Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Правилен распоред на учењето

Кога човекот доаѓа да ја изучува кабалата со прашањето: "Зошто јас живеам и за што?", неопходно е да му се објасни:

1)каква е таа желба, што се создала во него, и какво наполнување бара,

2)да раскажеме за нашата природа – егото, изворот на злото, како тоа да се исправи – дека во тоа се состои нашето единствено слободно дејство ( слобода на вољата).

За таа цел треба со него да се изучуваат статиите на БаалХаСулам: "Слобода на вољата", "Суштината на науката кабала", која говори за откривањето на Создателот на суштествата, како средство за достигнување на целта на суштеството. Останатите статии на Баал Ха Сулам помагаат да се оформи кај почетникот целосна слика за постоечкото: светови, почетокот, процесот, целта на секој елемент на творбата, злото и страдањата како сила за напредување, и т.н. Кога постои заедничка слика, да се разјасни, за сметка на што се случува напредувањето, исправувањето? Душата – како главна творба, разбивањето на душата од Создателот и нејзино исправување од наша страна – за тоа се веќе потребни статиите на Рабаш.

Нивната цел – е да се постави човекот на неговото место внатре во општеството, да се распознаат разбивањата, што да се исправува? Како да се исправи разбивањето на душите? За тоа ние се обучуваме заедно користејки ги кабалистичките книги, поточно само книгите на Баал Ха Сулам – затоа што тие се во состојба да му ја дадат на нашето поколение силата, светлината, што враќа кон изворот, што исправува до нивото на изворот. Не е обврзувачко редоследно да се поминува овој материјал, бидејки човекот исто така се наоѓа во различни состојби. Новајлијата се најдува во средина на процесот на изучување, но тоа не е важно. Важно е, дека тој работи заедно со сите, бидејки сите ние сме вклучени едни во други – испреплетени со своите души, желби. Затоа не е така важно, од која точно статија да се започне. Но пожелно е да постои колку-толку разбирлив редослед на изучувањето, директно насочено кон целта.

Од утринската лекција 09/08/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica