Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Имагинарен свет, без кој нема да издржите

28.04.2011 -
Прашање: Зошто ни е потребен целиот овој материјален свет, ако на крај јас треба да дојдам до внатрешната точка, која не е поврзана со целата реалност која мене ми е позната?

Одговор: Ти живееш во копија од духовниот свет за да добиеш можност да влезеш во духовната страна. Освен тоа, реалноста на нашиот свет прецизно и оптимално те подготвува за влез во духовниот свет. Овде ти учиш, исполнуваш секакви работи и се подготвуваш за духовната етапа. Духовната етапа се потпира на нашата реалност и не е одвоена од неа целосно. Ќе го видиме тоа со свои очи.

Невозможно е да се оцени целата важност на нашиот свет ако не се погледне на страна од него. Не е за џабе нашето постоење овде. Многу детали од воспримањето, добиени од овој свет, ќе ни требаат и во духовниот. Секако дека таму имаат друга форма, но со тоа не ни се помалку потребни.

Прашање: Може ли да се каже дека материјалното постоење треба да го поминам потсвесно, како бебе кое не е свесно за случувањата околу него?

Одговор: Не. Со помош на ова постоење ти имаш контакт со други души, се соединуваш со нив и ги исправаш, одржувајќи ја врската со останатите делови од реалноста. Овој свет е многу важен. Тој дозволува да се произведат многу исправувања и затоа тие не треба да се избегнуваат. Оваа надворешна обвивка не исчезнува до самиот крај на поправката.

Дури кога сите ќе се исправат и обединат, ќе се случи посебно дејство, по што материјалниот свет ќе исчезне од нашите чувства. Сè до тогаш ќе го викаме имагинарен. Ќе се покаже дека тој не постоел. Ќе се покаже дека сè се случувало во нашата фантазија и дека ние требало да живееме во оваа привидна слика за малку по малку да го изградиме духовниот свет на нејзино место. Секое духовно дејствие се оттурнува од овој свет.

Дури пред конечното искачување паѓаш на самото дно и стануваш „Шимон од пазарот", кој ја познава само својата тезга, фудбалот навечер и ништо повеќе. Всушност, оттаму се качуваш на последното ниво. Претстави си колку е важна таа длабока и тесна клисура, ако само преку неа можеш да се искачиш на врвот.

Од лекцијата според  статијата “Креативен Ум“ од 28.04.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica