Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Борба со дрогата: нови предизвици

Соопштение: 77 милиони европјани на возраст од 15 до 64 години пробуваат марихуана. Се случува намалување на употребата на традиционалните дроги – хероинот, канабисот, кокаинот – и пораст на примената на синтетичката дрога, која влијае на психата на луѓето. Таа се нуди и на нелегалниот, и на „легалниот“ пазар – тоа се средства, кои се продаваат за потребите на домаќинството, но може да се искористат како дрога. Во големите европски градови синтетичката дрога станува сè подостапна за населението. Нејзината употреба предизвикува огромни проблеми, го уништува здравјето на луѓето, има негативни последици за социјалниот и семејниот живот.

Реплика: Организираната борба со пушењето и стимулирањето на организирана трговија со дрога, претставуваат план за „смирување и ментално ослабнување“ на населението, воведување во транс на милиони „непотребни“ луѓе. Постепено ќе се симнат ограничувањата за примена на дрогата и тоа, наводно ќе го смири населението. „Во наркотичен облак ние пловиме во друг свет“. – Но планот на Природата за доведување на човекот кон сличноста со себе ќе ги уништи нивните планови, и ние ќе бидеме принудени да го воспитуваме новиот човек во системот на Интегралното Образование.

Одблогот на руски јазик

Марихуана - 1 долар за еден грам

Соопштение: Претседателот на Уругвај има намера да создаде легална индустрија за производство и трговија со ефтина марихуана, како мерка за борба со криминалот, по цена од 1 долар за еден грам. Уругвај ќе стане прва земја во светот, која официјално ќе произведува и распространува марихуана меѓу полнолетните граѓани на таа земја.

Реплика: Државите нема да ја испуштат можноста да го добијат пазарот со дрога во свои раце. Тој ќе донесе приходи во буџетот, ќе го редуцира црниот пазар и криминалот, ќе ги смири луѓето – ќе се појават многу граѓани, што бесцелно талкаат со бесмислена насмевка...

Од блогот на руски јазик, 24.10.2013

Легална „тревка“

Мнение (Универзитет во Тилбург, Холандија): Политиката во однос на пушењето на марихуана ги дели сите светски држави на четири групи: тие, каде што е легализирано пушењето; тие, каде што пушењето е незаконско, но не претставува криминал; тие, каде што пушењето е незаконско, но казната обично не се извршува; тие, каде што марихуаната целосно е надвор од законот. Легална „тревка“. Само четири држави во светот ја легализирале употребата на канабис: Холандија, сојузните држави Вашингтон и Колорадо во САД и Северна Кореја. Неколку европски, и држави на Јужна Америка, Канада – целосно ја декриминализирале употребата на канабис. Можноста марихуаната да се добие на рецепт доведува до пораст на употребата на канабис. Низа истражувања покажале, дека користењето на канабис во рана возраст ја зголемува интензивноста и долготрајноста на неговата употреба во текот на целиот живот. Оние, што живеат во близина на местото на продажба на марихуаната, почнуваат да ја употребуваат порано, отколку оние, што живеат подалеку. Наглото затворање на продавниците за трговија со канабис може да доведе до одење на некои од пушачите во потрага по марихуаната на црниот пазар, каде ќе ги сретнат дилерите на тешките дроги.

Реплика: Задача на елитите е да ги навлече сите прекубројни луѓе во светот на лесна дрога, да ги смири. Затоа што сеедно нема што да прави со нив, и мора да ги редуцира со војни или со природно намалување на населението. Методиката на интегралното воспитание (Кабала) тврди, дека секој човек во светот носи своја духовна информација, која е обврзан да ја реализира, што побргу, тоа подобро за него и за светот. Затоа е неопходно да се објаснува во што се состои смислата на постоењето на човекот и цивилизацијата, и како да ја достигнеме целта, поставена од Природата (Создателот) на најдобар начин.

Од блогот на руски јазик, 24.10.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica