Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Систем 07.04.2010

 

Потребна ни е подлабока врска, но главното е, што е особеното во врска со тоа? Должни сме да изградиме во себе врска со нешто што ќе не присили да размислуваме на друг начин. Како човек кој се нашол во посебна средина, тогаш почнува да му влијае да му го "пере" мозокот. Принудени сме да размислиме за тоа, бидејќи без него не можеме да се свртиме кон целиот свет.Без тоа едноставно е невозможно, бидејќи во спротивно ние дистрибуираме само знаење за науката Кабала.И што од тоа? И така веќе постојат луѓе кои читаат и се заинтересирани за оваа наука.И што?

Должни сме да создадеме опкружување, што ќе придонесе за доброто на секого. Ако не биде создадено такво опкружување, тогаш ништо не се случува. До сега ние сме добиле само податоци за таквото опкружување. Имаме книги, филмови, музика на многу јазици, имаме своја култура. Креиравме делови кои веќе овозможуваат да воспоставиме некоја атмосфера. Интернет општеството, нели така се вика опкружувањето?

Но, да изградиме врска, што дејствува врз секој.Сé уште не ни успева, за тоа јас зборувам. Внатре во самиот систем е потребно да изградиме такви врски меѓу луѓето, преку кои на секој ќе му биде дадено такво влијание, како тој да седи на собир со другари. Не сум убеден дека овие собири треба да бидат само весели; тие треба да бидат секаков вид врски. Извршувајќи нешто, системот ќе не присили тоа да го правиме намерно. Законите кои сакаме да ги изградиме таму ќе бидат такви, што ќе ги наведуваат луѓето да се однесуваат еден кон друг и кон целиот свет во алтруистички вид. Не велам дека тоа ќе биде едноставно, но затоа е потребно да се "влезе" со оваа мисла.

Должни сте да се потопите, да "потонете" во ова и дури тогаш да почнете да мислите како да го направите.Тоа е веќе сосема друго "поглавје", други пресметки. Тогаш одеднаш започнуваме да сфаќаме дека е токму така, со таков интегрален вид работи природата, токму така работат сите клетки во нашето тело. Никој ништо не може да направи, ако не ги земе предвид другите, бидејќи сите сме како еден организам. Ако некој не мисли за другите, тој моментално се претвора во канцерогена клетка.

Должни сме да изградиме здрав систем - 100% поврзан со сите и да го задолжува секој од учесниците да се однесува кон другите на ист начин.

Во согласност со мојот степен на развој на овој систем започна помалку да ми врши притисок и јас сум принуден да ја прифатам особината пренесување и уште малку и уште малку, и уште сосема малку.Како кога се наоѓа на собир на другарите и под нивно влијание ти почнуваш да личиш на нешто како човек. Не се шегувам - тоа е пример.За тоа што се случува со тебе, тоа е сериозно. Должни сме постојано да бидеме под таков притисок. Кабалистите зборуваат за тоа - едноставно над тебе мора да има палка, група која постојано притиска и ти ќе посакаш да бидеш под овој притисок.

Ти ќе посакаш да го вклучиш компјутерот и таму ќе биде не само "BB Today" или некакви празни приказни; таму ќе има постојано влијание, што секогаш ќе ти ја пренесе потребната, новата, форма. Секој еден момент ќе можеш да добиеш од овде нов "upgrade", обнова. Како? Не знам. Ајде да размислиме заедно. Должни сме да сфатиме дека без тоа нема надеж.

Целиот свет треба да почне да се чувствува како една група, во која секој зависи од другиот, во согласност со законот за меѓусебна зависност, инаку ние едноставно ќе умреме. Како што е речено: "или тоа ќе биде нашето погребно место". Денес целото човештво е во слична состојба. Ние не ќе ја постигнеме нашата цел, додека сите заедно не се обединиме како еден човек со едно срце.

Овој систем треба да одговори на барањето на секоја една акција. Таа треба се повеќе и повеќе да го придвижи човештвото кон градењето на „едно срце ". Сега тоа треба да е нашата единствена цел во секое дејство, дури и во најситното. Така треба да навлезете во свеста на новата програма. Користете ги сите материјали кои ги имаме, документи, програми; турнете ги внатре во неа како што го туркате своето животинско тело некаде. За што работат сите наши системи? Ова треба да е промената.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica