Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

За Авраам

Една од хипотезите, кон која се придржуваат кабалистите за да достигнат духовен мир, е дека кабалата како наука за спознанието на светот има почетоци уште од древниот град во Месопотамија, Ура Халдеј.

Преданието од тоа време (околу XVIII век п.н.е.) раскажува за историјата на жителите крај Меѓуречјето, Авраам – човек, кој во целото свое истражување на околниот свет, открил множества на појави на различни сили од природата, кои влијаат на тој свет, а тоа е една единствена сила.

Во почетокот му се претскажало, дека тој се наоѓа под влијание на многу сили, но тој целосно го поминал тој слој на спознание и достигнување, дека сите тие сили се јавуваат како дел од една единствена Виша Сила. Авраам таа сила ја нарекол «Создател ».

Во еврејските мидраши (толкувањата се дополнети во Мојсеовото Петокнижие) се опишани неговите размислувања: "На три години од раѓањето Авраам излгегол од пештерата (во која бил скриен од Нимрод после претскажувањето, дека тој ќе биде предводник на својот народ) и кога го видел светот почнал да размислува за тоа кој ги создал небото и звездите и него самиот.
Занесен од величествената боја на сонцето, величествена и светла, тој секој ден се заблагодарувал со молитва до сонцето. По заоѓањето на сонцето, на небото се појавила месечината, опкружена со огромен број на ѕвезди, Авраам помислил: Ете таа светлина очигледно е божество, а малите светилки кои ја опкружуваат претставуваат големци, воини и слуги". Цела ноќ тоj пеел химни на месечината. Но пак настапило утро, на запад заоѓала месечината , а на исток повторно се појавило сонцето.

"Не – рекол Авраам, - има Некој кој владее со сонцето и месечината. Кон Него ќе почнам да ги насочувам моите молитви" (Мидраша "Берешит Раба").

Изучувајќи ги законите на природата на околниот свет, Авраам ги систематизирал своите спознанија и на нивна основа ја разработил методиката на една едниствена управувачка сила, откривајќи ја преку множеството на различни сили, кои човекот ги чувствува како дејствување на него. Таа метода тој ја нарекол "кабала" (хебрејски – добивање).

Своите истражувања Аврaам ги изложил во својата книга наречена "Сефер Јецира" (Sefer Yetzirah) (хебрејски – „Книга на создавањето“). Текстот на книгата е краток, содржи лаконични фрази, кои преставуваат заклучоци за духовните степени откриени од Авраам.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели