Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Мудра љубов

03.01.2011 -

Ако Создателот сака да нè доведе до сличност со Него, тогаш како може во нас да го пробуди чувството за Неговото величие, вредноста на особината на давање, за да посакаме да ја промениме својата состојба во Неговата?

Нема избор, и ние мораме да се искачуваме со мали чекори и секогаш да се трудиме да избереме повисоко скалило од нашата тековна состојба. И затоа Создателот не може да ни ја открие својата љубов! Затоа што ако се открие љубовта, тоа веднаш ќе ја уништи целата скала – сите разлики меѓу скалилата.

Детето е глава на семејството и мисли дека сé е наменето за него, побарувајќи од родителите. Тоа ја користи нивната љубов! Ако се наоѓа некаде на друго место, тоа се однесува сосема поинаку –нема да бара како што бара дома. Тоа ќе се срами, ќе се плаши. Додека дома - нема ниту срам, ниту страв!

Затоа кога Создателот би ни ја открил својата љубов, ние би биле како разгалени деца, никогаш не би можеле да го процениме Неговото величие и да се кренеме до Него. Во нашиот свет, во нас дејствува природниот инстинкт кој нè тера да растеме и да се развиваме. Но во духовниот свет не постои таков животински инстинкт! Ние треба самите да ја добиеме таа желба. А ако Создателот би ни се открил со љубов – ние би Го игнорирале во сè... И затоа Тој мора да се скрие за да ни даде можност да се развиеме и да го процениме Неговото величие во мрак.

Во Светлината ние не би можеле тоа да го направиме. Токму на тоа се жалат нечистите сили (клипот) кои би сакале да го откријат Создателот пред да се здобијат со екран. Тогаш ние воопшто не би имале никаква можност да го достигнеме давањето.

Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата“ /03/01/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica