Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Краток миг и вечен живот

24.12.2010 -
Желбата му го дава вкусот на наполнувањето. Секоја голтка вода е болно измачувачка кога ме мачи жедта. Иако наполнувањето е само делумно, сепак желбата е голема - и јазот меѓу нив го буди чувството на живот. Значи животот не се оценува според желбата и насладувањето како такво, туку по нивната конфронтација.

Колку е повисока тензијата, разликата помеѓу нив, толку има повеќе во мене живот, енергија. Лошо е кога мојот сад е празен, но исто така и кога е полн. Работата е да се соединат празниот сад со наполнувањето и да се фати моментот на нивната средба.

Како да се задржи тој миг? Зошто дури и најголемите насладувања од храната, сексот, славата достигнувајќи го својот врв слабеат и се гасат? Јас живеам од миг до миг, мојот живот одвај трепери откинувајќи се од ништожноста и повторно тонејќи во неа.

Како што се пее во песната, "постои само миг меѓу минатото и иднината" – меѓу Светлината што блесна пред мене и мракот, кој само што не ја проголтал. И пред завршувањето на тековното задоволство јас морам да си подготвувам следно – за да не го изгубам чувството на живот. Меѓутоа желбите постојано растат и со светот завладува очајот. Пред луѓето веќе не блеска идното насладување, минливите насладувања не го засенуваат надвиснатиот мрак, и животот станува бесмислен.

Нашиот живот згаснува зошто ние не можеме да го задржиме краткиот миг на насладувањето. На тоа треба да се учиме – да научиме да бидеме над својот егоизам, да работиме против него. Тогаш човекот поминува преку "десет египетски казни", ги остава своите желби и излегува кон "планината Синај", т.е. кон Светлината која може да му даде екран.

Духовното постигнување е изградено врз посебнен сад, кли, кој овозможува да се задржуваш над желбата, во давање. Изградувајќи давачко кли човекот добива можност постојано да биде во контакт со насладувањето и во исто време да не ја гаси желбата – бидејќи не се наполнува таа самата, туку намерата воздигнатата над неа - заради давање. Човекот се здобива со совршенство кога дава, кога излегува од самиот себе и живее во насладување, кое го враќа на другите. Неговиот живот, вечниот живот – не се во личната желба, туку во Одразената Светлина, која ги наполнува нивните желби и Му причинува радост на Создателот.

Од утринската лекција според статии на Рабаш /24/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica