Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

ТЕС - Вовед во Талмуд Есер Сефирот

Вовед во изучувањето на Десетте Сефирот, Т. 21-30

Поглавја од 21 до 30

21) Многу е тешко да се разберат зоровите на Раби Хаим Витал преку зборовите на Гемара. Таму е нагласено дека на поединецот му е потебно подготовка и заслуги за да ја достигне мудроста на Тора. Сепак, нашите мудреци во Мидраш Раба, делот „Ова е Благословот“ рекле: „Создателот им рекол на Израел: „Секој кој се плаши од Мене и ги одржува законите на Тора, целата мудрост и целата Тора се во неговот срце.“ Така, тука не се потребни претходни заслуги; само со доблеста од стравот кон Бога и одржувањето на Мицвот е дадена целата мудрост на Тора.

22) Навистина, доколку ги испитаме неговите зборови, тие пред нас ќе станат јасни како небесни ѕвезди: текстот, „За него е подбро да ги држи рацете настрана од тоа, кога веќе еднаш ја вкусил среќата во оваа (откриена) мудрост“ не се однесува на среќа или знаење. Туку, тоа е како што објаснивме погоре, „Јас ја создадов злата склоност; Јас за неа го создадов зачинот Тора.“ Тоа значи дека човекот навлегол и се трудел  во откриената Тора, но сепак злата склоност ја има моќта и воопшто не се стопила. Ова е затоа што тој сè уште не е спасен од мисли и престапи, како што пишува Раши погоре во објснувањето: „Јас за неа го создаво зачинот Тора.“ Така, тој го советува да ги тргне рацете од тоа и да се вклучи во мудроста на вистината, бидејќи е полесно да се привлече Светлината од Тора, додека се работи и труди во мудроста на вистината, отколку да се работи во буквална Тора. Причината е многу едноставна. Мудроста на откриеното е облечена во матерјалната, телесна облека, како крадење, измачување ограбување, итн. Заради оваа причина, за секого е тешко да се стреми, со цело срце и ум, кон Создателот велејќи, за да ја привлечам Светлината од Тора. Тоа е уште повеќе се однесува за оној кому изучувањето на самиот Талмуд е тежок. Како може тој да го помни Создателот за време на учењето, кога набљудувањето се однесува на телесни работи, и тие не можат да дојдат до него истовремено со намерата кон Создателот?

Затоа, тој ги советува да се вклучуваат во мудроста кабала, бидејќи оваа мудрост е целосно облечена во имињата на Создателот. Тогаш тој за време на учењето, со сигурност и леснотија ќе биде во можност да ги насочи своето срце и ум кон Создателот, дури и ако е најсалб ученик. Ова е така затоа што изучувањето на прашањата од мудроста и Создателот се една иста работа, и ова е многу едноставно.

23) Така, тој носи добри докази од зборовите од Гемара: „Ученик кој не видел добра знак во неговото учење после пет години нема никогаш да види.“ Зошто тој не видел добар знак во неговот изучување? Секако, тоа е само заради отсуството на намерата во срцето, а не заради недостаток или наспособност, бидејќи мудрост на Тора не бара никава способност. Наместо тоа, како што е запишано во горното изучување: „Создателот им рекол на Израел: „Секој кој се плаши од Мене и ги набљудува зборовите на Тора, целата мудрост и целата Тора се во неговото срце.“  Се разбира човекот мора да се привикне себеси кон Светлината на Тора и Мицвот, но јас не знам колку. Некој може да чека цел живот. Така Браита, во Хулин, 24, нè предупредува да не чекаме подолго од пет години. Раби Јоси вели дека само три години се доволни да ни биде доделена мудроста на Тора. Ако некој не види добар знак за тоа време, тој не треба да се лаже себеси со лажна надеж, туку треба да знае дека никогаш нема да види добар знак. Тогаш, човекот мора веднаш да пронајде друга тактика со која ќе успее во достигнување на Лишма и ќе му биде дадена мудроста на Тора. Браита не ја споменал конкретно тактиката, но нè предупредува да не седиме во истата ситуација и да чекаме. Ова е значењето на зборовите на Рав, дека најсигурната и најуспешната тактика е вклучувањето во мудроста кабала. Човекот треба да ги трегне рацете од откриената Тора, бидејќи тој веќе си ја пробал среќата и не успеал. Тој треба да го посвети целото свое време во мудроста кабала, каде што неговиот успех е сигурен.

24) Ова е многу едноставно, бидејќи овие зборови немаат врска со учењето на буквалната Тора, во ништо што треба некој да го применува за: „Не се неуките оние кои се побожни, бидејќи погрешно учење прави многу зло, и еден грешник уништува многу добра.“ Така, човекот треба да ги повторува, колку што е потребно, за да успее во примената. Но, овде се зборува само за изучувањето на мудроста на откриената Тора, да ги објасни и анализира прашањата кои произлегуваат од толкувањето на законите, како што самиот Раби Хаим Витал ги изведува. Тоа се однесува на делот на Тора кој не е изведен, или на самите закони. Навистина, овде може да се биде поблаг и да се учи од кратенките, а не од нивното потекло. Но ова, исто така, бара многу учење, бидејќи оној кој знае за потеклото не е налик на тој кој знае од кратко погледнување и кратко набљудување. Со цела да не се погреши, Раби Хаим Витал рекол дека душата се поврзува со телото само кога  тоа е поправено со 613 Мицвот на Тора.

25) Сега можеш да видиш како сите прашања кои се поставени на почетокот на запознавањето се целосно грешни. Тие се пречката која ја става злата склоност со цел да лови невини души, да ги разреши од светот, ограбени и искористени. Испитај го првото прашање, каде што тие замислуваат дека можат да ја одржуваат целата Тора без знаењето од мудроста кабала. Јас им велам: навистина, доколку можеш да ја изучуваш Тора и да ги изведуваш правилно Мицвот во Лишма, што значи само да му донесе задоволство на Создателот, тогаш навистина, ти не треба да учиш кабала. Ова е затоа што тогаш за тебе е речено: „Душата ќе го научи.“ Ова е затоа што тогаш сите тајни на Тора ќе се појават пред тебе како бујна пролет, како во зборовите на Раби Меир во Мишна (Авот), и тебе нема да ти треба помош од книгите. Но, доколку си сè уште вклучен со учење во ло Лишма, но се надеваш да ја заслужиш Лишма со тие сретства, тогаш јас те прашувам: „Колку години си го правел тоа?“ Ако сеуште не изминале петте години, како што вели Тана Кама, или во трите години, како што вели Раби Јоси, тогаш можеш уште да чекаш и да се надеваш. Но доколку практикуваш Тора во ло Лишма повеќе од три години, како што вели Раби Јоси, и пет години, како што вели Тана Кама, тогаш Браита предупредува дека нема да видш добар знак во овој пат кој го трасираш! Зошто да си ја залажувате душата со лажна надеж кога имаш толку блиска и сигурна тактика како учењето на мудроста кабала, и како што ја спомнав причината погоре, дека изучувањето на работите во мудроста и Создателот се едно исто?

26) Да го испитаме и второто прашање, кое гласи дека некој треба да го наполни стомакот со Мишна и Гемара. Сите се согласуваат дека тоа е навистина така. Сепак, ова е вистина само ако веќе си бил надарен со учење во Лишма, или дури и ло Лишма, во рок од три или пет години. Но, после тоа време, Браита предупредува дека ти нема никогаш да видиш добар знак, и мора да го тестираш твојот успех во изучувањето на кабала.

27) Ние треба да знеме дека постојат два дела во мудроста на вистината: првиот, наречен „Тајните на Тора“ кој не треба да биде изложуван, освен со укажувања од страна на мудар кабалист кон ученик кој разбира во својот ум. На тој дел му припаѓаат Маасе Меркава и Масе Берешет. Мудреците на Зохар тој дел го сметаат за „првите три Сефирот; Кетер, Хохма, Бина,“ и тоа се нарекува „Рош (глава) или Парцуф.“ Вториот дел се нарекува „Вкусовите на Тора.“ Тие се дозволени да се откриваат и тоа претставува голема Мицва. Зохар тоа го нарекува „Седумте долни Сефиорт на Парцуф,’’ и тоа исто така се нарекува Гуф (тело) на Парцуф. Секој еден Парцуф од Кедуша (Светоста) се состои од десет Сефирот. Тие се нарекуваат: Кетер, Хохма, Бина, Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод и Малхут. Првите три Сефирот се сметаат за „Рош (глава) на Парцуф, додека седумте долни се нарекуваат „Гуф на Партцуф.“ Дури и душата на човекот ги содржи десетте Сефирот со горенаведените имиња, како и секое распознавање во Вишиот и нижиот. Причината зошто долните седум Сефирот, кои претставуваат Гуф на Парцуф, се нарекуваат „вкусовите на Тора“ е исто како и значењето на стихот: „ и непцето ја вкуси храната.“ Светлината која се појавува под Првите три, имено Рош, се нарекуваат Таамим (вкусови), додека Малхут од Рош се нарекува Хе (непце). Заради оваа причина тое се нарекуваат Таамим на Тора. Ова означува дека тие се појавуваат во непцето на Рош, кој е изворот на сите Таамим, што претставува Малхут од Рош.

Оттаму надоле не е забрането да се разоткриваат. Напротив, наградата за оној кој ќе ги разоткрие е немерлива и неограничена. Исто така, овие први три Сефирот и овие седум долни Сефирот, и обете, се протегаат и во општото но и во поедиенчниот сегмент кој може да биде одделен. Така, дури и првите три Сефирот на Малхут, на крајот на светото Асија му припаѓаат на делот на „Тајните на Тора,’’ кои не треба да бидат разоткриени. Седумте долни Сефирот во Кетер на Рош во Ацилут, му припаѓаат на делот на „Таамим на Тора,“ кои се дозволени за разоткривање, и овие зборови се запишани во книгите на кабала.

28) Изворот на овие зборови е во Мишна Песахим (стр.119), како што е запишано во Исаија т. 23, „Нејзината работа и нејзината добивка ќе бидат светоста на Господ; тоа не треба да се крие или да се истакнува; бидејќи нејзината добивка ќе биде за оние кои живеат со Господ, да јадат до насит, и за да имаат достоинствена облека.“ Што означува „достоинствена облека“? Тоа е она што ги открива работие кои Атик Јомин ги покрил. А што се тие? Тајните на Тора. Кои се тие работи? Вкусовите на Тора, толкува Рашбам, „Атик Јомин е Создателот,“ како што е запишано, „ ... и Атик Јомин седи.“ Тајните на Тора се Маасе Меркава и Масе Берешет. Значењето на „Име“ е во запишаното, „ова е Моето Име - засекогаш.“ „Облеката“ означува дека Тој не ја дава секому, туку само на оние чие срце трепери. Ова е тоа што „ги открива работите кои Атик Јомин ги покрил“. Тоа го објаснува односот на тајните на Тора, кои биле покриени уште од почеток, и Атик Јомин ги разоткрил и дал дозвола да бидат разоткриени.

29) Сега ти очигледно ја гледаш големата разлика помеѓу тајните на Тора, каде што сите кои ги достигнуваат тајните ја примаат оваа голема награда, затоа што ги покривале тајните а не затоа што ги разоткривале. Тоа е спротивно од Таамим на Тора, каде што сите кои ги достигнале тајните ја примаат оваа голема награда затоа што  истите им ги разоткриваат на други. Нема расаправа за првото мислење, туку само испитување на различното толкување помеѓу нив. Лишна Кама го толкува крајот, како што вели, „достоинствена облека.“ Така тие го толкуваат достигнувањето на големата награда за облекувањето на тајните на Тора. Други велат дека тоа го толкува почетокот, во кој пишува, „јади до наситка,“ што значи Таамим на Тора, како што е запишано, „и непцето ја вкуси храната.“ Ова е затоа што Светлината на Таамим се нарекува „јадење.“ Така, тие го толкуваат достигнувањето на големата награда која е спомената во текстот кој се однесува на оној кој ги разоткрива Таамим на Тора. Помеѓу нив нема расправија, туку едниот говори за тајните на Тора, додека другиот зборува за Таамим (вкусовите) на Тора. Но, и обајцата мислат дека тајните на Тора мора да бидат покриени, додека Таамим (вкусот) на Тора мора да биде откриен.

30) Така сега имаш јасен одговор за четвртото и петтото прашање на почетокот на запознавањето. Тоа што го пронаоѓаме во зборовите на нашите мудреци, како и и во светите книги е тоа дека, сето тоа им е дадено само на оние чие срце е загрижено. Тоа јасно укажува дека делот наречен „тајните на Тора,“ кои се сметаат за првите три Сфирот на Рош, е даден само на скриените, и под одредени услови. Ти нема да најдеш ни трага од нив во сите книги за кабала, пишани или печатени, бидејќи тие се работите кои Атик Јомин ги покрил, како што е запишано во Гемера. Но како е возможно да ги замислиш сите тие познати праведници? Тие се најголеми и најдобри во нацијата, како: Сефер Јецира (Книгата на Создавањето), Книгата Зохар, и Браита на Раби Ишмаел, Раби Ха Гаон, и Раби Елазар од Гармиза и остатокот од Ришоним (првите) преку РАМБАМ и Баал ХаТурим и Баал Шулхан Арух, преку Вилна Гаон (ГРА) и Лади Гаон и остатокот од праведниците, да биде благословено сеќавањето на нив.

Од нив ја примаме целата откриена Тора, и живееме според нивните зборови, да знаеме кое дело да го направивме за да му бидеме омилени на Создателот. Сите тие пишувале и издавале книги за мудроста кабала. Не постои поглемо разоткривање отколку да се напише книга, чиј автор не знае кој ја чита книгата. Возможно е да ја анлизираат крајно злобните. Така, не постои поголемо разоткривање на тајните на Тора од тоа. Ние не смееме да се сомневаме во зборовите на овие свети и чисти луѓе, дека можеби прекршиле, дури малку, од тоа што е запишано и објаснето во Мишна и Гемара, дека е забрането да се разоткрива, како што е запишано во Масехет Хагига. Туку, сите книги се сметаат како Таамим на Тора, кои Атик Јомин прво ги покрил, па потоа ги открил, како што е запишано: „ ..и непцето ја вкуси храната.“ Не само што овие тајни не се забранети за разоткривање, напрвотив, нивното разоткривање преставува голема Мицва (многу добро дело), како што е запишано во Песахим стр.119. И тој кој знае како да ги разоткрие и ги разоткрива, неговата награда е голема. Ова е затоа што разоткривањето на овие Светлини на многумина, зависи од доаѓањето на Месијата, набргу во наше време, Амин.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели