Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што значи приказната за Адам и Ева во нашите времиња

shutterstock 32894614Нашето его е змијата кој не спречува да бидеме во состојба да сакаме некој друг. Значењето на приказната за Адам, Ева и змијата всушност е многу едноставно. Змијата го претставува егото кое е откриено помеѓу Адам и Ева, мажот и жената. И тоа е навистина сè што е тука раскажано. На пример, да си претпоставиме среќен, заљубен пар.

Тие се гушкаат, бакнуваат и се смеат заедно, одат во кино и на плажа. Се венчаат и почнуваат заеднички живот, и сè е прекрасно! Тие се во рајската градина.

И одненадеш – доаѓа змијата (егото). Тие одеднаш почнуваат да се караат. Потоа почнуваат да се искористуваат еден со друг и да прават приватни пресметки, калкулации, како што се :„Како би можел да го прилагодам него / неа, да биде на начин каков јас сакам да биде “. Тоа ни се случува бидејќи змијата (егото кое е внатре во нас ) нè спречува да бидеме во состојба да сакаме некој друг, и нè уверува дека нашата љубов е егоистична од почеток. Во такви околности најблиску можеме да дојдеме до љубовта отстапувајќи од нашето его, од ден во ден во животот, што повеќе можеме. Меѓутоа, тоа сèуште не го решава проблемот од корен и не ни овозможува да ја доживееме вистинската безусловна љубов. Ова кабалистите ни нудат друго решение: да ја исправиме нашата душа во коренот, или да ја корегираме змијата која нè одвојува од нашиот партнер.

За да го направиме тоа, двајцата партнери треба да разберат дека постои цел во нивните животи кои се над овој свет. Тогаш тие исто така ќе сфатат дека тоа може да го достигнат единствено со животниот партнер, некој кој ќе оди заедно со нив по духовниот пат. Тоа е значењето на стихот: „Мажот, жената и Боженственото Присуство меѓу нив“. Тоа значи, за да го досегнат Боженственото Присуство, Духовноста, мораме да се исправиме поврзувајќи се едни со други.

Тогаш, наместо да се искористуваат еден со друг, Адам и Ева ќе се комплетираат еден со друг. И змијата наместо да ги раздвојува ќе стане водечка сила која ќе ги тера да ја откријат Вишата Сила, Боженственото Присуство или Создателот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica