10.06.2010
Речено е "Секој ученик е должен да го цени пријателот,како најголем од генерацијата". Што значи тоа, каква е оваа игра?
Јас сега се наоѓам во светот на Еин Соф, Бесконечност.Но јас ве гледам вас.Погледнувам околу и не се радувам посебно. Зошто? Бидејќи тоа е како мојот егоизам ве опишува.Овој човек е грд, тој е глупав, другиот е мрзелив и овој е таков, а тој е онаков итн
Низ мојот егоизам јас ве гледам вас.Но ако јас не ве гледам со мојот егоизам, што ќе се случи? Тој дава пример.Ако вие бевте мои деца, тогаш се' ќе ми се чини добро, совршено. Ова се нарекува "Љубовта ги покрива сите злосторства" Ти можеш да ги видиш лошите работи во нив, но сепак да ги сакаш. Ова се нарекува "Љубовта ги покрива сите злосторства" Има злосторства, но љубовта ги покрива, не ги отстранува. Преглед на тоа колку точен е јазикот на мудреците. Затоа ние треба да бидеме свесни дека се' зависи од мојот егоизам, не гледам ништо освен тоа.
Токму како што Баал ХаСулам вели:Јас имам Масах-екран тука и изгледа како јас да го гледам светот со моите очи. Навистина ли го гледам светот? Се поминува низ мојот егоизам и тогаш сликата се "прожектира"пред мене. На што можеме да мисли тука? Се разбира се' зависи од моето гледање.Како јас се управувам себе си за да го видам светот.Ми се кажува дека треба да ја опишувам групата, да ја претставувам на начин дека сите тие се најголемите од генерацијата, дека сите тие се на крајот на исправката.
Така да, што играме? Не играме. Ти едноставно ја поништуваш лагата, ја поништуваш лагата на егоизмот. Тоа е што правиш. Ова е разумна акција - тие ти велат дека надвор од тебе е светот на Еин Соф.Ти си во него.Само одстрани ја оваа Клипа, оваа обвивка која ја изопачава Бесконечността во нешто толку спротивно и тогаш ти ќе почувствуваш каде се наоѓаш. Ајде наводно да го направиме, како да е игра.Тоа е точно, наречена е напор и игра.
Да се обидеме да го направиме. Затоа се вели "Ние ќе направиме и ние ќе слушаме", да се обидеме да го направиме така како да сме сите големи.Се чини дека сите сме добри, исправени, поврзани, заедно. Правејќи го тоа, ние привлекуваме многу силна Светлина која има големо влијание и ја исправа нашата суштина.Наместо егоизам, ние дојдовме до давање.


