10.06.2010
Бидејќи проблемите и болката што тој ги чувствува му создаваат сомнежи на суштеството за постоењето на Создателот.
Да претпоставиме дека добродушен човек дојде кај вас и доаѓа со инекција, сака да ве боцне. Вие сте мало момче и се плашите. Во неговата насмевка гледате или во инекцијата во неговата рака? Тој ви се насмевнува и сака да ви боцне. Тоа е нашата ситуација. Односно, ние треба да Го спознаеме, да Го разбереме и да ги почувствуваме Неговите намери.Иако се приближува кон нас за да ни боцне.Што може да направиме за да не' излечи. Ние сме болни. Зошто Тој ги направил сите овие работи? За да можеме ние да Го спознаеме.Без тоа не би било можно.
Светлината блеснува од темнината. Тогаш разбирате дека сета оваа илузија за инекции, за светот и за злото е нешто што вашата материја го доживува, тоа е впечатено во вашата материја.
А што е нивото на верба? Ова е кога се издигнувам над оваа материја и тогаш не го чувствувам тоа на таков начин. Почнувате да чувствувате дека се' е илузија, дека не постои. Ова е истата Светлина, исто добар однос што му изгледала како инекција на твоето его. Децата се исплашени од овие инекции, нели? Вие исто така!


