04.07.2010
Ако на човек му е откриено дека тој нема потреба, во тој момент, кога сака да заплаче по Создателот, на него му се открива дека "јас не сакам да давам". Како да го премине овој степен и да се постигне вистинска потреба?
Се разбира дека не сака да дава. Не само дека не сакаме да даваме - ние мразиме да даваме!
Тоа што не сакаме да даваме, е јасно. Да достигнеме до состојба во која го мрази давањето - тоа е сериозен степен. Затоа е кажано "И се изтргна врисок од синовите на Израел од работа". Ние достигнуваме ниво, во кое "јас не сакам", не само дека не можам да излезам од оваа работа и да се стремам нагоре.
Ова дека немам сила е очигледно, но да откријам дека не само што немам сила, туку и дека не сакам ... Подготвен сум да ги вложам сите мои напори во сè, освен во тоа. Ова е мојата природа. Треба напорно да работите на тоа. Тоа е целата работа во групата. Зашто без напорите помеѓу пријателите во таа насока, човек не може да ги пазоткрие тоа.
Треба да се обидеме да се здружиме помеѓу нас и потоа да откриеме во врската помеѓу нас, дека таа не постои, дека ја мразиме, дека не ја сакаме - се друго освен тоа.


