Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Создателот ме води

23.06.2010
Јас имам потешкотии со тоа да ги поставам работите во правилен ред. За какво опкружување ние зборуваме, затоа што јас погледнувам кон екранот и ги гледам Торонто, Њујорк, Питер, Москва?Тоа е средината од која може да се добие големината на целта? Да си купам пријател, завист, чест? Од друга страна постои внатрешна средина.Средина, во која треба да се поврзам со душите. Како ја добивам големината на целта од душите?

Што е душа? Што мислиш? Што си претставуваш како душа? Има ли нешто освен потреба? Не. Душа е значи потреба за обединување, потреба за љубов.

Јас си ја претставувам средината како врска на точките во срцето.Тие сакаат да се поврзат, се обидуваат да се поврзат.Имаат некаква наклоност на обединување. Ако се однесувам кон нив како кон такви; какви се, јас навистина ги гледам како поврзани.

Ако се поврзам со нив, јас нема да имам потреба од ништо друго.Внатре во нив се наоѓа Арвут, кли, и светлина, и доверба, и се'. Тоа е како јас треба да го проценувам општеството од една страна, но од друга - добро, јас си ги претставувам на таков начин.Но каде е нивното влијание врз мене? Како јас треба да барам. До која мера треба да барам? До онаа до која посакувам да добијам од нив, јас ќе го барам тоа. Треба да им викам, да зборувам со нив? Не. Дури не е потребно да зборувам со нив. Доволно е од мојата тивка желба, од внатрешниот повик да добивам од нив.Како Раби Јосиф Бен Кисма. Јас добивам од нив се' што ми е потребно.

Создателот ме доведе тука на некој начин, и ми рече: "Земи го тоа" Јас го земам.. Како го земам? Се обидувам да се вклучам во нивната внатрешноста.Затоа што Тој всушност ме доведе до Малхут на Ејн Соф, до Малхут на Бесконечността.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica