Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Внатрешна нечистотоја

 

28.07.2010


Многу е лошо ако целата нечистотија и страни мисли не се разбудат. Тоа значи дека постои прашање дали воопшто ја привлекуваме светлината која исправа, бидејќи таа доаѓа главно поради оваа причина.

Затоа додека го читаме Зохар или некои други делови од Кабала и се чувствуваме лошо, тоа значи дека сме на вистинскиот пат.Значи дека сме во состојба во која Кабалата, која ја изучуваме е: "порции на животот", бидејќи таа ги открива нашите болести, за да ги исправиме.Но ако преку изучувањето на Кабала добивме добро и мирно чувство, дека заслужуваме повеќе - тоа се нарекува "порции на смртта". Бидејќи ќе не' смири, за да останеме во егото и да станеме дури многу горди. Ние би достигнале двојно прикривање.

Затоа бидете вистински среќни за откривањето на злобното, за откривање на нашето внатрешно зло додека учиме, бидејќи тоа е навистина знак за "Јас ја создадов злата наклоност и Јас ја создадов Кабалата за негово исправање". Јас сретнав многу луѓе кои добро се чувствуваа како резултат на изучувањето на Кабала. Сиромашните луѓе, тие навлегуваат се подлабоко и подлабоко во темнина. Тие мислат дека немаат зло, дека тие веќе се добри, дека можат да ги исправаат другите, дека може да имаат некакви претензии од нив.

Со нас се' е точно обратно - колку повеќе учиме, толку повеќе сфаќаме дека злото е во нас и мора да се исправиме себеси.

Од дневната лекција / 28.07.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica