Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Откриена кабала“ 5

                

                  Вовед во Четирите фази на Директната Светлина

Здраво уште еднаш и добредојдовте во “Откриена кабала“.Јас сум Тони Козинек. Да почнеме со читање на цитат од Баал ХаСулам, од „Воведот во Талмуд Есер Сефирот“ (Изучување на Десетте Сефирот).Тој вели:

„Затоа мораме да прашаме: зошто тогаш кабалистите секого го обврзуваат да ја проучува мудроста на кабалата? Навистина, во неа лежи нешто многу важно, кое заслужува да биде објавено. Тука има чудесен, бесценет лек за тие кои се бават со мудроста на кабалата. Иако не сфаќаат што учат, ги будат Светлините кои ја опкружуваат нивната душа. Додека човек не достигне совршенство, тие Светлини, кои му е судено да го стигнат, се сметаат за Светлини кои опкружуваат. Тоа значи дека стојат на готовс и чекаат човекот да ги прочисти своите садови за примање. Тогаш тие Светлини ќе ги обвијат оспособените садови.

Така, дури и кога човек ги нема тие садови, кога ќе почне да се занимава со оваа мудрост, спомнувајќи ги имињата на Светлините и садовите поврзани со душата, тие веднаш до извесна мера ќе го осветлат. Меѓутоа, тие светат за нас без да ја обвиваат внатрешноста на душата, бидејќи нема садови способни да ги примат. И покрај тоа, осветлувањето кое човек го добива одвреме навреме така ангажирајќи се привлекува кај него милост одозгора, дарувајќи му изобилие на светост и чистота, што го доведува многу поблиску до достигнувањето на совршенство.“

Во оваа лекција ќе ги погледнеме сите четири фази на создавањето на едно суштество. Ова е макро - калапот за сè што постои во создавањето: начинот на кој таа е создадена; начинот на кој се создава едно суштество и начинот на кој сето она што произлегува од тоа е создадено во секој аспект од созданието.

Еве што ни велат кабалистите. (Тони црта)

Прво треба да знаеме дека ова се тајните на Тора, но ние нема да зборуваме за тие тајни, кои се над нашата способност да ги пренесеме. Ниедна кабалистичка книга не зборува за тајните на Тора, туку само за нејзините вкусови. Овие тајни се нарекуваат Неговата Суштина, или Ацмуто. Забрането е да се зборува за тоа. Забрането значи дека е невозможно. Нема зборови за тоа. Немаме Келим (садови) за тоа. Тоа може да се знае само кога ќе се достигне.

Почнуваме тука (Тони го црта симболот за бесконечност).

Почнуваме со Создателот. Кабалистите велат дека почетната мисла на Создателот, тие што стигнале до ова ниво; велат дека сè почнало со намерата, а таа намера е да се создаде суштество и да му се даде задоволство. Тоа се вика Бхина Шореш. Тоа е коренот на сета стварност. Бидејќи таа волја да се создаде суштество и да му се даде задоволство е почетниот импулс на созданието, она што се случило веднаш потоа е дека се јавила волја да се прими тоа задоволство. Таа мисла е она што сега го нарекуваме „Светлина", а тоа е волја за примање. Тоа е нашиот сад. Тоа е почетното суштество. Таа фаза е онаа во која целокупната Светлината на создавањето го исполнува садот, способен да ја прими целата Светлина. Но тој сад е речиси поништен во тој однос, толку е вграден во тоа што овие нешта всушност се создадени во исто време и сосема зависат едно од друго.

Тука имате давачка сила, желба за давање, која се втиснува во примањето и создава спротивна желба, желба за примање. Тие работи се споени. Тие се делови од истата идеја, само спротивни.Тоа се вика втората проникливост, Бхина Алеф. Алеф е првата буква на хебрејската азбука и има вредност 1, а тоа е првата проникливост.

Она што се случува кога Светлината влегува во тоа прво Кли - сад, волјата за примање, е дека волјата за примање го чувствува задоволството. Но Светлината исто така внесува нешто од својата природа во садот, и нешто се случува како резултат на тоа чувство.

Кога таа Светлина ќе се спушти до дното и ќе стигне до целосно исполнување во таа волја за примање, садот почнува да чувствува нешто за природата на самата Светлина. Бидејќи ова е само волја за примање, таа се придвижува врз основа на своето програмирање, и забележува дека постои Давател, така што првата проникливост е „постои Давател"; со други зборови, ова е првото нешто што не е Создателот. Тоа има чувство дека постои модус на давање и модус на примање. Тоа постои, во однос на нешто.

Ајде да го разгледаме овој прв и втор дел во рамките на Сефирот.
Првата прониклвост се вика „Кетер" или „круна". Втората проникливост се вика „Хохма". Хохма значи мудрост. Значи таа Светлина која овде ја чувствува првото суштество, првата фаза на суштествување, е радост, која е одговор на особината на Создателот, и таа Светлина која тоа го чувствува, која влегува во него, се вика „Светлина на Мудроста" (на хебрејски, „Ор Хохма"). Затоа секојпат кога ќе го слушнете зборот „мудрост" во кабалистички текстови, се зборува за ова својство на оваа фаза.

Сега тука нешто се случува, и како резултат на чувството дека постои Давател, тоа го чувствува и задоволството од желбата да дава, и го сака тоа задоволство бидејќи тоа е волја за примање. Значи, во таа желба се јавува нова проникливост. За да се постигне тоа – бидејќи го чувствува тој недостиг во себе (прво било сосема исполнет, потоа почувствувало недостиг од она што го почувствувал во особината на Светлината) – за да го постигне тоа, за да проба самото да го постигне, сфаќа дека не сака да прима. Она што го сака е задоволството од давањето, па го прави тој потег за да може да го доживее тоа задоволство, но бидејќи е направено само за да прима, единственото нешто што може да го стори е да не прима. Со други зборови, ја одбива Светлината. Таа фаза се вика „Бхина Бет". Бет е втората буква од хебрејската азбука, и согледувањето што го има е дека да се дава е подобро одошто да се прима. Тоа е желба за давање.

Тука се случува нешто многу интересно. Имаме две фази кои се помрднаа (фаза 1 кон фаза 2), се помести до својата целосна спротивност. Фазата 1 е желбата за примање а фазата 2 желбата за давање. Оваа Сефира (Фаза 2) се вика „Бина". Бина потекнува од зборот Хитбоненут, кој значи „набљудува". А она што всушност го набљудува и проникнува, е дека особината на Создателот е да дава. Значи, тоа е особина на давање, тоа е Сефира Бина, таа Бхина Бет, таа Фаза 2.

Во таа состојба на празнина на садот му доаѓа уште едно проникнување. Сега сакам да забележите дека она за што се зборува во секое од овие Бхинот, во секое проникнување, нема врска со дејствувањето на Светлината. Дејствувањето на Светлината е секогаш исто. Таа секогаш го користи само тој примарен закон – волјата да се создаде суштество и тоа да се исполни со задоволство. Тоа е единственото нешто што Светлината го прави. Она за што зборуваме се промените на проникнувањата во садот, во желбата, во суштеството. Во Бхина Бет, во недостигот на Светлината, се случува проникнување, сфаќање дека неговата природа е всушност да прима, и дека не може да постои без Светлината на Мудроста.

Ова одбивање на Светлината се нарекува „Светлина на Милоста" (на хебрејски, „Ор Хасадим"), за да знае дека не може така да опстојува, мора да прима. Но тоа не сака да биде примател, и затоа мора да најде начин со кој неговото примање всушност ќе биде вид на давање. А тоа доведува до следното проникнување.

Тоа е Бхина Гимел – третата буква од хебрејската азбука. Тоа проникнување тука доведува до двојна фаза. Тоа значи, оваа фаза вклопува две спротивности, примањето на Ор Хохма, и вклучува и Ор Хохма и Ор Хасадим. Значи овие две спротивни желби се заедно во оваа мешана фаза. Зошто? Што се случува овде? Во овој модус на примање, Бехина Гимел нашла начин примањето да го претвори во вид на давање.

Единственото нешто што постои во созданието е создаденото суштество и Создателот – Светлината и садот – тоа е тоа. А дури и ако суштеството чувствува дека врши чин на давање само во себе, всушност, единствениот на кој има нешто да му се даде од гледна точка на суштеството е Создателот. Бхина Гимел донесува одлука дека ќе го копира чинот на Создателот, осознава дека Создателот сака тоа да биде исполнето со задоволство, дека мора да го прими тоа задоволство, и дека дел од Мислата на Созданието е да се создаде суштество и да му даде нешто. А единствениот вид на суштество кое може навистина да го создаде е нешто во себе.

Затоа решава да прими дел од Светлината, да речеме 20% од Светлината, под услов да го стори тоа само за да ја исполни Мислата на Созданието, оваа желба на Создателот да создаде суштество и да го исполни со радост. Затоа ќе го прими тоа, со намерата дека со таквото примање ја исполнува таа Мисла. А ова е единствениот модус во кој примањето може да биде давање. Но давањето е намера. Не е важно каков е чинот; тоа е намера. Значи ова е всушност слично по форма со фазата 0 (Кетер) до одреден степен.

Овие 80% од Ор Хасадим (Светлината која се враќа, Повратна,) е пак задоволство, пак е Светлина која влегува во него, но тоа тука не и' обрнува внимание. Оваа фаза кај Сефирот се нарекува Зеир Анпин, и всушност се состои од повеќе Сефирот: Хесед, Гевура, Тиферет, Нецах, Ход, и Јесод. Ова е мешана фаза која дозволува примање за да може да има давање.

Во оваа симулација на чинот на дарување која ја врши Бехина Гимел, се раѓа нова проникливост. Таа тука чувствува нова особина на Светлината поради својата постапка и таа особина е всушност самата Мисла на Созданието. Таа осознава дека не е работата во тоа само да дава, и дека не добива само одреден дел за да ја исполни желбата на Создателот да и даде, туку дека Мислата на Созданието е суштеството целосно да се исполни со бескрајна радост и тогаш таа осознава дека мора да ја прифати таа Светлина, за да ја исполни Мислата на Созданието. Мора да ја прифати целата Светлина.

И така, тука Светлината влегува и го исполнува целиот сад. Тоа е Бехина Далет, 4, но таа е сосема поинаква од Бехина Алеф. Иако изгледа исто, тука се случува нешто сосема поинакво бидејќи тука, (Тони покажува на цртежот) во Бехина Шореш, Алеф, Бет, и Гимел, сите овие постапки не беа независни. Сите тие беа извршени од Создателот. Силата на Светлината, одговорот и желбата создадена во секој од овие беа дела на Создателот. Во Бхина Далет се случува нешто сосема ново. Тоа е независна желба да се биде и прави точно она за што Создателот има поставено таму. Тука, во намерата да се прими сета таа Светлина, постои можност за еднаквост на обликот со самата Мисла на Созданието.

Во тој момент, за суштеството сè се менува.Тука доаѓа до ограничување, промена во природата на желбата. Место да прима, како што правеше Директна Светлина, и да се труди самата за себе тоа да го постигне, таа тука, поради последната проникливост што ја имаше, ја чувствува положбата на Создателот. И сега, таа веќе не го сака извршителниот дел од созданието, она што го сака е умот на Создателот, мислечкиот дел од созданието. Таа сака да постигне еднаквост во обликот со Создателот, што всушност е и изворната намера на Создателот.

И тука го имаме почетокот на сè друго во суштеството. Имаме независно суштество. Затоа, оваа четврта фаза на Сефирот се нарекува „Малхут". Малхут потекнува од зборот „крал" или „кралство". Значи дека тука над се владее желбата. Тука со таа нова намера да не прима само за себе, бидејќи ја чувствува положбата на Создателот, се чувствува посрамено од начинот на примање, и тоа се вика ограничување – првиот Цимцум – и отсега натаму го интересира Мислата зад создавањето, а не делата на создавањето.

Значи тука го имаме овој Малхут, почетокот на создавањето. А овој сад, овој број четири Бехина, се вика „Олам Еин Соф", т.е. „Свет без крај", и оттука излегуваат сите светови и души.

Секој дел од созданието го користи токму овој облик. Овој процес, овој макро-калап, е исто така име на Бог со четири букви. Сте го виделе. Еве го врвот на Јод; Јод, Хеј, Вав, и долното Хеј, ХаВаЈаХ. Кога ќе го видиме ова име, претставува таква низа на сили.

Сите имиња и зборови во кабалата се како формули во физиката. Зборуваат за односите на Светлината со Садот. Така, тука гледате дека кабалистите ни имаат дадено мапа одозгора надолу – како сме создадени. Но, не е само тоа. Тоа ги опишува и состојбите кои човек мора да ги достигне на својот пат нагоре. Ни ја дава намената, ни го дава коренот, и ни ги дава местата кои следуваат патем. И тоа е она што го прави суштеството штом ќе си го постави тоа ограничување. Почнува да гради систем од светови за да може да ја постигне Мислата на Создаението, но како независна желба, и да стане еднаков на Создателот. 

Ова е цитат од Рав Лајтман:

„Човекот опфаќа сè што е во него. Ако човекот прави исправки, тоа значи дека во согласност со него целата креација му се доближува на Создателот. Затоа, човек мора само себеси да се исправи. Човек кој се воздигнува, со себе ги поткрева сите светови. Затоа е речено дека сите светови се создадени само за човека."

Придружете ни се пак следниот пат кога ќе учиме за примарниот алат на духовното достигнување - градењето на екран, сензорот, кој ќе ни дозволи да ја почувствуваме Мислата на Создателот и да достигнеме облик како неговиот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica