Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Без сопирање на вагонот

 

26.07.2010
Ние достигнавме до ниво во кое всушност сме подложени на тест да сфатиме дека Создателот е добар, што прави добро. За да се справиме со овој тест Создателот не' соочува со овие тешки ситуации во кои Тој ги допира нашите најдлабоки рани, најдлабоките лузни, дури и од млада возраст.И Тој очекува од нас, и морам да кажам дека го прави тоа на многу паметен начин. Тој не' доведува во најрадикалната и точна состојба,но од нас се бара да разбереме дека Тој е добро, што прави добро, а јас не можам да го направам тоа.

Ова е следната состојба. Одлично е што разликуваш дека Создателот подготвил за тебе од пред 20-30 години различни лузни и рани, за да ги допре сега. Гледаш дека Тој е мудар, дека има причина за се' што прави.За сите има време и место - тоа веќе е добро. Тоа е веќе искуство, тоа е во ред, многу добро. Ти ќе видиш дека те чекаат уште изненадувања на патот - тоа е првото нешто. Другото е дека потоа ќе дојде следната состојба во која ќе знаеш за што се сите овие работи, како се поврзани тие. Не дека едноставно ќе се потсетуваш на непријатни или пријатни работи и зошто Создателот ги направил на таков начин.Или зошто работи од пред 20 или 30 години имаат причина или даваат резултат сега. Ова е само првото "познанство" со овие активности.Подоцна во последицата ти ќе откриеш зошто, за што, како тие се поврзани со целата реалност, ќе откриеш дека се поврзани со Бесконечноста, дека имаат духовна, бескрајна важност.

Вистината е дека ние имаме што да научиме од се' низ кое минуваме, но самото учење треба да биде за време на подигање кон напред, за време на патувањето. Ако јас патувам од една состојба во следната, се' што се открива на патот е без да го запирам вагонот и да скокам од него,но на патот се откриваат секогаш нови работи. Добро, нека се откриваат, јас треба да се придржувам на идната цел.

Од дневната лекција / 26.07.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica