Мудроста кабала е научна алатка за проучување на духовниот свет. За истражување на нашиот свет, ние ги користиме природните науки како што се физика, хемија и биологија. Но, природните науки го проучуваат само физичкиот свет кој го согледуваме со нашите пет сетила. За целосно да се разбере светот во кој живееме, потребен е истражувачки инструмент, кој може да го истражува скриеното царство, она што нашите сетила не може да го согледаат. Тој инструмент е мудроста кабала.
Според мудроста кабала, реалноста се состои од две сили или квалитети: желба да прима и желба да дава. Бидејќи желбата за давање сака да даде, ја создава желбата на примање, па оттука почесто се користи името "Создател." Поради тоа, целокупното создавање, вклучувајќи нè и нас, е израз на желбата на примање.
Користејќи ја кабалата, можеме да работиме со фундаменталните сили на реалноста - примање и давање - во наша корист. Не нè учи само каков е нацртот на создавањето, туку и како можеме да станеме моделатори, како што е Семоќниот, како оригиналниот Дизајнер на реалноста.
Кабалистичките книги ја даваат структурата на духовните светови и како секој од нас може таму да отиде. Кабалистичката книга е како туристички водич. Доколку сакате да патувате во нов град, можеби ќе сакате да користите туристички водач, да ви каже кои се најдобри места за посета, најдобри кафулиња и клубови, и места каде што не сакате да одите, затоа што нема да ви се допадне она што таму ќе го најдете.
Кога го прашале Рав Кук, големиот кабалист на 20тиот век и првиот Рабин на Израел, за тоа кој би можел да учи кабала, неговиот одговор бил недвосмислен: „Секој, кој го посакува тоа". Во последните сто години, сите кабалисти без исклучоци, јасно изјавиле во многу прилики дека денес кабалата е отворена за сите. Покрај тоа, тие велат дека тоа е неопходно средство за решавање на глобалната криза која тие ја предвидоа дека ќе дојде и со која ние се соочуваме денес.

