Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Одек за цел живот

Прашање: Што би им посакале на младите кои сакаат да формираат семејство за да изградат среќни и добри односи?

Одговор: Среќата се гради во правилна рамнотежа меѓу желбите-чувствата и разумот-пресметката. Ние не можеме нешто да прецртаме и еднострано да го изградиме. Затоа, за да се сфати овој систем, треба да се разбере дека човекот во себе го вклучува целиот Универзум, целиот космос. Затоа, за да правилно ги усогласиш, поврзеш двајца луѓе, потребен е некој посебен компјутер, пресметување на огромен број на параметри, така што не можам да замислам дека такво нешто може да се стори. Но рамнотежата на два такви сложени системи, секој од нив составен од срце и разум, кои меѓусебно се и во сојуз и во борба, и во едното и во другото, е можна, само ако знаеме како тоа функционира. Природа нè тера токму кон тоа. Затоа, во процесот на нашиот развој, нашата еволуција, дојдовме до состојба кога мораме да стекнеме некои познавања. За тоа нема да треба многу време: десетина-дваесетина лекции, секакви примери, додека почнеме да чувствуваме што претставува човекот, како работи, како се движи, како реагира на сé, од што е составен; на каков начин да се решаваат секакви конфликти, да не им дозволиме да пораснат до незавидна состојба.

Сето тоа може да се научи. Само потоа би им советувал да донесуваат сериозни одлуки. Треба на бракот да се гледа како на сериозна замисла која може да даде одек за цел живот. Затоа подобро е одекот да биде позитивен отколку негативен.

Од разговорот за интегрално воспитување, 08.07.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica