Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалистички извори

Од каде потекнува мудроста кабала и кои се нејзини извори ?

Потекло на кабалата

books22_preview Науката кабала е единствена во начинот на кој зборува за вас, за мене, за сите нас. Таа не се занимава со нешто апстрактно, туку само со начинот на кој ние сме создадени и како да функционираме на повисоко ниво на постоење.

Многу кабалистички книги се напишани за тоа, почнувајќи со Авраам Патријархот од пред четири илјади години, кој ја напишал книгата наречена Сефер Јецира (Книгата на Создавањето). Следно важно дело е Книгата Зохар, напишана во вториот век од христијанската ера. Зохар, е проследена во делата на Ари, познат кабалист од 16-ти век. А дваесеттиот век  го виде појавувањето на делата на кaбалистот Јехуда Aшлаг - Баал ХаСулам

Текстовите на Ашлаг, (Баал ХаСулам) се најпогодни за нашата генерација. Тие како и другите кабалистички извори, ја опишуваат структурата на Вишите Светови, како тие се спуштаат и како нашиот универзум со сето она што е во него почнал да постои.

Учебникот на Јехуда Aшлаг, Талмуд Eсер Сефирот (Студија на Десетте Сефирот) е структуиран како студија со помош на прашања и одговори, материјали за повторување и објаснувања. Ова е доколку сакате, физика на Вишите Светови, опишувајќи ги законите и силите кои управуваат со универзум од духовното царство.

Овој материјал постепено ги менува студентите, бидејќи кога трагаат како да го доживеат духовниот свет, постепено се прилагодуваат себеси на духовните закони, опишани во книгата.

Науката кабала не се занимава со животот во овој свет. Наместо тоа, со проучувањето на овој систем можеме повторно да се достигне нивото кое сме го поседувале пред спуштањето. Во текот на оваа искачување, самото учењето на кабалата во студентот гради систем еднаков на духовниот систем.

За да се обезбеди духовна корист од текстот, ние во Бнеи Барух учиме само од автентични извори, фокусирајќи се на оние кои се напишани со цел да им помагнат во духовниот напредок на учениците. Овие извори се:

Книгата Зохар

 

Големите Кабалисти низ историјата

Д-р Михаел Лајтман, дава преглед на лозата на големите кабалисти - од Авраам до Јехуда Ашлаг

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica