29.06.2010
Како можам да создадам намера, ако не ја гледам целта? Јас само знам дека постои цел, па така ми е кажано.
Не е точно, едноставно не е точно.
Која е целта?
Да го откриеме Создателот.
Каде го откривате?
Тука.
Каде?
Во овој свет, можеби, така ни е кажано.
Каде се открива Тој?
Во моите сетила.
Во твоите сетила? Кои сетила?
Во кои сетила треба да е - Кли, желбата?
Желбата - Која желба?
Желбата ... за задоволства, да ја добијам светлината за давање.
Задоволства или давање?
Давање, бидејќи ако е за задоволства, тогаш ...
Задоволството е разбирливо, но давањето е тешко. Но, тоа најверојатно е вистинскиот одговор.
Како добиваш желба да даваш?
Преку врската со пријателите.
Да.Но ти не ги гледаш, не можеш да ги најдеш?
Значи ова треба да е намерата ...
Не, бидејќи ти рече: "Јас не можам да го видам Создателот, не знам што да правам". На тебе ти е потребно Кли, не ти треба Создателот. Создателот ќе биде откриен. На тебе ти е потребно потреба за да се натпреваруваш. Ако достигнеш врска, љубов меѓу пријателите, ако навистина е така, Создател веднаш се открива. Значи ти имаш се'. Можеш навистина да го допреш.
Ништо не е скриено ако Создателот е сокриен.Тогаш Тој е скриен намерно, за да ти можеш навистина да го достигнеш садот на давање. Ако Тој самиот не беше скриен , ние никогаш не ќе можеме да го оствариме тоа, никогаш. Затоа што ние секогаш сакавме да бидеме привлечени кон задоволствата, наместо кон Клито. Значи тој го сокрил задоволството за да бидете привлечени кон Клито.


