29.08.2010
Има многу прашања за "Денот на Единството. Има прашање од Швајцарија: Денес е Денот на Единството. Имате ли некаков специјален совет за овој ден?
Треба да сфатиме дека со обединувањето ние ја постигнуваме реализацијата и спроведувањето на целата работа на создавање.Единството е алатка и Кли, тоа е предност, резултат на нашата работа и во обединувањето ние го откриваме Создателот - "каде што човек го открива Создателот", како што се вели во Зохар. Затоа, единственото е нешто што треба да го направиме, да се стремиме кон таква реалност, каде што никој не се чувствува себеси, туку само т.н. конечно единство. И во моментот кога секој го губи своето "Јас" и наместо него чувствува "ние".Само тоа е нова реалност, која е изградена над нас и она што е изградено над нас се нарекува Малхут на Ацилут, Шхина.
Ние сме во световите БИА на поделба,но Mалхут на Ацилут е местото на нашата врска. Со тоа ние градиме Шхина, местото на постоење и таму ние откриваме Шохен, Создател. Така во денот кога се занимаваме со обединување - тоа сигурно е голем ден - треба да му се припише голема важност и секој од нас мора да биде поврзан со него што е можно повеќе.
Од дневната лекција/28.08.2010


