05.08.2010
Инспирација, возбуда на созданието од дејството на давање, наречена Создател. Дејството, инспирацијата и возбудата во созданието се спротивставени на неговата суштина и затоа тоа е воодушевено.
Кога бев дете јас учев да фотографирам. Во минатото знаете како правевме слики. Јас отидов кај еден постар човек, кој правеше слики со еден таков голем фото апарат, со една голема дрвена кутија. Тој правеше кадри таму и ги развиваше.Ставаше во водата различни хемикалии, во грамови и велеше "Можеби тука треба да додадеме 2 грама бром, а овде калиум, а овде поташ, и тогаш малку да го подгреам, а потоа да се олади." Беше во 50-те. На тој начин тој ја развиваше фотографијата. Ова е многу слично со откривањето на сликата внатре во нас - додадете малку од тоа, помалку од она, загреј те го, и тогаш ја добивате сликата.
Од дневната лекција /05.08.2010


