Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се дава, не значи да се наметне

12.07.2011 -
Прашање: За да ја распространувам науката кабала, треба да ја зголемам својата желба. Колку поголема ќе биде мојата желба, толку повеќе ќе можам да давам на светот.?Како во нас да одгледаме таква желба што таа едноставно ќе се прелее надвор?

Одговор: За тоа е потребно во себе да се развие способност за сочувствување со луѓето, да се солидаризираш со нивните болки. Можеби ти „паднала" некаква идеја на Баал ХаСулам и си решил да го откриеш Создателот и да се соединиш со Него. И сега сакаш да ги принудиш сите кон тоа. Ќе биде ли тоа давање на светот?

Да се извршува давање на луѓето, значи да се исполнуваат нивните желби, а не сопствените. Ти не ги присилуваш да го прифатат она што ти е важно на тебе, туку напротив, нивната желба за тебе станува поважна од сè. Тоа е давање. Инаку, сакаш присилно да ги принудиш на нешто.
Тие сакаат да гледаат фудбал, но ти ги затвораш сите стадиони: „Ќе им покажам јас фудбал, ќе ги асфалтирам сите стадиони, ќе донесам закон кој го забранува фудбалот како хазардна игра". Ти мислиш дека тогаш ќе имаат време за внатрешно поправање. Што ти е?

Не сакаат тие никакво поправање, тие сакаат фудбал. И ова по тебе е љубов? Зарем мислиш дека на луѓето можеш да им дадеш нешто на сила? Да, ти едноставно им го уништуваш животот. Зарем е можно тоа?

Да се сака некого значи да се земе неговата желба и да се исполни. Затоа ни е потребен систем за воспитување, за да се дејствува постепено, нежно, без напаѓање. Ние треба да му објасниме на човекот дека сите негови несреќи се предизвикани од дисбалансот со Природата, од омразата кон другите. Всушност во тоа сме спротивни на Природата и затоа страдаме на разни нивоа. Ти објаснуваш колку што можеш и по малку воспоставуваш контакт со оние кои дури и само малку сфаќаат.

Кон човекот треба да се обраќаш со тоа дека му ветуваш благо. На пример, сега е сезона на одмори. Раздавај на аеродромите брошура со илустрации, со хумор и истовремено со идејата која сакаш да им ја доближиш. Нека се почувствува човекот пријатно додека ја отвара таа брошура во авионот или во фотелјата. Според формата, таа се совпаѓа со неговото расположение, а според содржината звучи примамливо, ветувајќи добро продолжение по враќањето дома. Можеме ли да направиме таква брошура? Ако до сега не сме направиле...

Од утринската лекција според статијата “Дарување на Тора“ од 12.07.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica