Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што нè учат кабалистичките книги?

books1_previewКабалистичките книги ја даваат структурата на духовните светови и како секој од нас може таму да отиде. Кабалистичката книга е како туристички водич. Доколку сакате да патувате во нов град, можеби ќе сакате да користите туристички водач, да ви каже кои се најдобри места за посета, најдобри кафулиња и клубови, и места каде што не сакате да одите, затоа што нема да ви се допадне она што таму ќе го најдете.

Слично на тоа, кабалистичките книги ви кажуваат како се градени духовните светови, кои "места" се повеќе забавни, а кои не. Се разбира, тие не се физички места, туку духовни состојби, кои секој кабалист ги искусил.

Друга работа која ви ја кажуваат кабалистичките книги е: како да се најде духовната реалност. Ако сакате да отидете некаде во овој свет, потребна ви е карта за тоа место и туристички водач за проучување на самото место. Во духовноста, кабалистичките книги ќе го направат тоа за сите вас "ќе ви покажат" каде е духовниот свет, "ќе ве доведат" таму, и ќе ви ја покажат околината.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica