Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ако не сакаат-нема проблем

13.10.2010
Зборувавме за статијата "Науката Кабала и нејзината суштина" и јас очекував да добијам само објаснување за тоа што е Кабала и за што е корисна таа.

Така ти вели и тој: "Мудроста Кабала се занимава со откривањето на Неговата божественост",откривањето на Создателот.

Тоа е јасно. Тоа е многу посебна тема, ограничена во одредена група ...

Имам илјадници различни работи во својот живот и освен нив имам половина час на ден за тоа хоби - да се занимавам со откривањето на Неговата божественост.

Има такви кои сакаат да се како Мојсеј и зборуваат јазик кој јас не разбирам. Тука сум јас со мојот живот и луѓето кои се вдлабочиле со својот разум.

Тие се таму, да. За еден музичар тоа е неговиот живот. За него нема ништо друго освен тоа. 20 часа на ден да свири.Го гледам и си велам "Сирот човек и сироти инструменти на кои свири. Цел ден крева бука ... фала Богу што не ми е сосед. "Тоа е. Што сакаш? Не разбирам. Затоа велиме дека нема насилство во духовното. Зборуваме само за оние луѓе на кои им е грижа, а не зборуваме за другите.

Музичарот не доаѓа кај мене да ми каже "Мојата музика е наменета да го доведе секој човек на светот во добро". Мудроста Кабала ми вели дека е за секој човек!

Но, тоа не те обврзува да направиш така. Таа ти вели: "Јас сум скриената мудрост, скриена од човештвото и се откривам пред него до степенот до кој човештвото се развива и се разбира станува способно да ме прифати и преку тоа да се постигне добро. И ако тие не сакаат - нема проблем. "

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica