Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Под крутата корка на егоизмот

05.05.2011 - Прашање: Создателот посакува да постигнеме независност. Ако не ја достигнеме по пат на Светлината, ќе дојдеме до неа по пат на страдања, по голем број поделби. Што ќе претставува тој независен човек после толку многу поделби?

Одговор: Од поделбите телото само се засилува, бидејќи се дели егото, а желбата останува. Нашата желба е обрасната со кора, како што е плодот на кокосот, во кој внатре има млеко, па бела месеста маса, а одозгора кафеава лушпа.

Така и нашата желба се наоѓа внатре, под кората на егоизмот. Треба да ја скршиш таа кора, да ја свртиш желбата за примање во желба за давање, да ја насочиш во каналот за давање на другите. Тогаш работиш со неа не заради добивање „во себе", туку заради давање „од себе". Затоа се крши кората, а не самата желба. Самата желба напротив, цело време расте.

Ти бараш како да ја искористиш егоистички, додека не се скршиш на неа. А тогаш, почнувајќи да работиш со Светлината, која ти покажува дека ништо нема да успееш да постигнеш со своето его, туку само со она што е поврзано со духовно придвижување, тогаш ќе почнеш да го менуваш искористувањето на желбата. Ти ќе посакаш Светлината да владее со неа.

Онолку колку што Светлината ќе работи на неа, ќе и ја дава својата форма, формата на Светлината, толку ќе бидеш спремен да ја искористиш таа желба. А ако Светлината не и даде никаква форма на желбата, ти ќе ја намалиш, откажувајќи се да ја користиш на тој начин – без помош на Светлината.

Од лекцијата според книгата “Зохар“ од 05.05.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica