Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Дали катастрофите обединуваат?

alt - 23.05.2012 Прашање: Може ли методот на интегралното воспитување да биде применет во случај на природни катастрофи или катастрофи предизвикани од човечка рака? На пример, ако се случи катастрофа и луѓето станат дезориентирани, тогаш целата земја учествува во поправање на засегнатиот регион, но процесот е тежок и долг. Бара огромни ресурси, и луѓето бргу се навикнуваат да бидат зависни. Но од друга страна, тие се толку психолошки дезориентирани што се подготвени да ги променат нивните животи. Може ли да се искористи оваа ситуација за да се променат проблемите во даден регион?

Одговор: Имам многу размислувано за ова бидејќи кризата ја носи оваа мисла во умот на човека. Да речеме дека 50% од младите луѓе во Шпанија се невработени, или Детроит станал напуштен град. Катастрофа е најпогодната ситуација за објаснување на причината за нашите локални и глобални проблеми. Луѓето веднаш го воочуваат интегралниот метод; им помага да се „загреат“, да се здружат, да ја чувствуваат заедницата. Природно, луѓето почнуваат да си помагаат еден на друг и целиот притисок се намалува: криминалот, семејството и така натаму. Атмосферата веднаш станува сосема различна. Луѓето се подготвени да живеат во шатори, и на ова гледаат како некој вид авантура. Нивната психологија толку многу се менува што тие престануваат да ги гледаат негативните страни на животот; не се концентрираат на нив. Интересното нешто е што нивната перцепција за животот се менува. Зато мислам дека интегралното воспитување е психолошка поддршка како и одлична општествена поддршка во овие случаи.

Прашање: Често се случува професионални градежници да дојдат и да го поправаат регионот, додека локалните жители седат и чекаат нивните куќи да бидат изградени и да им се донесе храна. Интегралниот метод предвидува различна организација – мешани бригади од градежници – посетители и локално население?

Одговор: И едните и другите веднаш почнуваат да учествуваат во работата и учењето. На овој начин, истите градежници ќе бидат допрени од интегралното учење.

Прашање: Значи градежниците – посетители исто така ќе треба да бидат учени?

Одговор: Само кога се слободни. Барем на градежниците ќе им биде овозможена доброволна помош од срцето на локалното население. На луѓето ќе им биде мило да учествуваат во поправањето на нивниот град.

Од „Разговор за интегралното образование“ #23, 23/05/12

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica