Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Мозокот како врховен координатор

Нашиот мозок, нашиот разум може да функционира правилно само ако чувствува повисок систем, со кој треба да одржува заемни односи – да го опслужува и да добива команди од него. Секој човек, како „клетка“ од заедничкиот огранизам треба да ја поддржува целокупната врска со сите други и со Природата. Разумот треба да знае во што се состои неговата лична улога во заедничкиот систем. Тој мора да го познава системот во делот кој се однесува на него, благодарение на што ќе се научи да дејствува така што ќе го одржува во поправеност својот дел и ќе и служи на целината. Тогаш мозокот ќе започне правилно да го доведува во дејствие телото, вклучувајќи ги сите негови органи – срцето, нервниот, лимфниот систем, крвотокот итн. Целиот организам ќе биде ангажиран според тоа каква треба да биде неговата потполна врска со заедничкиот систем. На тој начин, во своето физичко, а уште повеќе и душевно или духовно здравје, ние сме апсолутно поврзани со другите и со целата Вселена.

Во суштина, сите системи се поврзани меѓусебно. Меѓутоа, нашиот егоизам во нив внесува отпадок – на сите нивоа и во сите оддели. Излегува дека поправајќи го својот однос кон другите, човекот иницира глобална промена на своите системи. Меѓутоа, тоа не го гледаме веднаш, бидејќи зависиме еден од друг. Сè додека не се поправиме, невозможно е да се зборува за слично исцелување одделно на некого. Аналогно на ова, сите наши болести исто така, се предизикуваат од неправилни команди, од погрешни сигнали кои доаѓаат од мозокот. Тој навистина, управува со сè, иако е само „координатор“ меѓу нас и заедничкиот систем. Самиот тој дејствува согласно командите од тој систем и управува со телото соодветно на заедничката надворешна потреба.

Го сакале ние тоа или не, секој од нас е дел од човештвото. Затоа нашиот мозок добива команди од заедничкото „поле“, со кое е постојано поврзан и во кое сите ние се наоѓаме. Тој систем е зад рамките на нашата материја, тој е единствен и нè опфаќа сите, а разумот е неговиот претставник. Проблемот овде е во тоа што тој не може правилно да дејствува, додека не дознаеме од каде прима наредби. Сигналите се испраќаат од заедничкото „поле“ на мудроста, Светлината, Замислата за битието. Слично како во квантната физика и другите науки, и во оваа област дојдовме до линијата зад која стои непознатото. Меѓутоа, и таму може да се врши истражување, така што, ако сакаш да ги дознаеш подлабоките причини на она што се случува, оди нагоре. Време е, конечно, да се издигнеме на нивото на причините. Кога ќе ги поправиме нив, нема да ни биде потребна никаква медицина.

Од разговорот за новиот живот,10.10.2012  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica