Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Другарите ја создаваат заедничка желба

Прашање: Како можам да ги исполнам желбите на другарите, ако воопшто не знам што сакаат тие?

Одговор: Ти знаеш што сакаат, затоа што го сакаат истото што и ти: да достигнат поправање, да ја откријат Вишата Сила, која дејствува во природата. Таа сила се нарекува заедничка Природа и на неа и припаѓа целиот универзум. Затоа тебе ти е познато што сака твојот другар. Освен тоа, кај секого има најразлични земски желби, кои може да ни бидат непознати – секој си има своја лична сфера која не припаѓа во духовното. Но за она што се однесува на високите, духовни желби и цели, тебе треба да ти биде јасно што се случува со другарот и така да се обидеш да го поддржиш. Поддршката се состои во обидот да му го подигнеш расположението на другарот, да му дадеш надеж, сила и инспирација за достигнување на целта. Помогни му во сè што можеш. Пробуди го во него чувството за величење на целта и на Вишото. Покажувај му како можеш да се намалиш пред групата, бидејќи само малиот може да добие од големиот и затоа секој треба да се намали себеси пред групата – за да прими од неа.

Групата поседува духовна сила која се наоѓа меѓу нас. Групата не ја основаме ние. Нам само ни се чини дека самите сме се собрале и сме ја изградиле групата. Ова воопшто не е точно! Групата за нас ја формира Вишата Сила. Не мислете дека ние случајно сме се нашле еден со друг. Сè се случува со помош на влијанието од заедничкото поле, кое нè собира заедно. Затоа треба да се знае дека од една страна овде е присутна сокриена сила и таа дејствува меѓу нас, но од друга страна, ние мора да ги извршуваме дејствијата во согласност со неа за да се доближиме до неа и да почнеме да ја чувствуваме. Тогаш со неа ќе започнеме заедничка работа. Така со помош на своите промени, постепено се приближуваме до откривањето на Вишата Сила, прифаќајќи ги малку по малку нејзините својства. Кога ќе ги откриеме тие својства во себе, тоа значи дека сме ја откриле и Вишата Сила.

Од лекцијата според статијата на Рабаш, 12.10.2012, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica