13.06.2010
Обединувањето е нова реалност. Нешто што не знаеме што е. Тоа е еден вид на супстанца, која претходно не си ја чувствувал, која има својства кои се надвор од овој свет, има својства на давање.
И во оваа супстанца,кога си вклучен во неа и ја живееш, почнуваш да откриваш, не знам, нешто како друга планета.Тоа е нешто што одговара на особините на оваа супстанца, на давање.Во нашите сили е да достигнеме обединување.Затоа се вели "направи", односно можеме да вршиме разни дејства, да се потрудиме со различни напори.Се' што можете да направите, треба да го направите - да учите заедно, да се поврзувате.Со различни средства,како што кабалистите ни велат,како што Рабаш ни дава во статиите.Се разбира ние нема да успееме, сигурно нема да успееме, но ние мора да достигнеме до состојба, каде "синовите на Израел стенкале од ропството", односно да врисне до небесата. Ние треба да го достигнеме, но не можеме.И тогаш ќе се случи. Но треба да биде како молитва, како врисок.
И од тука натаму нам ни треба само тоа достигнување – својства на повторно обединување,нова материја, која се открива како повторно обединување со другите.Тоа веќе е духовна материја. Тоа до одреден степен е духовното кли што постои пред разбивањето. Кога ќе го откриеме, веднаш во него, сите ние ќе го достигнеме духовното постоење, Создателот.


