Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Мега Конгрес

07.07.2010

На крајот на месецов од 23 до 25 јули ќе се одржи Мега конгрес, кој ќе се одржи во повеќе од 50 земји во светот.Истовремено и ќе заврши со посебно мега поврзување- настан, тука во Израел. Прашањето е, каква е разликата помеѓу овој вид мега конгрес и конгреси што се случуваат физички на едно место? Како да се подготвиме добро за него и да извлечем максималното од конгресот?

Погледнете, ние гледаме: таму седат во Торонто, Москва, Њујорк, одделни луѓе не' гледаат, имаме многу групи во светот. Конгрес, на кој се доаѓа физички, вреди да се направи.Ние се обидуваме да имаме таков и во САД,најверојатно ќе имаме конгрес таму.И најверојатно ќе имаме, планираме да направиме еден овде во Израел во Ноември.

Колку луѓе вкупно можат да дојдат на таков конгрес? Ограничен број, без разлика што велите. Дури и во Израел, каде што се собираме до 6000 лица, е сé уште - во споредба со бројот на луѓето кои учат со нас, кои се со нас - тоа е многу мал дел. Мега конгресот им овозможува на луѓето да бидат заедно.Неограничено, во неограничен број, во секое време,по 24 часа во 3 дена да вршат заеднички активности низ целиот свет.Да учествуваат на начин кој овозможува сите групи според редот, кој е определен, да се претстават, да даваат на другите.

Човек не треба да троши пари или време на нешто што не е лесно во наше време, да замине до некое место и да утврди. Но каде и да е човек секако е во можност да се поврзе со домашната група и во овие 3 дена да бидат заедно што е можно повеќе. Токму затоа правиме конгресот во Петок, Сабота и Недела.Така да можат луѓето да бидат заедно во овој викенд, во нивните денови за одмор.

Во нашата програма имаме многу настани - како и локални. На овој конгрес ќе посветиме специјален ден за секое Кли,за секоја група,во секое место да бидат сами и да учат заедно, да имаат состаноци, да имаат Јешиват Хаверим.

Мислам, слушнав дека повеќе од 100 луѓе полетувањето од тука до различни локации. Наши претставници ќе бидат со различни групи, ќе бидат заедно со нив во тоа време. Тие кои ќе заминат таму ќе останат малку повеќе дена.Ќе отидат малку порано и ќе тргнат малку подоцна за да им помогнат на групите, да се поврзат нешто повеќе, да им помогнат со што можат. Односно овој конгрес е еден вид форма на конгреси, форма на поврзување, од кој ние најверојатно ќе правиме повеќе во иднина.

Оваа форма на виртуелна врска, поврзување, физички со локалните групи и поврзување со сите други групи со медиумските линии на интернет.Мислам дека ова е најдобрата форма, удобна и навистина најреална. Ако земеме предвид дека имаме пријатели во Чиле, Аргентина, цела Латинска Америка, Сибир, Азија, Австралија, Африка - денес е многу тешко да одите на некое место и таму да се здружувте со секого.

Мораме да се подготвиме претходно, секој да го знае текстот на песните, намерите. На кратко, се' треба да е однапред подготвено, да е јасно и достапно за луѓето. Треба да се погрижиме за групи или одделни луѓе на кои можеби им е тешко дури виртуелно да спроведат контакт со нас. Затоа треба да се погрижиме тие да спроведат врска меѓу себе, па да знаат "јас сум сам во мојот град, но во соседниот град има повеќе луѓе" - дека јас ќе знам за нив. Ние треба да ги охрабруваме луѓето да се поврзуваат и физички колку што е можно.А каде што нема можност за тоа - тогаш виртуелно. И да се надеваме дека во овие 3 дена барем повеќето луѓе ќе бидат заедно со нас, ден и ноќ, бидејќи кога е ден на едно место, на друго може да е ноќ - ќе се обидеме на тој начин. Јас навистина очекувам тоа поврзување да ги зголеми нашите сили во светот и на крајот да го доведеме светот до подобра состојба.Затоа што единственото нешто што му недостасува на светот е взаемно давање, заеднички Арвут и тогаш Создателот ќе биде откриен и целото богатство. Затоа овие дејства се најмногу корисни и е од голема корист за секој кој учествува.

Од дневната лекција - 07.07.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica