Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љубовта го украсува и расипува животот

Жена ми е моето огледало. На крајот на краиштата, никогаш не го гледам мојот партнер; во него гледам одраз на моите квалитети. На пример, не го сфаќам стандардот за убавина кој е прифатен во Кина. Гледам жена која има репутација на вистинска убавица и се прашувам: никогаш не би ја нарекол убава. За мој вкус, нејзиното лице е премногу кружно, очите премногу тесни, а косата премногу права. Сé тоа ми се чини непривлечно. Но еднаш прочитав статија од кинески новинар за меѓународниот натпревар во убавина „Мис Азија“ во која вели дека таа девојка не би победила во Кина бидејќи очите ѝ се премногу големи. Бев зачуден колку ни се различни перцепциите на убавина – сосема спротивни. Затоа не можеме да се разбереме еден со друг. Следи дека ја гледам девојката пред мене и врз неа ги проектирам сите мои идеи за убавина. И ако не се издигнам над нив, тоа ќе влијае врз целата наша врска. Нема да ја перцепирам каква што е, со сите нејзини вистински квалитети, туку ќе ја гледам како одраз на моите својства, мојот вкус.

Кога некој ќе погледне човек на непристрасен начин, невозможно е да се одреди дали воопшто тој или таа е убав или не. Прашај било која мајка, и ќе ти каже дека никој не изгледа поубаво на светото од нејзиното дете. Како што е кажано, „љубовта ќе ги покрие сите гревови.“ И спротивно на тоа, нашето его, омразата ќе ја изобличат сета убавина. Изгледот на човекот кој го мразам исто станува неподнослив. И иако објективен, подготвен сум да признаам дека според моите критериуми, тој или таа има убаво лице, јас го мразам од други причини. Само луѓето пројавуваат таков став. Животните не ја гледаат убавината; во другиот ја ценат моќта, способноста да се размножува, да носи здраво потомство, да ги одгледа додека не станат независни. Меѓутоа човекот е расипан со концептот на убавина. Тоа всушност не е убавина, туку демонстрација на моето его: посебни услови кои ги покажувам на спротивната страна, кои го надминуваат потребниот минимум кој се бара од физичкото тело. Ако се гледавме еден со друг рационално, природно, пред мене ќе гледав здрава, силна жена со која сум подготвен да се оженам. На крајот на краиштата, гледам дека добро ќе ја одржува куќата. Во минатото, луѓето бирале сопружник според овој едноставен егоистички принцип. Или во предвид ги земале социјалниот статус и богатството. Луѓето не обрнувале многу внимание на убавината, туку бирале партнер врз основана прости, прагматски причини: што е добро за живот. Дури родителите бирале и биле стројници за двојките, а не младите луѓе. Ова било обичај во повеќето култури. Или се обраќале за совет кај паметен и почитуван човек. Во нашето време наеднаш доаѓаме до такво извртување што особено нè обврзува да го извршиме поправањето. Денес во предвид го земаме само тоа дали се сакаме или не. Сите филмови зборуваат само за таква љубов. Не било така порано. Не разбираме како живееле луѓето пред сто или двеста години. Љубовта и заемната привлечност не биле важни. Сексуалната привлечност играла некаква улога, но е е тоа што денес го имаме како концепт за љубовта. Се разви многу неодамна и ни ги расипа животите...Затоа, ако правилно ја користиме и „сите гревови ги покриеме со љубов“, ако се справиме со нашиот импулс за љубов или омраза кон другиот на овој посебен начин, ќе успееме.

Од „Разговор за интегрално воспитување“  на Каб.Тв

Лекција за самиот себе

Прашање: Зошто вршиме дисеминација како да сакаме да го поправиме светот, ако треба да се поправиме само себеси?

Одговор: Гледаш други луѓе околу тебе кои очигледно имаат сопствена моќ и се странци за тебе. Но на овој начин ти се открива поделената перцепција, разликата меѓу тебе и поправената душа. Поправената душа чувствува дека нема надворешен свет и дека сé е во твоето срце. Сé додека не се чувствуваш вака, тоа е знак дека имаш маана во тебе. Треба да се грижиш за другите и да ги убедиш. Треба да им пристапиш до таа мера што тие ќе ти изгледаат надворешни. Се однесуваш кон нив како со странци кои треба да ги привлечеш кон поправање. И ако правилно го направиш тоа, тогаш внатрешно се тренираш. Наводно допирајќи до луѓето и поправајќи ги, ти навистина се поправаш внатрешно, и заради тоа тие се менуваат! Мислиш дека излегуваш во светот и им држиш предавање? Всушност, сам си го држиш предавањето. Мислиш дека се обидуваш да ги промениш? Ти си тој кој се убедува себеси да се промени! Не можеш да си пристапиш директно и да направиш поправка во себе. Немаш моќ. Гледајќи маани во другите, силата на егоизмот помага да ги поправиш. Мора да се поправиш на таков лажлив начин.

Од првиот дел на дневната кабала лекција, Записи на Баал ХаСулам, на Каб.Тв

Акумулатор на Вишата Светлина.

Прашање: во што е разликата меѓу постојаните обиди да се мисли на поврзување за време на читањето на книгата Зохар, и обидите да се мисли за него во текот на целиот ден?

Одговор: Цел ден ти зависиш од тоа во кој степен можеш да го продолжиш поврзувањето кое го создаде за време на учењето. Ако не си учел, тогаш не си се поврзал со Изворот. Да речеме, имаш електричен автомобил. Доаѓаш на пумпа, го вклучуваш во приклучокот за полнење, го полниш со енергија – и се возиш.

Дали си го наполнил својот “акумулатор” или не? Ако си дошол на час со правилна подготовка, со правилна перцепција, правилно си ги организирал сите услови, и твојот “акумулатор” правилно е приклучен кон Светлината, тогаш тој се полни. Со тоа ти можеш да излезеш после лекцијата и во текот на целиот ден да бидеш поврзан со Изворот и да престојуваш во правилна намера, постоејќи за сметка на истото тоа наполнување. Токму заради тоа што си се наполнил, сега знаеш што да правиш со сите пречки и проблеми. Всушност токму тоа и се бара од нас. Ако сé правиме правилно, тогаш одеднаш ќе сфатиме и ќе откриеме дека овој свет не настанал туку така, туку бил формиран од посебен систем, кој е продолжеток на духовниот систем, за да се наполнуваме со духовна енергија и потоа да се мешаме со светот, заработувајќи еден од друг, соочувајќи се со проблемите во семејството, на работа и т.н. Сите овие системи не се создадени туку така, зошто нема ништо случајно. Токму во нив ние го реализираме тоа што го добивме во својот “акумулатор”, и за сметка на тоа се искачуваме на следното скалило. Со тоа ние го “осветуваме” светот, го поправаме и со негова помош се искачуваме. Потоа повторно го полниме акумулаторот и го започнуваме следниот ден, и така ден по ден, како што е речено: “Нека биде секој ден како нов”.

Од дневната лекција на Каб.Тв

Групата не е средство, групата е – Создател

Прашање: Според какви обележја можам да определам дека Зохарот влијае врз мене?

Одговор: Обележјата се манифестираат во тоа што почнувам да чувствувам, во кој степен групата станува поважна за мене, колку грижата за благосостојбата на пријателите, за нивното постоење, за поврзувањето со нив станува за мене сé повеќе потребна, бидејќи средството за достигнување на целта станува исто толку важно колку што е самата цел, зошто токму внатре во тоа средство ние ја постигнуваме целта.

Со други зборови, нема цел која се открива внатре во средството, како што ние мислиме сега. Бидејќи Создателот (Боре) – значи “Дојди и Види” (Бо-ре). Правилниот редослед на поврзаноста на душите, кој ние го откриваме – тоа е ликот на Создателот. Односно групата не е средство за откривање на Создателот. Сама за себе групата станува Создател. Тоа се открива како “Toj и Името Негово се едно”, во спојување на едното со другото, каде што не се прави разлика помеѓу нив. И ние немаме никаква можност да правиме разлика помеѓу “јас” и “групата”. Тоа е такво единство, што се раствораш таму, тебе те нема. Правилниот, пак редослед на поврзаноста помеѓу нас, која нè поврзува во мрежа, образува шема на Вишите светови и претвора сé во Малхут на Бесконечноста. Согласно со тоа ние се искачуваме по скалилата на откривањето на Светлианта, силата на давање, која се прелива внатре во системот како вечен тек на животната сила и енергијата. И невозможно е да се разликува едно од другото, бидејќи сите феномени на Светлината – се истите садови/желби, кои внатре работат во таков облик. Нема Светлина која се открива како нешто туѓо внатре во системот. Спротивно на тоа, сам за себе системот почнува да свети, како што е речено”И мракот ќе блесне  како светлина”. Тоа се нарекува Светлина. Ништо не доаѓа однадвор. Правилната работа на садовите свети. Не постои Светлина надвор од садот.

Од дневната лекција на Каб.Тв

Секој го има крајот од конецот

Од Создателот ние добиваме само осознавање на злото – бидејќи Тој ја создал само желбата за примање. Додека Светлината, т.е. средствата кои ќе помогнат да се поправи ситуацијата ние треба да ги бараме од околината. Смислата е во следното: активната работа од страна на Создателот е во тоа, спознавајќи го злото да замолиме за поправка. Токму така ние работиме. Ништо не ми треба од Создателот – само нека ми открие дека се наоѓам во злото. Но само во вистинско, “квалитетно” зло – јас морам да сфатам дека сум лишен од давањето и да почувствувам дека поради тоа ми е лошо. Сето останато ќе тргне само од себе: се разбира ќе отрчам по помош, ќе викам, молам и барам сé додека не Го принудам Него да ме поправи. Значи, задачата на Создателот е да ми го открие злото, а мојата задача е да барам од Него за да го претвори злото во добро.

Прашање: Како да ја зголемам моќта на мојата молба кон Создателот?

Одговор: Разумот тука е бескорисен. Затоа јас морам да ја трансформирам ситуацијата во чувство: мене ми е лошо затоа што престојувам во егоистичка желба. Например, чувствувам срам пред луѓето од околината кои ме гледаат со нескриен презир. Јас не можам да не се замислам: “Што да правам понатаму? И утре ќе треба да се сретнам со нив”. Така кога ми е лошо јас барам излез. Кога би ми било добро и не би чувствувал срам пред никој, јас не би можел да почнам со поправката.

Егоизмот е сосема задоволен и нечии разговори не допираат до него, зборовите сами од себе се немоќни – јас морам да ги преведам на тоа внатрешно ниво каде што тие ќе предизвикаат одек, за да ми стане навистина лошо поради тоа како кон мене се однесуваат. Влијанието на опкружувањето треба да превладува над мојата сопствена сила на самоубедување. Кратко речено, јас морам да осетам срам. Тој ќе ме доведе до скратување, до молба, до сé што ќе следува понатаму.

Прашање: Како да се засили тој срам?

Одговор: Со помош на силата на мислата,

Прашање: Како да се засили мислата?

Одговор: Со постојаност, упорност во нејзината примена.

Прашање: Како да се зголеми упорноста?

Одговор: Замоли ги пријателите да ти помогнат да се потсетуваш на тоа и да придаваат чувство на важност.

Прашање: Што ако заборавам да ги замолам?

Одговор: Однапред напиши мејл за да те поддржуваат.

Прашање: А ако заборавам дека треба да напишам мејл.

Одговор: Не се случува на човекот да не му се даде шанса, да не му подадат крајче од конецот. Тој секогаш од нешто може и мора да го започне својот пат.

Од дневната лекција на Каб.ТВ

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica