Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е кабала ?

altМудроста кабала е научна алатка за проучување на духовниот свет. За истражување на нашиот свет, ние ги користиме природните науки како што се физика, хемија и биологија. Но, природните науки го проучуваат само физичкиот свет кој го согледуваме со нашите пет сетила. За целосно да се разбере светот во кој живееме, потребен е истражувачки инструмент, кој може да го истражува скриеното царство, она што нашите сетила не може да го согледаат. Тој инструмент е мудроста кабала.

Според мудроста кабала, реалноста се состои од две сили или квалитети: желба да прима и желба да дава. Бидејќи  желбата за давање сака да даде, ја создава желбата на примање, па оттука почесто се користи името "Создател." Поради тоа, целокупното создавање, вклучувајќи нè и нас, е израз на желбата на примање.

Користејќи ја кабалата, можеме да работиме со фундаменталните сили на реалноста - примање и давање - во наша корист. Не нè учи само каков е нацртот на создавањето, туку и како можеме да станеме моделатори, како што е Семоќниот, како оригиналниот Дизајнер на реалноста.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica