Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Точка во која се крие сé

10.10.2010 -

Прашање: Каде може да се видат опишувањата на заемното давање помеѓу мене и групата во текстот на Зохар?

Одговор: Секаде и во секој момент! Бидејки само за тоа станува збор. Зохар ни ја опишува точката на поврзаноста помеѓу нас: душите, кои се соединуваат меѓусебно во Малхут – и тогаш од врската помеѓу нив, тие се здобиваат со врска со Зеир Анпин (З'А) или Создателот (Кадош Барух Ху). Тоа се нарекува "Израел (тие кои се стремат кај Создателот), Тора (Светлината) и Создателот се во единство".

Зохар опишува сé од поврзаноста на тие три составни делови:

1. секој од нас

2. сите ние заедно

3. Создателот.

Цело време станува збор само за точката на тие три составни делови, во секакви нивни пројавувања – многуте состојби во нивното зближување, подемот нагоре, до нивното целосно спојување. Целото богатство на духовниот свет и дури сé што ние чувствуваме денес, - ние чувствуваме само од таа иста точка на поврзаноста или нејзиното отсутство. Освен таа точка ништо друго не постои.

Токму таа точка Малхут на светот Ацилут, која чувствува, дека не е поврзана со другите и со Создателот, се нарекува Малхут на овој свет. Кога таа почнува да добива со нив врска, тогаш ние зборуваме за видовите на врските помеѓу нас, - и тоа веќе претставува духовно.

И така – до светот на Бесконечноста, кој ние го чувствуваме исто внатре во таа Малхут, внатре во врската помеѓу трите составни делови. Кога таа врска станува безгранична, - тоа се нарекува Малхут на Бесконечноста. Т.е. само Малхут на светот Ацилут во сите нејзини пројавувања – тоа е место, каде се открива врската помеѓу нас, а во него – Создателот.

Затоа Зохар не раскажува ништо, освен тоа што се случува во неа, и само додава податоци, од кои ние можеме да составиме поправилна слика. Тоа е слично на тоа, како јас гледам на нејасна слика на екранот од компјутерот, и не знам, во што е проблемот. Доаѓа стручно лице и ми објаснува детално што точно има потреба за поправување. Така коментарот на Баал ХаСулам кон книгата Зохар ни дава подетална информација за составните делови, на кои треба да обратиме внимание, за да ја изградиме целосната слика.

Од утринската лекција за книгата Зохар /10/10/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica