниту повеќе од збирот на детали вметнати и содржани во таа едната мицва: „Сакај го ближниот како себеси”.

Така оваа статија ни кажува дека Библијата не е куп на приказни и правила, туку всушност е прирачник, кој објаснува што градиме со нашето постоење и како да го изградиме, од кога е изградено и како работи. Тоа се средства за откривање на сите скриени детали на реалноста, на таков начин да работат заедно во хармонија, со една цел. Целата Библијата и сите кабалистички книги служат за тоа; како вистински да се постигне целта на „Сакај го ближниот како себеси“. Не само да се однесуваме како на изглед да го правиме тоа. Бидејќи кога се однесуваме како на изглед да го правиме тоа, ние носиме уништување на светот. Тоа што го постигнуваме, кога го достигнуваме вистински, е нешто сосема поинакво, нешто многу реално се случува.

Продолжува. „Пред да се навлеземе во самата суштина, ние мораме да го набљудуваме тоа правило и внимателно, како што ни е кажано: „Сакај го ближниот како себеси”. Самиот збор ни кажува дека ти мораш да го сакаш твојот пријател во иста мерка со која се сакаш себеси, и не помалку од тоа. Што значи дека ти треба постојано да бидеш спремен да ги задоволиш потребите на секој од нацијата Израел, исто како што си спремен да ги задоволиш твоите.“

Тука вели дека моите чувства кон другиот треба да бидат идентични како чувствата кон себеси. Јасно е дека ова не е да се биде пристоен или добар граѓанин, туку се работи за суштинска промена на видувањето кое јасно ќе му открие на личноста; дека мора вака да се однесува.

Продолжува: „Ова е крајно невозможно, бидејќи нема многу луѓе кои можат да ги задоволат сопствените потреби за време на дневната работа, па како можеш да им кажеш да работат за да ги задоволат желбите на целата нација? Не е возможно да мислиме дека Тората претерува, бидејќи нè предупредува да не додаваме или одземаме, да демонстрираме дека овие зборови и закони се дадени со крајна прецизност. И доколку ова сèуште не е доволно за тебе, дозволи ми да ти кажам дека, едноставното објаснување на тоа правило: Да се сака ближниот, е уште построго. Треба да се стават потребите на нашите пријатели пред нашите, како што нашите мудреци запишале во однос на стихот: „Бидејќи е среќен со тебе, што се однесува на робот Евреин”. Кога некогаш има само една перница, доколку лежи на неа и не ја даде на неговиот роб.“

Кога зборува овде за господар и слуга не мисли на сопственик и некоја сиромашна душа која мора да работи за него. Тој зборува за внатрешен апект на една личност.

„Доколку лежи сам на неа и не му ја даде на робот, тој не го почитува „бидејќи тој е среќен со тебе”, бидејќи тој лежи на перницата, а слугата на подот. Доколку не лежи на неа и истовремено не му ја дава на слугата, тоа е Содомско правило.“

Содомското правило е законот на градот Содом кој гласи: „Што е твое е твое, а тоа што е мое е мое. Доколку ти не можеш да го имаш и јас не можам да го имам, и така станува полошо. Тоа што е твое е твое, а тоа што е мое е мое, е всушност законот на секоја нација на светот. Така се организирани сите општества.

Продолжува: „Произлегува дека против сопствената желба тој мора да му ја даде перницата на својот слуга, додека самиот господарот лежи на земја.“ Прескокнувам на нов параграф.

„Постои пресуда дека доколку тој сам лежи на неа и не ја даде на својот пријател, тој ја прекршува заповедта „Сакај го ближниот како себеси”, бидејќи не ги задоволува потребите на неговиот пријател, туку ги задоволува сопствените. Доколку тој не лежи на неа и не ја даде на неговиот пријател, тоа е злобно како Содомското правило. Затоа, тој мора да го остави неговиот пријател да лежи на неа, а тој треба да стои или да седне на подот. Разбрано е дека ова е законот кој се однесува на сите потреби кои се на негово располагање, но се недостатоци на пријателот. Сега оди и види дали ова правило е изводливо на било кој начин.“

Ова не е закон кој може да биде одржан со дела. Природата на луѓето е целосно против него и не зборуваме за таков вид на промена кој доаѓа од надворешни дела. Ние не зборуваме за физичко задоволување на луѓето, бидејќи не можеме да започнеме од таму. Причината, зошто не можеме да започнеме од таму, е дека секое дело кое го правиме е погрешно. Дури и ако изгледа добро. Бидејќи нашите таканаречени добри дела прават штета кога се направени од погрешна причина. Со цел делото да има добар исход, неговата точка на создавање мора да биде добра. Мора да дојде од намерата, кога е создадена од поправената намера. Мора да го има тоа во неговата подготовка. Доколку го има и намерата доаѓа од таа точка, тогаш и создадена е на тој начин. Намерата се софпаѓа со таа на силата која се грижи за сè. Со други зборови, со Божественоста или Вистинската Сила зад реалноста. Тогаш секое дело кое го правиме ќе биде добро, без исклучок. Се работи за намерата на нашите чувства, за тоа што е другата личност и точно опишува како функционира законот на природата. Од оваа намера можеме да видиме интеракција на сиот живот на глобално ниво, но тоа не е опомена. Не ни кажува дека треба да дејствува на начин кој ќе го прифатиме и да го правиме надворешно. Не треба да се зема како товар како на пример: „Еј господине подобро да ги почитуваш овие правила“. Не можеш. Тоа е внатрешен правец за тоа како да се тргнат сите товари и хаос од човечкото искуство.

Пред да можеме да продолжиме треба да се запрашаме себеси; ова е многу добра идеа, но кога личноста ќе има потреба да направи нешто такво?.

Токму сега имаме потреба да го направиме тоа. Ние сме во одредена точка на човековиот развиток каде што сме втурнати во ситуација со која не знаеме како да се справиме. Ние се наоѓаме во ситуација каде што треба да се поврземе со сè наеднаш. Прво доаѓа во технолошка форма, или напредок на економијата, каде што гледаме поврзана глобална економија. Ние не можеме да направиме нешто, некаде во светот, а да нема голем одраз на друго место. Дури и заемниот систем на комуникација стана толку многу поврзан што ги крши нашите идеи - за тоа што сме и што поседуваме. Сè што сме искусиле во последниве илјадници години е само заради развитокот на еден одреден квалитет во човештвото. Тој квалитет е развитокот на егоизмот. Сè е наш ќош, наш приватен имот, наша нација, наша приватност. Но оваа приватност, заради големиот раст на нашата желба да почувствуваме, спознаеме и да се исполниме себеси, сега доаѓа до точката кога се наоѓаме во следната фаза. Но, не знаеме како да живееме таму.

Погледнете го интернетот. Доколку ставите било што на интернет, штом го дигитализирате и е веќе таму, тоа му припаѓа секому.

Ние сме веќе таму, но бидејќи не знаеме да живееме таму, се наоѓаме себеси втурнати во глобална војна. Откриваме дека крадеме од сите. Во нашата глобална економија сèуште имаме сиромаштија и страдање, насекаде, и единствената разлика во справувањето е дека сега можеме да го вклучиме телевизорот и да видиме како сите страдаат, насекаде. Па, ние треба да знаеме како да живееме во оваа глобална состојба. Така „Сакај го ближниот како себеси“ е инструкција за да ја превртиме оваа ситуација која нè обзема во талкава мера, која ќе не донесе во целовитост. Ајде да го погледнеме дијаграмот повторно.

Оваа предходно постоечка реалност треба да се открие и затоа велиме дека „Сакај го ближниот како себеси“ е средство за откривање на оваа реалност и средство за почитување на законите. Сите 613 заповеди се деталите на “Сакај го ближниот како себеси“.

Ова е вака. Во оваа реалност можеме да воспримиме само мал дел од себеси. Овде се гледаме како одделни. Ова сум јас. Секоја друга личност, сите други се овие единечни  гледни точки во зедничката душа, кои всушност ја прават оваа целост, но се гледаат себеси како потполно одделни. Ако ова ,,јас” започне да се шири и го гледа егоизмот, посебните потреби на другите како сопствени потреби, тогаш тоа што се случува е дека тие стануваат негови. Следи проширување и како резултат на ова проширување е вклучувањето на другите, точно како себе. Овој степен од целото станува откриен. Овој повисок степен на воспримање на целината настанал само заради љубовта кон другиот како себеси. Штом еднаш садовите на другите се вметнати во желбата на поединецот, тие стануваат негови. Нема разлика помеѓу ,,јас” на една личност и ,,јас” на другите. Тоа што се случува е: колку повеќе воспримањето на поединецот се шири кон надвор, почнува да ја присоединува секоја една точка, целата од оваа претходно постоечка реалност. Оваа Божественост станува целина. Едноставно, како резултат од одење над границата на „Само тоа што е мое, е мое; а тоа што е твое е твое“. Туку тоа што е твое е твое, и тоа што е мое е и твое. Ова го зголемува проширувањето до точка да се нема обзир дека ова сум само „јас“, туку дека ова станува целата реалност.

На овој начин ние ги сакаме нашите пријатели како себеси, ги почитуваме сите закони, сите детали на описите како да се однесуваме добро со другите и всушност достигнуваме цел опфат на реалноста. Тоа е само преку љубовта кон другите.

Целата реалност може да биде откриена. Овој закон на Тора, овие упатства за тоа како можеме да го достигнеме оваа проширување на идентификација со другите „како себеси“ е единственото средство со кое можеме да живееме во оваа глобална ситуација.

Глобалната ситуација не е ништо друго, освен оваа граница која не ја гледаме. Ние веќе сме целосно поврзани со сите точки. Единствениот закон кој мораме да го знаеме со цел да го направиме целиот глобален систем да работи за да не се експлоатираме меѓусебно, и секое дело кое го правиме да доаѓа од импулс кој е ист како тој на целината, е љубовта кон другиот како кон себеси.

Сите религии, сите филозофии и сите луѓе со добра волја велат: „Сакај го ближниот како себеси“. Единствениот проблем е што тоа е само изрека. Нема метод кој ќе му покаже на поединецот како да го достигне ова.

Тоа е единствената работа со која се справува кабалата. Сите навидум сложености се сведуваат само на овој  метод, кој е е начин да се достигне искрено целосното, и целосна желба да се гледаат другите како себеси. Оваа, една заповед е заповедта на Вишата Реланост. Бидејќи тоа е нејзината природа и единствената работа која треба да ја направиме и сè што ни треба како совет е како ова може да се достигне. „Сакај го ближниот како себеси“ е вратата на духовниот свет. Бидејќи преку таа љубов се поврзува секој личен, егоистичен отвор за да ја открие вистинската природа на ралноста. Ја открива, не како надворешна, туку како внатрешна.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica