Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како грижлива мајка

 

22.07.2010


Токму како една мајка која е постојано загрижена за нејзиното бебе, за нејзиното мало дете - како е тоа, што се случува со него, да не се повреди итн.Оваа бескрајна загриженост,неспокојство и немир, навистина во себе таа има едни такви вибрации и таа е неспокојна природно. Ние мора да достигнеме таква врска, таква загриженост кон Создателот.

На кого сакам да давам е моето бебе, не е важно дека го нарекувам Создател, но од страна на мојата загриженост е така, бидејќи јас сакам да бидам тој што дава. Пред тоа, ние мора да ја достигнеме таа врска помеѓу човекот и целото човештво или мала група. Треба да ја има оваа внатрешна загриженост до моментот кога ти навистина трепериш - дали можеш да им помогнеш, да им бидеш од корист на некој начин. Ова е својсва на Бина, тоа е од каде што започнува. Ако вложиш доволно напори, тогаш Тој ја отвора оваа можност за нас, Тој го отвора отворот во нашето срце - тоа е за оние кои се покајаа. И тогаш ние почнуваме да го чувствуваме овој недостаток, отворот во срцето и тогаш ја имаме истата загриженост како што Бина ја има кон пониските.

Сите состојби низ кои поминува човек - во подем или паѓање, бидејќи е попаметен или поглупав, разбира или не, чувствуваа или не - тој треба да разбере дека сите состојби се потребни ниту една од нив не е непотребна. Во секоја од нив ти треба да бараш како да достигнеш загриженост за другите, за Создателот.

Од дневаната лекција / 22.07.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica