Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Под власта на парите

Прашање: Денес, целиот здравствен систем, во многу земји, се префрла на државна сметка и во голема мера потсетува на подвижна лента. Докторите се стремат да имаат што е можно повеќе пациенти и при тоа да минат што е можно помалку време со нив. Со цел да добијат дополнително внимание од нивните доктори, пациентите мораат да платат повеќе пари. Низ целата ера на развојот на медицината, докторите никогаш не биле богати. Тие биле познати, но никогаш не биле богати. Во однос на напредувањето на желбите, стремежот да се биде богат станува најважен. После тоа, следи желбата да се биде славен и почитуван, каде што аспирацијата да се стане познат ги следи сите останати. Во медицината, тоа се случува на друг начин. Зошто нашиот здравствен систем паднал толку ниско? Зошто тој ги вреднува парите пред почитта, знаењето, па дури и пред желбата да им се помогне на другите?

Одговор: Тој феномен не се јавува само во полето на медицината, туку во сите сфери на човечките активности. Основата на човечката природа, (како спротивност на мртвата, живата и вегетативната), постојано расте во однос со сопствениот егоизам. Нашите желби стануваат повеќе егоистични; тие повеќе не се контролираат, па на тој начин нè одвојуваат еден од друг. Во одреден стадиум, ние живеевме во големи семејства, но сега дури одбиваме да имаме семејство. Денес секој сака да живее засебно; бројот на разводи расте, луѓето не сакаат да стапат во брак, да имаат деца, и.т.н. Нашиот егоизам порасна до степен, во кој ние сме повеќе одвоени од кога и да е порано, и наместо да ја подигаме нашата желба за здобивање на знаење, постигнување, и достигнување, тој се стреми кон повеќе пари и ги прави нашите животи многу прагматични. Целиот свет зависи од парите. Порано честа беше над сè. За време на последните сто години, нашиот егоизам порасна до нивото во кое ние не можеме да видиме ништо друго освен знакот на доларот. Сите сфери: науката, уметноста, или кој било вид на творештво, што продолжува да привлекува многу луѓе, претходно се сметаа за благородни. Нештата како поезија или научните истражувања, за кои многу уметници и научници го жртвуваа животот, никој повеќе не ги смета за вредни. Денес, тие се потполно контролирани и целосно потиснати од парите. Уметниците и научниците едноставно мораат да се усогласат со овој степен. Понекогаш тие сè уште чувствуваат саможртвувачки тенденции, но тие мораат веднаш да ги потиснат. Уметниците и научниците се држат во тесни рамки бидејќи тие разбираат дека нивните успеси зависат директно од подршката на нивните спонзори и од големината на нивната банкарска сметка.

Денес, најомилените сфери, од нашиот живот, директно зависат  од парите, бидејќи важечкиот финансиски систем ги откупува, на тој начин земајќи ги под негово директно владеење. Тоа исто така се однесува за масовните медиуми, кои што целосно зависат од оние кои што ги плаќаат. Дури и образованието во училиштата не добиваат должно внимание, поради тоа што нивната цел е да ги промовираат инстиктите на „стадата“ кај студентите и да ја потиснат нивната индивидуалност, така што тие нема да се посветуваат со добронамерно, нефинансиското и несебично однесување. Со тоа, станува многу лесно да се утврди колку некој вреди, колку некој може да купи, и кој командува.

Последната половина од векот ја покажува истата тенденција во здравствениот систем, насекаде низ светот. Главната причина за тоа е фактот дека оваа област има екстремно побарување. Скоро секој ја користи. Ние сме родени во овој систем; го продолжуваме нашиот развиток во него, ние мораме постојано да го користиме, и исто така ги завршуваме нашите животи во тој систем. Така, областа на медицината е крајно „плодна” и носи огромни прмања, правејќи ги докторите богати и дозволувајќи им да ги искористат предностите на системот. Покрај тоа, нашата зависност од различни медикаменти, (во повеќе случаи непотребни), препишани од страна докторите, (без разлика дали се неопходни), нè задолжуваат да ги земеме; сето тоа се одразува со многу голема заработувачка. Дури ако лековите не чинат толку скапо, нивната продажба сè уште го врти здравствениот систем во монопол, кој постојано ги цеди средствата од населението. Токму затоа се шират бројни гласини за „страшни болести,” различни опасности, и.т.н. Тоа објаснува дека има голема конкуренција помеѓу прозводителите на лекови. Освен тоа, големо е произвотсвото на непотребна опрема за дијагностицирање. Круговите што имаат финансиска предност врз оваа состојба, прават притисок врз владите, да вклучат трошоци во здравството, кои ќе бидат во кошница на „слободни” и „задолжителни” здравствени грижи. Со други зборови, ние сме оковани во системот кој што нè искористува на наша сметка и во тоа сите сме целосно беспомошни.

Заено со задолжителниот, државен здравствен систем, постои исто така и приватен сектор, кој што е многу поскап и уште понеобјаснив. Се разбира, тој може да се оправда до некаде, бидејќи приватните доктори еноставно треба да ги излечат нивните пациенти; инаку, не би имале клиенти. Од друга страна, луѓето треба да плаќаат повисоки цени да добијат соодветен третман. Така, човештвото веќе има доволно докази дека егоизмот е главната причина за уништувањето на нашето здравје и дека нè спречува од правилниот начин на живеењето. Овие доктрини не се однесуваат на здравствената грижа, бидејќи здравјето започнува со чист воздух, балансирана исхрана, добра екологија, и грижлив однос кон другите. Токму поради тоа целиот живот бара поправка со цел да се изгради добра основа за одржување на човечкото здравје. Големо прашање е дали денес оваа задача коинцидира со докторите, интересите на фармацевтските и медицинските производители на  здравствени производи. Една работа е очиглена: обичните луѓе страдаат од начинот на кој што сето тоа е уредено.

Од разговорот, „Медицина на иднината” 16.05.2013, на Каб.Тв

Егоистично гориво за алтроистички цели

Баал ХаСулам, „Арвут“ (Заемна гаранција): Тора не им беше дадена ним, сè додека секој еден од Израел, не беше запрашан дали се согасува да ја прифати Митцва (заповед) за љубење на останатите со полна мера, изразено со зборовите: „Љуби го ближниот како себе ( како што е објаснето во Членот 2 и 3, истражи темелно таму). Тоа значи дека секој од Израел треба да да ги превземе, врз себе, грижата и работата за секој член на нацијата, и да ги задоволи сите нивни потреби, не помалку од мерата која е втисната во него - да се грижи за сопствените потреби.

Тој услов изгледа јасно, но всушност, тука е скриена целата реалност, сè што животот може да ни даде. Постои само еден услов, што мора да биде одржуван, и тој стои пред нас: „Ти ќе го љубиш ближниот како себеси.“ Па така сè што се случува во мојот личен живот, во однос со мене, со мојата фамилија, со поблиската и поддалечната околина, со човештвото, со светот, сè што ми се случило до овој момент; мора да биде насочувано кон една цел. Во секој момент јас морам да проверам, дали живеев да ја постигнам љубовта кон другите? Ако започнам да се оценувам себеси на тој начин, тогаш разбирливо, во секој момент ќе има многу прашања за мене: „Зошто? За кого? Како едната работа е поврзана со другата? Што добивам од сето тоа?” и така натаму. Одбивањето и отпорот ќе продолжат, но ако навистина сакам да го појаснам тоа што мора да биде разјаснето и поправено, тогаш сè ќе биде сметано според еден критерим, според зборовите: “Ти ќе го љубиш ближниот како себеси.”

Запишано е дека тоа е главниот закон во Тора. Со други зборови, тоа е принципот што ја вклучува целата реалност, ги вклучува сите мои инкарнации, и во главно, сè што некогаш било. Токму затоа, оној кој е спремен да го прифати овој принцип, како основа, како мерка за мерење за неговиот живот, тој е спремен да ја прифати Тора, методот на поправка. Целата Тора е направена единствено да се разбере тој принцип. Спротивно на тоа, оној кој не се насочува себеси кон тој закон, нему Тора не му е потребна. Тој може да ја чита, да биде заинтересиран за неа како историчар, или да ја искористи на некој друг начин. Низ историјата, многу залутале низ неа, сметајќи дека нивното е правилно. Вистинската Тора мене ми се открива, ме допира, и отвора пат пред мене, единствено под услов ако јас се стремам кон: „Ти ќе го љубиш ближниот како себеси.” На тој начин јас започнувам од далечина, од најголемиот отпор, од апсолутниот недостаток на разбирањето, од најоддалеченото место, додека постепено не разберам дека тоа е многу важно, дека тоа е поврзано со целокупната реалност, со светот, со сите останати луѓе и моето его. Јас започнувам да се интересирам за овој принцип, барем во егоистичен облик, со надеж некако да имам корист од тоа. Така имам нешто за што да се фатам; зборовите стануваат важни во моите очи, затоа на нив гледам како на средство за примање задоволство, знаење само по себе, можност да се здобие нешто ново. Дури и ако таа врска не е уредена како што јас посакувам, и минува низ спротивната страна, сепак тоа е сè уште многу важна поврзаност. Таквата состојба се нарекува „Ло Лишма,” и претставува висок степен, во кој се придржувам на принциппот: „Ти ќе го љубиш ближниот како себеси,” и преку ближниот ќе ја достигнеш љубовта кон Создателот. Тој треба да се пронајде во другиот, во заедницата, како што е запишано: „Јас живеам меѓу Своите луѓе.“ Според тоа, сè е во ред, за мене, освен намерата.

Првин, од мојата „здрава,“ материјалистичка, егоистична желба, јас силно го сфаќам овој принцип; потоа е можно да се говори за намерата. Пред сè, неопходно е да се изгради здрав однос, како што е запишано: „Учете ја младината спрема нивниот начин.“ Колку повеќе е немилосрдна нивната желба да се исполнат себеси, толку подобро, бидејќи ти тогаш ќе можеш да го отвориш патот пред учениците и да им објасниш од што зависи напредувањето. Општо, сите чекори водат кон двете: чистотата и нечистотата, тие се предмет на истата зависност и тие се откриваат на истиот пат. Само односот е различен. За тоа е запишано: „Создателот го направил тоа спротивно на она” (Соборните посланија 7). Ние ги користиме истите келим за двете: егоистични и алтроистички дејствија; и овие дејствија се спротиставуваат само во намерата.

Пред мене е системот на мојот однос со групата. Се препуштам себе на неа, и низ неа на Создателот. Тој е во неа, во групата. Сакам да се припојам до Него и поради тоа се полнам себе со сета Светлина на Бесконечноста. Тоа е посакуваниот, единствено вреден и најважен пристап. Ако продолжам да се збунувам со непотребни согледувања, само ја намалувам мојата желба - пред да порасне. Така јас ќе имам нешто да поправам. Некој го поправа единствено она што е откриено во него, и не треба да биде засрамен или кроток поради неговите духовни копнежи. Тоа е нормално. Најважната работа е да се биде јасен, дека посебно во системот наречен „група” јас ќе Го откријам Создателот. Во главно, тој систем ја вклучува сета реалност, иако сега мене ми изгледа подделено, покасно јас ќе видам дека сè е вклучено во него.Така, важно е да се види вистинската состојба, дури и ако на овој стадиум тоа е за моја корист. Тоа е почетокот на себе-поништувањето; тоа ме остава пред постојаните прашања: „Како да бидам вклучен во системот? Како јас да уживам во него?” Тогаш за мене работи Светлината што поправа. Системот е изграден така што задната страна од Вишото се наоѓа на предната страна од нижото, па затоа, иако егоистично размислувам за возвишувањето, Вишиот го усовршува мојот недостаток и ми дава лек за моето его. На крајот, егото е управувано кон „Ти ќе го љубиш ближниот како себеси.”

Од 4-от дел на утринската лекција,17.05.2013, според „Арвут“, „Заемната гаранција”, на Каб.Тв

Адаптер меѓу мене и Создателот

Прашање: Покрај молитвата, што уште може да помогне помага за некој „да го исече сопственото его на парчиња” ?

Одговор: Самото прашање е неправилно. Не постојат други средства освен молитвата. Молитвата е заклучок на сите прави стадиуми на испити, кога станува јасно дека јас немам повеќе на што да се потпрам, бидејќи сум суштество, резултат на Вишите Сили. Единствената работа која што мене ми е оставена, е да се свртам кон изворот од каде што сè се развива во мене. Тоа е она во потеклото, кое што сто процентно ме владее. Правилата на системот не се предмет на промени. Па, што можам да сторам, ако сум негов дериват? Мојот мозок ми помага единствено да дознаам дека сум создаден. Оттука, тој може да ми даде практичен совет: „Сврти се кон Создателот.” Тоа е тоа. Какви други можности може да има? Немирите и напнатоста помеѓу нас нема да помогнат; тие ќе го уништат целиот систем, дури и тоа е само она што го гледаат нашите очи. Всушност, ние не одземаме или додаваме што било, ние просто не ја изведуваме единствената акција, во целиот физички свет кој што ни е нам даден. Па, ајде да престанеме да се однесуваме како говеда што ги држат за роговите и размислуваат што можат навистина да направат. Било што друго, на еден или друг начин, нема да произведе нешто. Останува единствено молитвата. Но каков треба да биде обликот на молитвата? Како се крева молбата за поправката на Малхут, која што сака да ја стекне особината на Бина? Што се однесува на тоа, ќе треба да поработиме. Ако веќе постои сила која што дејствува во оперативниот систем, таа мора да биде активирана. За мене што сум подолу, ваквата можност постои: да се разбуди, да се повика силата, до степенот на желбата на Адам во мене. Спротивно на тоа, ако не ја разбудам, јас не сум во поврзан со неа, туку сум оставен на нивото на животно. Во овој случај таа делува на мене директно, од Вишото кон долу, без моето учество. Мене ми беше дадена точка во срцето, така што ќе бидам способен да го достигнам вистинското прашање и да ја кренам мојата молба. Но, првин морам да проверам и да подготвам сè што е потребно да појаснам, што зависи од мене, а  што не, каде се наоѓам, и како да го уредам моето барање на начин на кој би ја достигнал целта и би влијаел на неа.

Гледате дека она што ме води е систем на закони, кои што не се предмет на промени, туку се лишени од интелегенција и емоции. Дури ако претходно имало потреба да стоиш на твојата глава, тоа не би било од помош. Ова укажува дека јас треба да ја изградам мојата структура на правилен начин, наречена „постоење” од Вишото кон нижото, во десетте Сефирот на Повратната Светлина. Дури и да врескам според моето разбирање на сите механизми на тоа што се случува, и покрај сето тоа, во мојот врисок сè мора да е точно уредено. Па така за сето тоа, Вишата Светлина ми дава група, подготвена на вистински начин, да го развијам мојот врисок. Ако се однесувам кон групата како сад кој што е спремен да го пренесе мојот нејасен врисок, изграден од желба, сепак сèуште без облик како кај дете, тогаш оврисокот ќе го побарува правилниот облик. Тоа ќе го овозможи достигнувањето на Изворот, силата која што дејствува во создавањето. Како одговор, таа сила се спушта над мене повторно преку групата. Во спротивно, јас нема да бидам спремен да ја примам Светлината и едноставно ќе ме изгори. Посебно, Вишата Светлина влијае на мојата поврзаност со пријателите, до тој степен во кој сум им верен на нив. Влијае на местото каде што се поврзуваме, каде што се координираме, бидејќи единствено таму јас сум згрижен во тоа. Па така, од моја страна таму треба да има молба која што минува низ групата, и при тоа е можно тоа да го слушне. Од страна на Создателот, Светлината, исто така, пристигнува преку групата, се сместува во мене, така што јас ќе можам да ја прифатам, почувствувам и разберам. Следи, дека групата е двонасочен заеднички адаптер помеѓу мене и Создателот. Сè зазема свое место во системот наречен „група,” и „луѓе.” Или поточно, една душа.

Од 4-от дел на утринската лекција, 17.05.2013, според Писанијата на Баал ХаСулам, „Арвут“, “Заемната гаранција”, на Каб.Тв

Интегралноста: Нови Хоризонти

Прашање: Дали луѓето треба да бидат експерти со цел да решат одредени проблеми во текот на интегралната дебата, или можат да дојдат до решение кога се правилно поврзани, исполнувајќи ја интегралноста?

Одговор: Во име на вистината, јас не мислам дека воопшто има некакви проблеми, освен за рабирањето на интегралната природа. Кога некој започнува да гледа на светот од нов агол, сè станува транспарентно, едноставно и јасно. Тој ги гледа проблемите бидејќи тие се јавуваат како резултат на поврзаноста помеѓу двата система: интегралниот и линеарниот. Како резултат, доаѓа до различни интересни решенија, кои што пред тоа не постоеле, па дури технички и научни. Јас сум сигурен дека човештвото ќе има голема корист од тоа, бидејќи ние одненадеж ќе почнеме да ја чувствуваме внатрешната природа на нештата. Тоа е така бидејќи ние од секогаш сме ја изучувале природата од нашата егоистична перспектива, а не каква што е, и затоа таа е во ограничен домен на фреквенции. Но откако ќе ги напуштиме границите на нашето тело, на нашето его, ние ја чувствуваме природата надвор од нас, како што е во реалноста,, а не како што ние ја доживуваме, и така се отвараат целосно нови можности пред нас. На тој начин интегралното ниво е нова наука, нова технологија, и целосно нов хоризонт. Ние денес се соочуваме се големи потешкотии во работењето, како совладување на растојанието, пренесување на енергија и информации, и се обидуваме да го стиснеме сето тоа во фибер влакна, кабли, и да го префрлиме во далечината. Колку гориво ни е потребно да изгориме да примиме минимален фактор на ефект? Кога ќе погледнеме на природата во нејзината општа интегрална форма, ние согледуваме дека таа има 100% решение: Природата нема вишок, никогаш нема преостанат одвишен дел, кој што некаде исчезнува. Не постои таква работа! Така, во интегралното општество има прекрасни решенија. Ние ќе решиме и исполниме сè единствено интегрално.

Од разговорот: „Мудроста на толпата”, 17.05.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica