Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Талмуд - за Исус од Назарет

27.12.2010 -
Прашање: Сум слушнал, дека некаде во Талмуд се зборува за Исус (Исус Христос), основоположникот на христијанството. Ве молам да ми го наведете местото и ако го има, на руски јазик.

Одговор: Обично е во појаснувањата кон "Пиркеј Авот". Мишна 6:"...Јешуја бен Прахја велел: "Направи го свој учител (дури и тој кој не е повисоко од тебе), и најди си пријател, и суди за секој човек, наоѓајќи оправдувачки околности за него".

Појаснување: ...Рекле во Талмуд нашите учители: "Секогаш левата рака нека оттурнува, а десната нека приближува.

Не постапил така Јошуа бен Прахја, оттурнувајќи го со двете раце тој човек (Јешу Ганоцри – Исус од Назарет)" (гл.Сангедрин, 1076, изд. на Ерусалимскиот институт за публикации на Талмуд под ред. на р. А.Штајнзалц). На истото место од Талмуд се раскажува дека Јешуа бен Прахја имал ученик по име Јешу Ганоцри, кој бил протеран од својот учител заради лошо однесување.

Гледајќи дека учителот не му простува, Јешу се тргнал од верата во единствен Бог. И иако Јошуа бен Прахја не мислел да го протерува ученикот засекогаш, туку му дал само време да се поправи, последиците од неговата суровост се покажале како катастрофални.

Според зборовите на истиот извор, тој подоцна многу жалел за својата остра реакција и сметал дека кога би нашол оправдание за Јешу Ганоцри, обвинувајќи се себеси и соучениците на Јешу за неговите гревови, би можело да се избегне тоа што се случило.

Иако согласно на законот (гл. Сангедрин, 29а), не треба да се бара оправдание за оној кој ги поттикнува евреите да скршнат од патот на јудаизмот, - во духот на истиот закон, според начелата на побожноста, и за таков човек, неговиот учител мора да бара оправдание. (Љубавичски Ребе)

(Трактат Авот.Издавачка куќа Самир, Ерусалим. 1999г.)

Објавено на 03/11/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica