Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Живот - тоа се промени !

10.05.2011

Прашање: Како е можно да се достигне вистинската реалност, ако „истражувачот" се менува цело време, а се менуваат и неговите мерни инструменти?

Одговор: Која е разликата, јас го истражувам светот кој се менува цело време, но, јас или светот е непостојан, но јас се менувам цело време? А ако не се менува ни едното ни другото, јас воопшто ништо нема да можам да кажам за светот – нема да имам инструменти за мерење. Затоа што споредбата е можна само меѓу два параметри кои се менуваат врз основа на нивниот однос еден кон друг.

Јас мерам некаков однос меѓу нив и тој станува единица мерка за мене. И со оваа единица мерка, прифатена од мене, јас мерам сè останато. Има два параметри, различни еден од друг – две точки во просторот. Јас го мерам односот помеѓу нив кој ја определува нивната разлика и го прифаќам како единица мерка, да речеме, степен на температура или 10 см. И со помош на оваа единица мерка ги мерам сите останати појави.

Почнав од тоа дека открив некаква разлика и сега на таа основа се спремам да ги измерам сите останати разлики меѓу својствата, силите, местата во просторот, желбите. Не е важно меѓу што, но јас секогаш ќе ги мерам разликите, промените. А ако нема промени, нема што да се мери и јас ги губам сите чувства. Ако сега нема никакви промени, светот за мене ќе се излади, ќе умре и јас ќе го изгубам целото разбирање, сознание, чувство, како да нема ништо. Целиот наш живот не е чувство на некаква состојба, туку чувство на менување од една кон друга состојба.

Ако промените меѓу состојбите се нарекуваат живот, излегува дека можам да имам две форми на живот: едната кога животот се менува надвор од мене, што се нарекува живот во овој свет и другата, живот кој се менува во мене, кој се нарекува духовен живот, живот на идниот свет. Но, секогаш животот е промени и сè зависи само од тоа каде ги гледам.

Чувство за себеси како битие

Мудреците рекле: „Како што лицата на луѓето се различни, така се разликуваат и нивните мисли". Желбата која се развива и чувствува некаков недостаток на исполнување, сакајќи да добие повеќе отколку што има, по количина или по квалитет, развива околу себе смисла која и помага да го добие посакуваното." Затоа, како што се разликуваат желбите во секој од нас, така се разликуваат и мислите, затоа што секој мисли како да се исполни себеси.

Вишата Светлина се наоѓа во апсолутен мир, кој е сосема еднороден и едноставен. Но кога таа ја исполнува желбата од пет дела, ние веќе можеме да ги разликуваме, во таа Светлина, петте дела: Нефеш, Руах, Нешама, Хаја, Ехида (НАРАНХАЈ). Секој дел од желбата добива различно чувство од Светлината, кое го нарекуваме НАРАНХАЈ. Исполнувањето со едноставна Светлина на поправената желба, која достигнала сличност со Светлината и сите нејзини делови дејствуваат меѓусебно и се вклучуваат еден во друг, секој миг ни дава ново чувство кое постојано се менува. Овие промени на впечатоците човекот ги нарекува живот.

Поголемо достигнување не можеме да имаме. Ние не можеме да ја прифатиме самата Светлина, туку само разликите меѓу своите чувства од неа. Ако овие разлики пропаѓаат, ние го губиме осетот за реалноста, за животот и во себе и околу нас. Затоа што ние сме битието. А ако битието не ја чувствува Силата која го создала и го одржува неговото постоење, тогаш тоа не се чувствува самото себе. Битието може да се чувствува себеси само во однос на Силата која му дава живот.

Нè има или нè нема?

Битието (нивра) – означува постоење "однадвор", надвор (бар). Тоа се нарекува „постои (е) од ништо" (еш ми аин). Од каде доаѓа тоа „е", создадено од ништо, како се раѓа?

Постоењето („јас сум") започнува со тоа што почнувам да се чувствувам себеси во однос на Светлината, која „е", постои. И тогаш јас, исто така чувствувам дека јас сум, но „од ништо", во однос на целосната нула „аин", која што бев претходно.

Целиот живот на битието се состои во оваа определба „постоење од ништо"(еш ми аин), затоа што таа е оценува како „ништо" (нула) во однос на „еш" (е) – постоечката Светлина. Ако тие две исчезнат од чувството на битието, тоа не се чувствува себеси. Битието не може да постои само. Создателот може да постои без битието, Тој има Негова сопствена реалност. А битието нема живот ако не Го чувствува Создателот. Чувствувањето на Создателот се нарекува живот, постоење!

Ако јас воопшто не го чувствувам, целиот свет пропаѓа и јас се враќам во „ништо". Нема битие (создание) без Создателот! Нашиот живот и постоење се мери само во однос на Светлината. Јас – тоа е „постоење од ништо" (еш ми аин), односно во мене секогаш се вклучени овие две: „е" и „не е", и во разликата помеѓу нив јас го чувствувам својот живот. Моето постоење, мојата реалност – не е моја сопствена и независна. Мојата личност има смисла само ако во неа учествуваат двете: и „е" и „не е". Но, јас не се однесувам ни кон „е" ни кон „не е" – јас „постојам од ништо".

Затоа, ако не ја чувствувам разликата меѓу овие две реалности, јас не чувствувам ништо. Ми пропаѓаат сите чувства и јас исчезнувам. Затоа што јас – тоа е последица од среќавањето на овие две реалности: „е" и „не е".

Духовна информатика

Ако сакаме Зохар да ни помогне треба да подготвиме желба, потреба за Светлината која е скриена во Зохар да повлијае врз нас, затоа што треба да му се даде „врз што" да дејствува.

Желбата може да биде само „скршена", односно да нè чувствува нас како егоистичко зло, како неспособност за соединување еден со друг. Ние сакаме да се соединиме, се трудиме и само ако не успеваме во тоа, ја откриваме желбата, потребата за соединување која треба да ја ставиме под влијание на Светлината.

Излегува дека нашата подготвителна работа се состои во тоа што секогаш треба да се обидуваме да се соединиме меѓу себе, сè подлабоко во нашите срца, за да нема никакви разлики меѓу нас и сите да се стремиме кон заедничката желба, каде што секој ќе почувствува дека го губи личното „јас", својата индивидуалност и се вклучува во заедничкото „ние". Ако достигнеме таква состојба, желба за соединување во едно, а не успеваме во тоа – ние го будиме решимо (информацискиот ген).

Таа сила на желбата со која неколку пати сакавме да се соединиме, а не успеавме, тоа е решимо де-авијут (информација за желбата). Таа состојба која сме си ја претставувале во мечтаењата, колку би било добро да се соединиме заедно во заемно давање и всушност тоа сакаме да го постигнеме – тоа е решимо де-итлабшут (информација за Светлината). Дури тогаш доаѓаме со овие решимот до Светлината, за таа да го поправи, да дејствува врз скршеното решимо кое ние не можеме да го оствариме – и Таа го извршува ова дејствие.

Плати со желба и ќе добиеш сè!

Прашање: Секогаш кога го читаме Зохар, како да ми се појавува тежина и ми е тешко да останам свеж. Значи ли ова дека Зохар ме поправа?

Ти мислиш дека те поправаат додека спиеш? Прекрасно. Тогаш, ни останува само да спиеме... Ако за време на читањето на книгата Зохар чувствуваш дека заспиваш, тоа е затоа што не се стремиш кон поправање и затоа не ти е мачно.

Замисли си: ако чувствуваш силна главоболка или болки во стомакот, уверен си дека Зохар ќе те излечи, а ти треба само да заспиеш? Не, затоа што болката се чувствува во телото. Но, сега болката не се чувстува непосредно во органите на телото. Ако се грижам за соединувањето со другарите, ако го посакувам, јас всушност, ќе чувствувам болка заради немањето единство во групата во која го откривам духовното, Создателот...

Но, затоа што вчера сакав да го откријам! Што се случи со мене сега? Вчера имав желба, а сега не... Замисли си: ти се пружа можност да влезеш на такво место каде што можеш да добиеш сè. Ти доаѓаш и треба да ги платиш потребите со желба. Позади тезгата стојат продавачите: „Што Ви треба?"

Ти треба да им покажеш желба што всушност сакаш. Со тоа им го подаваш садот кој тие ќе го наполнат со тоа што сакаш ти. Така, доаѓаш на ова место, ти дозволуваат да влезеш, да дојдеш до продавачот, тој те гледа: „Што сакате?" – А ти одговараш со сонлив глас: „Сакам да спијам..."

Не сфаќаш што правиш овде, зошто си дошол, како си стигнал до „тезгата"... Јасно е дека оваа можност ти е дадена заради поминатите заслуги. Но што сега?...

Затоа, ако човек чувствува дека заспива – тоа зборува за отсуство на подготовка, будење, недостаток од работа на опкружувањето над него. Нему навистина му треба помош. Јас го разбирам. Нам ни недостига заедничко пробудување, за да во времето кога го читаме Зохар, сите да бидеме на готовс, да се трудиме, да бидеме под притисок.

Така беше на почетокот, кога почнувавме да го читаме Зохар. А потоа навиката го голтна вкусот. Треба да се обидеме да го вратиме.

Штимување кон Светлината

Прашање: Како да верувам дека Зохар работи врз мене и ме поправа ,иако јас не го чувствувам тоа?

Постои таканаречена „вера на мудреците", постои вера на другарите, постојат некакви предчувства, впечатоци кои човек понекогаш ги има. Освен тоа, немаш избор, затоа што нема никаква друга преокупација во светот со која би вредело да се занимаваш – сè пропаѓа, гние и во него нема никаква трајна вредност, дури ни краткотрајна, затоа што гледаме дека нашите напори, сите достигнувања во ништо не ни помагаат – сè изчезнува.

Колку што се подготвуваш за давање, толку сеопштата сила на природата, која се наоѓа во сеопшто давање, дејствува врз тебе како одговор. Сè зависи од тебе. Не можеш да го префрлиш овој товар на никој друг. Обидувај се!

Ништо не ти помага освен едно: преку групата да побараш поправање – кое ќе го добиеш. Ти како да се наоѓаш во некоја сфера, опкружена со светлина. И во целата таа сфера има само еден тесен премин, преку кој може да се види светлина. Можеш да го видиш само под услов директно да си насочен кон тој влез. А ако гледаш под агол, нема да го видиш. Обидувај се! Сè зависи од тебе!

Молитвата за заедништвото е молитва за себе

Прашање: Дали молитвата за заедништвото секогаш е барање да ги дополнам до совршенство?

Да. Но ти треба да ги дополниш само во своите очи. Заедништвото не бара недостатоци во ништо. Освен тебе, сè е поправено. Секој суди во степен на својата расипаност. Човек гледа на светот само низ призма на своите маани. Ако сега ти си поправен, ќе видиш дека целиот свет е поправен.

Затоа молитвата за заедништвото е молитва за твоето заедништво, кое се наоѓа во тебе, место на твојата Шхина – „Место" каде што го откриваш Создателот. Тоа е твоето заедништво. Затоа што никогаш не гледаш ништо надвор, ти го гледаш во својата желба скршениот сад, желбата. „Јас се молам за заедништвото!"

Освен тебе никому не му е потребна твојата молитва и твоите убави зборови кои излегуваат од твојата уста: „Јас работам за заедништвото!" Сето тоа е само видливост на работата. Ти дури и не знаеш колку си затворен во себе и дека само твојата внатрешна желба треба да ја поправиш.

Тоа се нарекува „заедништво", „свет" внатре во тебе, како што е кажано: „Човек – тоа е свет во мало"

Од утринската лекција - 10.05.2011     Следете на  Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica