Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Лајтман -Книги

Искуство со Кабала

Рав Д-р Михаел Лајтман дава одговори на сите прашања за кабала

Книгата „Искуство со кабала“ : Водач во автентична кабала, преку прашања и одговори, содржи 430 страници текст на кои Др. Михаел Лајтман дава одговори на прашања за кабала.

Во приодот 1999 и 2000 година, М. Лајтман водел интернет форум на кој редовно давал одговори за тоа како се однесува кабала кон разноразни феномени и појави.
Книгата е збир на одговори на М. Лајтман на тој форум. Овдека може да се добие одговор на било кое прашање кое почетник би го имал. Оваа страница содржи одбрани прашања и одговори од таа книга и е посветена на важноста од поставување прашања во духовниот процес.
Бесплатно превземање на книгата: html / pdf

Цел на создавањето

Прашање: Дали светот кој го гледаме е неисправен?

Одговор: Создателот го започнал создавањето. Поточно го создал светот на „зло" или расипаност. Но човекот го довршува создавањето, што значи дека го поправа. Со оглед на тоа дека човекот има способност да го води светот, Создателот на нему му го пренесува водството на создавањето. Создателот го зголемува врз нас притисокот за да нè поттикне сами да го превземеме водството на себе. Поради тоа светот околу нас е лош, Создателот таков го создал, за да ние да започнеме да го поправуваме.
p.29, chapter "The Thought of Creation" in The Kabbalah Experience: The Definitive Q&A Guide to Authentic Kabbalah.
Бесплатно превземање на книгата: html / pdf

Сржта на „Кабала"

Прашање: Кои извори обично ги цитирате кога станува збор за суштината на кабала?

Одговор: Кабалистот Рав Јехуда Ашлаг, автор на Сулам / Sulam, коментари на Зохар, ја започнува својата статија „Есенција на Мудроста Кабала“, со следнава дефиниција: "...оваа мудрост не е ништо повеќе нити ништо помалку туку след на извори кои се спуштаат по принципите на причина и последица, со фиксни одредени правила и се обединуваат во една возвишена цел, откривање на Неговото Божество пред Неговите суштества на овој свет".
p.71 chapter "The Thought of Creation" in The Kabbalah Experience: The Definitive Q&A Guide to Authentic Kabbalah.
Бесплатни превземање на книгата: html / pdf

Спротивни мислења

Прашање: Зошто секогаш почнувам да се сомневам во сопствените идеи кои сам сум ги презентирал пред само 1 минута?

Одговор: Вистина е дека внатре во тебе сè се менува цело време. Спротивностите кои во себе ги гледаш те изненадуваат и навистина е изненадувачки кога ќе видиш колку многу спротивни ставови може да егзистираат истовремено во една личност, поготово кога се менуваат секоја минута. Ова е само начин на кој се учиш дека сè ти е дадено од Вишото, дека сè доаѓа од Создателот, каде сите спротивности се соединуваат во единствено совршенство... И всушност благодарение на тоа соединување и на твојата блискост со Создателот ќе станеш способен да достигнеш соединување на спротивностите внатре во себе.
p.165/6, chapter "The Thought of Creation" in The Kabbalah Experience: The Definitive Q&A Guide to Authentic Kabbalah.
Бесплатно превземање на книгата: html / pdf

Среќа

Прашање: Што е среќа?

Одговор: Среќа е чувство на исполнетост на внатрешните способности на човекот. Целосно станува јасно дури кога ќе разбереме што и како точно мораме да исполниме, која е целта, како е таа цел вечна и независна, до кој степен таа цел е една единствена смислена работа на светот, која сега се реализира. Со други зборови, среќа е чувство на приближување кон Создателот, бидејќи тоа е цел на создавањето - чувство на напредување кон бескрајната целовитост.
p.384, chapter "The Thought of Creation" in The Kabbalah Experience: The Definitive Q&A Guide to Authentic Kabbalah.
Бесплатно превземање на книгата: html / pdf

Завист и страст

Прашање: Што да правам со својата љубомора, со својата страст? Ги поправа ли кабалата таквите личности и односите помеѓу луѓето?

Одговор: За време на учење кабала, Светлината околу нас постепено дејствува и нè менува. Првин тоа се случува во мали количини, а подоцна станува траен процес. Со време се случува да изгледате егоистични, поради тоа што поразлично реагирате на надворешните дразби, односи и болка, а луѓето тоа можат да го протолкуваат како невнимание кон нив. Всушност, едноставно сте почнале да ја разбирате смислата на тоа што се случува.
Повеќе не плачете ниту паничите како другите. Токму спротивното, сакате на секого да му давате сè повеќе и повеќе, но тоа го правите на посебен начин, преку исправката на универзумот низ самите себе. Оваа љубов кон човештвото, најголема која постои, може да изгледа како чист егоизам. Иако кон луѓето околу вас се однесувате како татко полни со љубов, кој нема на своето дете да му даде нож со него да си игра. Но другите нема да ве разберат. Општо, кабала може да се разбере само преку лично искуство. За жал, само луѓе со духовно достигнување можат да уживаат во овој вид искуство.
p.221/2 chapter "The Thought of Creation" in The Kabbalah Experience: The Definitive Q&A Guide to Authentic Kabbalah.
Бесплатно превземање на книгата: html / pdf

Ограничена способност на дејствување

Прашање: Дали способноста да се води светот бара прочистување?

Одговор: Да. До мерка до која сме прочистени, заслужуваме право на одредување на сопствената судбина. Во спротивно можеме да си наштетиме на себеси или на другите. На пример природата не ја дава својата моќ на мало дете од страв дека ќе си наштети. Природата се грижи  моќта  со кои ќе се стекне личността  да биде пропорционална на знаењето за да правилно ја користи таа моќ.

Правилото кое се користи во Кабала гласи: на личноста никогаш нема да ѝ биде дозволен влез во духовниот свет, како ни извршување на духовен чин кој припаѓа на повисок степен на поправката од степенот на поправката на самата личност, поради страв на нанесување штета на себе си или на другите. Тоа е причина поради која духовните сили кои ја прават поправката на личността ја ставаат таа личност на одреден степен и само до тој степен личноста е вклучена во системот на водството. Поради тоа нема од што да се плашите, бидејќи човек ништо не може да направи по свој избор, туку само од својот степен.
Р.421 chapter "The Thought of Creation" in The Kabbalah Experience: The Definitive Q&A Guide to Authentic Kabbalah.
Бесплатно превземање на книгата: html / pdf

Праведни и злобни

Прашање.Можете ли да објасните кој е праведен, а кој злобен?

Одговор.Секој духовен степен е поделен на два дела:праведен и злобен. Доколку личноста го оправдува Створителот, таа личност се смета за праведна, додека личноста која го осудува и окривува се смета за злобна

Личност која се наоѓа во земјата Асија се смета за злобна, но во светот Јецира таа личност се смета и за злобна и за праведна. Во светот Брија таа иста личност е праведна. Пред да влезе во духовниот свет личноста не припаѓа на ниту една од споменатите категории, бидејќи од духовна перспектива таа не постои. Читајте многу текстови од Јехуда Ашлаг, (Баал ХаСулам) и Рав Барух Ашлаг и научетe исправни дефиниции од нив. Тоа ќе ја спречи збунетоста која би се јавила како последица на вашето предходно знаење.

 
                                                                                                                         

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели