Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се прилагодиме на брановата должина на Бесконечноста

Прашање: Ако кабалата говори за духовниот свет, дали тоа значи дека не ја признава реалноста на нашето материјално тело?

Одговор: Твоите сегашни чувствувања се вистински. Ако не веруваш – штипни се, и веднаш ќе почувствуваш дека езгистираш во твоето тело. Меѓутоа, со помош на посебни дејства, кои овозможуваат да се поправи перцепцијата, ти ќе можеш да се почувствуваш себеси во сосема поинаква состојба. Твојата слика за светот е многу релативна и зависи од твоите осети. Дури и постоењето на своето тело ти исто така го воспримаш преку чувство – преку допир. Тоа ги опфаќа внатрешните органи и сé со што доаѓаш во допир. Генерално, ние можеме да се замислиме како некои осетливи механизми, прилагодени на одреден спектар на бранови должини. Ајде тогаш да го прошириме тој спектар, да ги поместиме границите и длабочината на нашите осети. Ако го направиш тоа – твојот свет ќе се промени, и тогаш  поинаку ќе го воспримаш своето тело. Сé зависи од чувствувањата, и науката кабала те учи како да ги преместиш своите сетилни органи во неограничен режим на воспримање, наречен “свет на Бесконечноста”.

Денес си ограничен со чувствувањето на одредена реалност. Го воспримаш овој свет, себеси во него, седумте милијарди други луѓе, животните, растенијата и т.н. Тоа се твоите граници. Освен тоа, ограничен си со фактот дека не ги согледуваш ниту причините, ниту последиците, ниту силите што дејствуваат. Исто како детето, кое пред себе гледа сложувалка и не ги забележува логиката и заемната поврзаност на нејзнините делови. Ограбувачите на банки испуштаат во воздухот посебен гас за да ги видат ласерските зраци од сигурносните уреди. Така и ние сакаме да ги видиме конците кои се растегнати во духовниот свет. Откога ќе ги разбереш тие заемни врски, тогаш ќе можеш да го средиш својот живот – за почеток барем во овој свет.

Но и ова не е сé. Зошто твоето тело е “изрезбано” во твоите чувствувања. Промени ги, прилагоди ги на нова бранова должина – и  можеби телото ќе се промени, ќе прими друга, вечна форма. Сé зависи од регулирањето, прилагодувањето на твоите сетила – и ти можеш да ги кренеш до ниво на духовните аналогни форми, кои се нарекуваат: Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин и Малхут. Тогаш тие нема да работат за примање, за апсорбирање, туку за давање, за емисија – и ќе станат вечни. Според ова, излегува дека воспримањето на реалноста –е многу важна работа. Не случајно сакаме најпрво детето да се запознае со светот во кој живее. Пред да почне да експериментира, нека прво дознае што е штетно, а што е корисно, кон што треба да се стреми, а од што да стои понастрана. Пред сé, ние го ставаме во правилна позиција пред опкружувањето. Од ова ми е јасно, како треба да дејствувам: најдобро за мене е – да ја откријам вистинската реалност, правилно да се поставам себеси во однос на силите, кои во неа дејствуваат. Бидејќи денес јас, како бебе, мрдам со рацете и нозете без сеуште да гледам или да слушам. Затоа е неопходно да стекнам дополнителни осети.

Од лекцијата според статијата “Тело и душа”,   на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica