Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Прво да ги воспитаме родителите

Прашање: Често го посочувате интегралното општество како пример за идеално семејство. Навидум сите знаеме како изгледа добро семејство. Но во разговор се открива дека во топли, добри семејства растеле околу 20% од луѓето, додека останатите воопшто не разбираат што тоа претставува. Како да се изгради претстава за идеално семејство?

Одговор: Кај секој од нас сепак потсвесно постои таква претстава: родители, деца, баби, дедовци. Тоа ни е утврдено од Природата. Затоа, дури иако во животот на човекот немало таква состојба, тоа е можно и пријатно да се замисли...

Прашање: Дали вреди со тоа да се занимаваме?

Одговор: Сигурно, тоа ни е неопходно, бидејќи денес сопружниците се сретнуваат, раѓаат деца и не знаат како да се однесуваат кон нив. Како е можно тоа? Ако во близина има баби, дадилки, кои го имаат тоа поминато во своето искуство и почнуваат да се занимаваат со внуците, па и правнуците – тоа е сосема поинаква работа. Порано, кога живеевме во големи семејства, во опкружување на роднини, кои сето тоа веќе го поминале, младите немале бегранична власт над децата, и затоа нивниот однос кон децата бил избалансиран од страна на претходната генерација, со нивната посебна љубов кон внуците.

Денес, пак, кога младите се наоѓаат во постојана напнатост: тие треба да ги однесат децата во градинка, да трчаат на работа, потоа да ги земат децата дома, да ги “пикнат” во када, во постела и т.н., тогаш како резултат на тоа ние добиваме ужасно општество – никакво воспитување, никаква топлина. Погледајте какви деца се раѓаат денес. Тие не го чувствуваат ниту семејството, ниту родителите, никого, и затоа лесно го напуштаат домот, лесно подлегнуваат на сешто. Тоа е целосна пропаст. Затоа најпрво треба да се зафатиме со интегрално воспитување на семејството, воспитување на децата. Притоа, прво треба да ги воспитуваме родителите, кои ќе им го пренесат интегралното воспитување во иднина на своите деца. Само тогаш може да им се дозволи да имаат деца. Бидејќи жално е за децата, кога родителите апсолутно не знаат како да постапуваат со новороденчето. Порано покрај нив имале дваесет баби, дадилки, кои веднаш превземаа сé, објаснуваа и командуваа. Во денешно време – нема ништо од тоа.

Од разговорот за интегрално воспитување, 29.02.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica